Повеќе од 100 години, целта на Steelcase е да овозможи најдобри производи и услуги, како и насоки за одржување на инвестициите на нашите купувачи. За таа цел, нашиот партнер создаде сопствени, интерни испитни лаборатории, во кои што понудените производи поминуваат низ строги проверки кои овозможуваат најсилна гаранција во индустријата.
Холистичкиот пристап на одржување на производите ни дава единствена предност во исполнување на барањата на купувачите во време на глобална пандемија. Купувачите бараат упатства за најдобар начин на одржување на нашите производи. Овие информации се најдобар обид за одговор на вашите прашања, кои се темелат на тековните истражувања на Steelcase.
ЧИСТЕЊЕ vs. СТЕРИЛИЗАЦИЈА vs. ДЕЗИНФЕКЦИЈА
Чистење
Ги отстранува бактериите и нечистотиите од површините или предметите. Може да се чисти со сапун (или детергент) и вода за физички да се отстранат бактериите од површините. Оваа постапка не ги уништува сите бактерии, но се намалува нивниот број и ризикот од инфекции.
Стерилизација
Според стандардите и барањата на јавното здравство, стерилизацијата го намалува бројот на бактерии на површините или предметите на безбедно ниво. Оваа постапка се однесува на чистење или дезинфекција на површините или предметите, со што би се намалил ризикот од ширење на инфекции.
Дезинфекција
Се однесува на користење хемикалии за отстранување на бактери од површините. Оваа постапка не подразбира неопходно чистење на валканите површини и отстранување на бактериите, но ризикот од ширење на инфекции може дополнително да се намали со првичното чистење, а потоа да се отстранат бактериите од површините.
Упатството за чистење и одржување на материјали ги покрива примарните начини на чистење на производите на Steelcase, додека дополнителните информации за различните видови дезинфекции ќе ги објавиме наскоро – по завршувањето на тестирањата за компатибилноста на Steelcase производите и средствата за чистење и дезинфекција.
Често поставувани прашања
Постојат ли други производи за чистење, освен оние кои ги предложувате, кои се погодни за користење?
Препорачуваме производи за чистење на база на етанол. На пазарот постојат многу опции. Другите средства за чистење може да бидат добри, но засега немаме податоци за нивното влијание на површините.
Дали е во ред да се користи избелувач?
Избелувач може да се користи само на полиуретанските ткаенини, во вид на спреј, во размер 10:1 вода/избелувач. Не е препорачливо да се користи избелувач на ткаенини од полиестер и волна.
Упатство за чистење:
Треба да има доволно спреј да ја прекрие целата површина на ткаенината, но не и да навлезе во внатрешниот слој, затоа што во овој момент немаме податоци за реакцијата на внатрешниот материјал на пената, лепакот и останатите материјали кои ги сочинуваат производите како што се седиштата, само неговото влијание врз материјалите. Секако, средството за чистење распрскајте го рамномерно, за да го намалите влијанието на средството врз бојата на материјалот.
Steelcase е во можност да овозможи насоки само за производите кои ги произведува. Прашањата за производите произведени од страна на нашите партнериски брендови побарајте ги на web страните на тие произведувачи.
Дали чистење и дезинфекција е иста постапка?
Не, чистење, дезинфекција и стерилизирање немаат исто значење!