Што се ви е потребно на канцелариската столица – без разлика дали работите во канцеларија или од дома.

Извор: Steelcase.com

После неколку месеци работа од дома, веројатно почнавте да разбирате дека седењето на столица, фотеља или кревет во дневната повеќе не функционира. Разбираме – знаеме дека добрата столица прави разлика. Истражувањата покажаа дека луѓето подолго седат кога работат од дома. Ги проучувавме нaуката и ефектите од долгото седење и заклучивме дека ергономскиот стол ви обезбедува удобност и продуктивност – каде и да работите. Всушност, луѓето кои долго време седеле на ергономски стол, ја зголемиле својата продуктивност за 17,8% (истражување за продуктивноста и влијанието на работната столица за Steelcase Leap).

Што да побарате?

Како да знаете дали имате добра канцелариска столица? Нема да чувствувате ниту да размислувате за непријатност додека седите и нема да имате чувство на шкрипење, слабост или вкочанетост додека стоите. Столицата треба да ви биде удобна и да останете фокусирани на работата, а не да размислувате за столицата. Трпезариската столица, на која се потпирате во последно време, е наменета само за краткотрајно седење – не за целодневно. Така што, кога купувате столица дизајнирана да ја поддржи вистинската работа, побарајте ги овие клучни карактеристики:

1.ЛЕСНО ПРИЛАГОДЛИВА НА ВАШЕТО ДВИЖЕЊЕ

Канцелариската столица со “високи перформанси” би требало да биде прилагодлива на вашиот единствен облик на телото, величината или тежината, со едноставни и интуитивни поставки кои ќе ви овозможат да ја прилагодите на себе и на начинот на својата работа. Вистинската ергономска канцелариска столица ќе се движи заедно со вас – помагајќи ви да го промените држењето на телото без да ја жртвувате поддршката. Додека седите, седиштето и наслонот од столот треба да се движат како што се движите и вие – така што колковите и другите мускули на предниот дел од телото да останат силни и флексибилни.

Извор: Steelcase.com

Лесно е да се усвојат нездрави навики, како што се лежење и одмор премногу долго. Нашиот ’рбет природно има облик во форма на буквата S. Но, кога седиме, колковите имаат тенденција да се вратат наназад и да го стават ‘рбетот во неприродна форма на буквата С. Осигурајте се дека задниот дел од столот одговара на природната контура на грбот и го зајакнува ‘рбетот додека седите, со цел да одржувате здраво држење на телото. Доброто старо “седење исправено” полесно е да се постигне со добра канцелариска столица.

Ѕ – облик и С – облик на ‘рбетот, извор: Steelcase.com

За навистина да го оптимизирате држењето на телото, размислете да додадете потпирач за глава на вашиот канцелариски стол, за дополнителна поддршна на главата и вратот. Потпирачот за глава ќе ја задржи главата во центарот на вашиот  ‘рбет и рамења, наместо да се потпирате напред додека работите на вашите дигитални уреди. Добрата столица ќе ве држи “во џеб” и ќе бидете поврзани со вашата работа преку лесен пристап до екраните и уредите.

Приказ на положбата на телото без и со главонаслон, извор: Steelcase.com

2. УДОБНОСТ, КОГА И КАДЕ ВИ Е ПОТРЕБНА

Дали некогаш сте почувствувале, после долго седење, лоша циркулација во страничниот дел од нозете? Добрата ергономска столица во седиштето треба да содржи јака, но флексибилна пена со прилагодливо засилување (воздушни џебови под пената) за да одговара на вашето тело и да создаде удобност, без притисок за вашите коски и долниот дел од телото. Кога одлучувате која канцелариска столица најдобро ќе ве поддржи, размислете за начинот на кој работите. Дали ви треба стол за да ве поддржува додека седите подолго време или вашиот стол треба да е колаборативен и да седите само повремено? Сакате ли да имате целосна контрола врз седењето или сакате само да седнете и да оставите вашата столица да ја заврши работата место вас? Побарајте столица која ви овозможува удобност и контрола врз основа на вашите лични преференции.

Столица за сите

Канцелариските столици на Steelcase со високи перформанси се дизајнирани за удобност и квалитет. Колекцијата на Steelcase за канцелариски столици со високи перформанси нуди широка палета на столици со различни цени, а истовремено овозможуваат удобност и фокусирност при било кој избор.

Истражете на Најпродаваните ергономски столици на Steelcase.

Најпродаваните ергономски столици на Steelcase, извор: Steelcase.com

Извор: Steelcase.com

For a better day @ work!
Пријавете се на
Delightful News
и
дознајте ги најновите канцелариски
трендови и решенија

Билтен зачленување