Oliver Heath
Едни од најважните простори кои можат да се искористат за добар дизајн се просторите за образование. Кога децата од најрани години доживуваат позитивно искуство во училиште, тоа може да ги инспирира и да ја стимулира нивната страст за учење. Од моментот кога децата ќе се ангажираат и уклучат, може да ги поттикнеме за понатамошно образование и таа страст и знаење може да ја носат во себе понатаму низ животот – така што нема само да им користи ним и на образовните институции, туку и пошироко во економијата и општеството.
Со буџетите кои доста често се со ограничени можности, прашање е како можеме најдобро да влијаеме на изгледот на просторот и на тоа како секој поединец би се чувствувал во него? Кога би го разгледале влијанието, боите на ѕидовите и подовите, тие често можат да имаат голем удел за вложените средства.
И така доаѓаме до прашањето кои точно бои можат да ја поттикнат креативноста, фокусот и концентрацијата кај детето? Секако културата и општеството ќе влијаат на тоа, но кога се бараат бои кои имаат универзална привлечност, тогаш тоа се оние бои кои се истакнуваат и кои ги има во природата околу нас. Тие истите можат да се искористат во позитивни искуства кои сите меѓусебно ги делиме, а тоа најдобро е објаснето преку теоријата на еколошка валентност која претпоставува дека боите кои поединецот ги преферира владеат со секојдневните одлуки, вкучувајќи ги и секојдневното купување, прехрана и уредување на просторот.
Веќе е познато дека зелената е боја е најдобра за зеницата на очите, како и за долгорочна концентрација. Едно истражување покажало факти дека студентите кои гледале во поглед со зелен кров после напорна задача, во однос на оние кои гледале во бетонски кров, направиле помалку грешки и нивната целокупна концентрација била подобра. i Истражувањето покажало дека зелената боја го подобрува и читањето. ii
Извор: Подни облоги од колекцијата на Interface – Iridescence i Brushed lines, Interface.com
Во друго истражување на тема когнитивни перформанси, сината боја се покажала како боја која ја подобрува креативноста и способноста при размислување надвор од вообичаеното. iii Се верува дека асоцијацијата, односно поврзаноста со водата и небото субјектите ги прави поотворени и посмирени и со можност да бидат покреативни и повеќе настроени кон истражување. Сината боја често се поврзува со подобра продуктивност. Затоа во простори за учење корисно е да се употребува сина боја, особено каде што се учат комплексни предмети или каде учениците и студентите често доживуваат стресни ситуации при учењето.
Меѓутоа, за да се избегне ситуација каде шемата на боите станува монохромаста, треба да се осврнеме на потолни нијанси. Комбинацијата на сина и зелена боја со жолти, портокалови и црвени тонови може да придонесе во креирањето на поживописна и порадосна атмосфера.
Во поглед на учењето:
Како и сите други работи во животот, појаките бои треба да се користат умерено, особено кога се работи за млади ученици кои веќе се склони кон поголемо возбудување и стимулација. Додавање сегменти од разни бои на подовите, ѕидовите, сликите, мебелот и декорациите, со што би се подобрило вниманието и расположението е секогаш подобра опција отколку боење цели ѕидови во црвено, што може да предизвика чувство на вознемиреност.
За подобрување на здравјето и благосостојбата на студентите и учениците, треба да се земе предвид влијанието на нијансите кои се наоѓаат на уметничките дела, материјалите и други предмети при опремување на просторот. Склони сме кон набљудување на природни примероци кои исто така се препознатливи како биофилни фрактали (биофилен концепт дизајн за кој порано веќе пишувавме) и развивме „фрактална флуентност„ за нив. Утврдено е дека тие го намалуваат стресот на 60%, viii исто така имаат регенерирачки, обновувачки и опуштен ефект. ix Примери за ова има во училиштето ’Hackney Garden’ каде на ѕидовите се ставени тапети со шумски пејсажи со смирувачки зелени тонови и нијанси. Прикажување на разнобојни слики или уметнички дела со природни елементи може да биде навистина возбудлив начин за вклучување на боите во едукативниот простор.
Извор: Училиште Hackney Gardens, Interface.com
Се на се, боите можат да бидат финансиски поефикасен и прилично влијателен начин за креирање на атмосфера во училиштата кои ја подигнуваат и стимулираат енергијата. Боите можат да бидат чисти и разиграни, без потреба да бидат помешани со црни и сиви тонови за ублажување, кои често можете да ги видите во софистицираните угостителски објекти, станбени простори и канцеларии. Поладните бои се добри за смиреност, фокус и концентрација, додека топлите тонови им помагаат на студентите да бидат среќни, спремни и внимателни, и така во просторот додаваат младешки дух. Уште подобра опција е да сите овие бои се додадат и во уметнички дела кои прикажуваат нијанси инспирирани од природата и со тоа додатно ја поттикнуваат благосостојбата и здравјето. Време е да ја отвориме палетата бои!
Погледнете го видеото подолу и дознајте повеќе за проектот на училиштето ’Hackney Garden’
Референци
i http://www.smh.com.au/technology/sci-tech/seeing-green-boosts-your-concentration-research-shows-20150525-gh8udh.html
ii https://www.shiftelearning.com/blog/color-psychology-elearning-part2
iii https://www.sciencedaily.com/releases/2009/02/090205142143.htm
iv https://www.sciencedaily.com/releases/2009/02/090205142143.htm
v https://www.shiftelearning.com/blog/how-do-colors-influence-learning
vi https://www.shiftelearning.com/blog/how-do-colors-influence-learning
vii https://www.kaplanco.com/ii/using-color-to-enhance-learning
viii Taylor, R. (2006). Reduction of physiological stress using fractal art and architecture. Leonardo, 39(3), 245–251. http://doi.org/10.1162/leon.2006.39.3.245.
ix Hagerhall, C., Laike, T., Taylor, R., Küller, M., Küller, R., & Martin, T. (2008). Investigations of human EEG response to viewing fractal patterns. Perception, 37(10), 1488–1494. http://doi.org/10.1068/p5918
Извор: Interface.com