Инспириран од најновите трендови и истражувања во психологијата на боите,глобалниот произведувач на модуларни подни облоги- Interface, лансираше две нови линии Contemplation и Multichrome

Дискутирајќи за влијанието и истражувањето врз основа на кои се создадени новите колекции, Mandy Leeming- менаџер за дизајн и развој, објаснува: “Работните места какви што ние ги познаваме се менуваат и суштински стануваат продолжение на нашите домови. Во денешницата навистина постои потреба од работно окружување, кое е фокусирано на психичката, когнитивната и емоционалната благосостојба на вработените, а боите се важен сегмент од тоа.“

Иако Contemplation и Multichrome се визуелно две многу различни колекции, двете се развиени имајќи ја во предвид интеракција помеѓу благосостојбата и окружувањето, одразувајќи ги на бојата најновите трендови.

Користејќи го концептот Hygge (настанат во Данска Hygge е концепт на создавање комфорни и друштвени средини кои ја промовираат општата благосостојба) како водечка идеја, Contemplation е водена од безвременската едноставност на Скандинавките домашни ентериери, нудејќи пригушена палета на бои, за да создаде топла домашна атмосфера промислена, но со разноврсни бои.

Геометрискиот дизајн на Contemplation ја надопллнува најпродаваната Interface колекција Composure, која што беше прва лансирана во 2014 и понуди серија на неутрални комбинации на бои за употреба во комерцијални простори.Инспириран од елеганцијата на суптилните пастелни тонови на боите, Contemplation е одличен позадински под на чиј дизајн има влијание вкрстеното везење.

Од друга страна Multichrome, е дизајниран со смели бои, со кои се задоволува потребата за определување зони во работниот простор.

Користењето на различни бои за да се дефинираат конкретни места или “зони” е од клучно значење за визуелна и ментална стимулација на работниците “, објаснува Mandy. “Не само што ја поттикнуваат тимската креација и соработка, тие исто така им даваат на вработените можност да се движат низ просторот и да го изберат своето идеално место за различни типови на работа.”

Додавајќи нов возбудлив изглед на портфолиото на Interface, храбрата, футуристичка текстура, сложената структура на ткаенината и мешавина на неутралните и светлите бои на Multichrome, создаваат неочекуван изглед на 80-тите и го прават совршен за уредување на просториите за состаноци и неформалните средини во канцелариите.
Колекцијата е инспирирана од трендот „дигитален бран“, кој е популарен меѓу помладите луѓе и упатува на ретро футуристичката технологија преку храбри, силни геометриски шеми.

Достапен во 12, односно 16 различни бои, Contemplation и Multichrome нудат различни количини на контраст и естетски префинети опции за дизајн.

Двете колекции се достапни во квадрати со димензии 50 x 50cm.

Одреден број на други Interface колекции се освежени за да се засили приказната на Interface за боите.

Straightforward II е продолжение на Straightforward линијата која е освежена со 10 бои вклучувајќи и јаки трендовски нијанси. Како прв производ кој ги помести границите кон еколошкиот дизајн на подни облоги, нудејќи микро реси со инсталација по случаен избор, Straightforward сега воведува нова ткаенина добиена од биолошки извор.

On Line е специјално дизајнирана да работи тандемски со Off line колекцијата, како пристапна или преодна подна облога, освежена со нови бои, што ја прави лесна за комбинирање со широкиот спектар на производи од Interface.

Polichrome Solid and Stipple колекциите, нудат 24 јаки, неутрални и пастелни варијации, кои се совршено координирани и ви даваат изглед на широко везен тепих, а се користат за дизајн „плоча по плоча“.

Дизајнерскиот тим на Interface ја зголеми можноста за комбинирање на текстилните подни облоги и разви палета на бои која нуди бесконечни можности на координирање на нови и обновување на постоечките колекции.