Извор: Steelcase.com

Термините „хибрид“, „агилен“ и „флексибилен“ се меѓу најчесто користените термини во нашата индустрија, но често се користат во погрешен контекст. Што всушност значат?

Ги прашавме нашите експерти Ирена, Борјан и Бернарда од тимот за архитектура и дизајн што значат за нив овие термини.

 

Флексибилно работење

Флексибилната работа се опишува како начин на работа што ги задоволува потребите на вработените, на пример; флексибилен почеток и крај на работа од дома. Но, што мислат нашите експерти?

Ирена

Традиционално, флексибилното работење им дава можност на некои вработени да работат пофлексибилно во однос на работното време или местото за работа. Станува збор повеќе за договор со вработените за работа со флексибилно работно време или понекогаш со скратено работно време.

Борјан

Флексибилната работа се однесува на тоа кога се работи. Од почетокот на пандемијата, сè повеќе луѓе се прашуваат: „Кога е времето кога работам најпродуктивно?“ На овој начин, вработените можат да ја прилагодат својата работа на нивниот начин на живот, а не обратно. Некои организации сега им даваат целосна слобода на вработените, дозволувајќи им да изберат свој модел на работа – што не мора да значи да се работи помеѓу 09:00 и 17:00 часот.

Флексибилната работа треба да ви даде избор да одлучите кога, каде и како ќе работите.

Извор: Steelcase.com

Бернарда

Флексибилната работа повеќе се однесува на политиките и протоколите на Одделот за човечки ресурси поврзани со договорите. Така, флексибилното работење всушност изгледа како типичен работен ден од 9 до 17 часот, но ви овозможува да го организирате вашето работно време надвор од таа временска рамка. Многу вработени можат да го изберат своето работно време, што им овозможува да ги балансираат деловните и домашните обврски.

Агилна работа

Агилен претставува способноста за брзо и лесно движење, а агилната работа на тој начин се опишува како едноставно проширување на тоа. Овозможува различни работни поставки кои вработените можат слободно да ги изберат во зависност од тоа кое работно место е најсоодветна за работната задача и целта што треба да ја постигнат. Во продолжение нашите експерти разговараат на оваа тема:

Ирена

Пред неколку години, луѓето гледаа на агилната работа како развој на флексибилен начин на работа. Тоа ви даде поголема автономија во однос на тоа каде и како работите – а не само дефинирана со договорот. Агилното работење ја формализираше врската помеѓу домот и канцеларијата на поинаков начин, и затоа почнавме да ја користиме технологијата за да постигнеме нови нивоа на ефикасност. Така, можете да започнете да работите во сооднос 8:10 (10 луѓе користат 8 работни станици).

Борјан

Кога станува збор за дизајнот, агилната работа се однесува на #што со”. На пример, агилниот мебел може да се користи за поддршка на хибридна работа. Доколку вработените главно ја користат канцеларијата за состаноци и соработка, тогаш ќе создадеме повеќе простор за поддршка на овие активности.

Гледаме многу производители како дизајнираат лесен мебел на тркалца за да создадат повеќенаменски простори. Може да биде за телевизор, табли за пишување па дури и подвижни партиции. Тоа значи дека немаме неискористени простори со табли за пишување, туку вработените можат да креираат свои простори за состаноци со реорганизирање на потребниот мебел и алатки. Можеме да имплементираме технологија која ќе го поддржи овој начин на работа.

Сепак, канцелариите со отворен план како овие може да предизвикаат нови проблеми како што се пречки од бучава. Тогаш можеме да користиме акустични решенија на таваните или акустични прегради за да ги направиме просториите звучно изолирани. Сè се сведува на дизајнот на просториите кои имаат флексибилна намена.

Извор: Steelcase.com

Бернарда

Првично, агилната работа ги опишува луѓето кои работат на мобилен начин и внатре и надвор од канцеларијата. Терминот стана негативно поврзан со „hot desking“ кое многумина го разбраа како игра – борба за канцелариска столица.

Сега го користиме зборот „агилност“ за да ја опишеме организациската и индивидуалната агилност. Мислам дека тоа е посоодветен начин за користење, бидејкќи тоа не е само одреден тип на канцеларија или одреден тип на програма за трансформација на работното место.

Индивидуалната агилност е поврзана со вашата работна позиција. Тоа е начин да се опише колку сте мобилни од индивидуална перспектива и може да се дефинира според тоа како сакате да работите или каква работа работите. Како консултант за дизајн на работниот простор, мојата надворешна агилност е доста висока бидејќи одам да работам на различни места со клиенти или во други простории. На пример, кога доаѓам во канцеларија, мојата внатрешна агилност е релативно ниска бидејќи обично останувам зад компјутерот и сум прилично фокусиран на она што треба да го правам.

Организациската агилност е на истиот принцип, но на макро ниво. Сè се сведува на тоа колку брзи и успешни можете да бидете како компанија во целина. Ова може да вклучи колку е лесно да се реконфигурира просторот за успешно да се смести тим од 20 луѓе. Може да биде и колку брзо сте подготвени да одговорите на промените на пазарот. Сè се сведува на тоа да може да ги прилагодите поставките и процесите за да одговорите на предизвиците што поттикнуваат промени.

 

Хибридна работа

Хибридната работа е вид на флексибилна работа во која работникот го дели своето работно време помеѓу работа на работното место и работа на далечина. Но, дали е толку едноставно?

Ирена

Сметам дека повеќето луѓе ја гледаат хибридната работа како можност да изберат помеѓу работа од дома и во канцеларија, принудени од ситуацијата со Ковид. Од таа причина, хибрид за повеќето луѓе доби модерно значење, за избор на локација.

Канцеларијата повеќе не е местото каде што одите од понеделник до петок и седите на иста маса од 9 до 17 часот. Хибридната работа им дава на луѓето автономија околу изборот на место и време на работа. Кога доаѓате во канцеларија, имате висококвалитетна и ефикасна средина која ја поддржува и работата и вашата благосостојба.

Пред една година, луѓето би кажале дека хибридната работа ви овозможува работа што бара фокусирање да ја извршувате дома, додека соработката е во канцеларија. Вистината е дека никој нема да соработува по седум часа дневно. Ќе мора да одите да испиете кафе или да работите некоја работа во поприватно опкружување. Кога дизајнираме канцеларија, треба да размислиме за сложеноста на интеракцијата, местата и работните активности.

Извор: Steelcase.com

Борјан

За мене, хибридната работа се врти околу тоа како и каде работиме. Ова им дава можност на луѓето да работат од различни локации, вклучувајќи канцеларија, дом, кафуле или кој било друг простор што им одговара.

Ова влијае на начинот на кој ги дизајнираме канцелариите. Ако во одреден момент има помалку луѓе во канцеларијата, може да го намалиме бројот на работни станици и да создадеме, на пример, повеќе зони за соработка. Ние дизајнираме канцеларии кои ќе бидат место каде одите кога сакате да извршувате одредени задачи, а не место каде што треба да бидете секој ден.

Бернарда

Од моја перспектива, хибридот опишува постоење помеѓу едно и друго нешто. Во контекст на овој момент, можете да работите со полно работно време дома, во канцеларија или во хибрид – во двете.

Слушнав дека луѓето ја опишуваат канцеларијата како хибридна канцеларија, но не сум целосно убедена дека канцеларијата е хибридна. Самата природа на канцеларијата е статична. Во секој случај, канцеларијата може да биде прилагодлива и променлива за да ги задоволи потребите на флексибилната иднина и да поддржува методи на хибридна работа. Мораме внимателно да ги користиме овие термини за луѓето да не се збунат.

Работа заснована на активност

Мислевме дека ќе вметнеме уште еден добар пример. WeWork ја опишува работата заснована на активности кои на вработените им овозможуваат избор помеѓу различни работни поставки, кои одговараат на видот на задачите што ги извршуваат, во комбинација со стекнатото искуство на работното место. Сето тоа ги поттикнува на користење на тие простории во текот на работниот ден. Ги замоливме нашите експерти подетално да коментираат на оваа тема:

Ирена

Работењето засновано на активности (activity-based working – ABW) оди рака под рака со агилната работа. Таа вклучува елементи во канцеларијата и начинот на кој тие ги поддржуваат луѓето во извршувањете на активностите на високо ниво. Затоа, наместо да имате само една работна станица содржана од работна маса и столица, можете да креирате неколку поставки за поддршка при извршувањето на одредени задачи.

Извор: Steelcase.com

Затоа, ABW е скратена верзија на агилна работа која се потпира на одредени елементи на агилната методологија (во суштина принципот на движење во просторот за да се изврши работата) – на пример, работилници, дружење и работни методи кои се проектно ориентирани.

Борјан

Работата заснована на активност го разгледува создавањето поставки кои се дизајнирани да ја поддржат задачата што ја извршуваме. Значи, можеби ќе ви требаат простори за фокусирање и индивидуална работа, или заоблени маси за соработка и размена на информации.

Бернардa

Со агилна методологија (движење во просторот заради извршување на работа), работата се заснова на активности. Така, додека се движите, се префрлате на алтернативни поставки кои најдобро одговараат на активностите што ги извршувате. Тоа може да биде простор за концентрација ако треба да читате или тимски простор за соработка. Всушност, тоа е филтер за избор на најдобра локација која одговара на задачата што ја работите.

Прашајте ги нашите експерти

Нашите експерти можат да ви помогнат полесно да го разберете работното место. Контактирајте го нашиот тим денес.

For a better day @ work!
Пријавете се на
Delightful News
и
дознајте ги најновите канцелариски
трендови и решенија

Билтен зачленување