Вработените точно знаат што не сакаат на работа – а тоа се празни, еднолични простории во кои идеите умираат.

Всушност, неодамнешното истражување кое го спроведе Steelcase, на вработени во канцеларија ширум светот, покажа дека иако 77% од луѓето имаат сопствено, одредено работно место, голем процент – односно 87% – поминуваат два до четири часа дневно работејќи на некое друго место. Во овој текст ќе ги дознаеме одговорите на следните прашања: Зашто вработените се поместуваат од нивните бироа? Каков вид на простор бараат? Дали е доволно да се додадат неколку модерни детали во просторот за да им обезбедиме на вработените работно место какво што сакаат?

Се покажа дека монотонијата е голем поттикнувач на промени – нешто повеќе од половина испитаници (51%) изјавиле дека имаат потреба да побегнат од работата на едно исто место, без разлика дали се сами или со некој друг. Исто така, би сакале да имаат поблиски односи со колегите, а 43% од испитаниците веруваат дека неформалните простории може да придонесат за градење на доверба.

СОНОВИ И РЕАЛНОСТ

Во денешно време, вработените даваат прилично лоша оценка за помошните простории кои нивните компании им ги ставаат на располагање. Одлучивме подлабоко да анализираме и дознавме која е позадината за така лошите оценки:

ВОЗРАСТА КАКО ЕДЕН ОД ФАКТОРИТЕ

Младите и повозрасните генерации се сложуваат околу една работа – сите сакаат неформални простории и ги користат на дневна основа. Но треба да се напомене дека ги користат од разлини причини. Младите генерации ќе одберат ресторан или кафуле за проекти на кои мора добро да се фокусираат, а повозрасните генерации таквите места ќе ги користат за соработка или социјализација.

На припадниците од маладaта генерација денвните простории им служат како приватни простории, а на повозрасните како простории за социјализација. Исто така, малдите вработени ќе користат широк спектар на неформални простории и ќе го прилагодуваат мебелот спрема своите потреби, додека повозрасните почесто ќе бираат омилени места и само нив ќе ги користат. Што се однесува до мебелот, повозрасните вработени најчесто нема воопшто да го поместат.

Што сакаат вработените?

ШТО ПОВЕЌЕ, ТОА ПОДОБРО

Ова не би требало да не изненади: фирмите кои нудат повеќе лежерни, инспиративни простории, се доживуваат како значајно понапредни од оние кои тоа не го прават.

ХИЕРАРХИЈА ЗА КАНЦЕЛАРИСКИ ПОТРЕБИ

Исто како што имаме основни потреби во животот, како храна, вода и сигурност, така имаме и различни потреби кога сме на работа. Ако од вработените очекуваат напредок, организациите мора да им овозможат пристап до технологија, голем избор на простории наменети за различни видови на работа и дозвола за користење на тие простории.

Според истражувањето, поголемиот број на организации им овозможуваат на вработените само технологија и дозвола за работа во неформални простории. Но она што недостасува е низа на простории кои овозможуваат физичка, ментална и емоционална благосостојба на вработените и во кои тие сакаат да работат.

Извор: https://www.steelcase.com/research/articles/topics/trends-360/what-workers-want/

For a better day @ work!
Пријавете се на
Delightful News
и
дознајте ги најновите канцелариски
трендови и решенија

Билтен зачленување