Во денешното “брзо“ опкружување, со постојано менување на технологијата, добро дизајнираното работното место треба да се менува во согласност со задачите, без напор. Развојот на подрачјата кои може лесно да се прилагодуваат и да одговараат на променливите барања е суштински елемент на дизајнот во 2017 година. Паметните избори во канцелариски мебел и дизајнот, со флексибилност во размислувањето, ќе ви овозможи вашето работно место ефикасно да “премине“ во иднината.
Дизајнирање на флексибилен распоред бара мебел, кој ќе се прилагоди на новите и променливи барања. Модуларни и меки седишта, модуларните бироа, сали за состаноци и акустични елементи – се примери на паметниот канцелариски мебел за поддршка на добро дизајнирано, високо функционионално и адаптибилно работно место.
Напојувањ ето е уште еден важен сегмент при обезбедување на трајност во вашата канцеларија.Наједноставен метод на инсталација на електрична енергија се меките жици кои заштедуваат време, ја зголемуваат безбедноста и овозможуваат менување на електричната инсталација. На тој начин во иднина можете лесно да се адаптирате на промените. Повеќекратната употребува на каблите и приклучоците, како и едноставната конекција ќе ви овозможи проширување или реконфигурација со минимален трошок.
Работните површини, кои се интегрираат со технологијата се логички дизајнерски тренд што е во пораст. Наскоро може да очекуваме да видиме како безжичното полнење на уреди станува вообичаено.
Во добро дизајнираната, флексибилна работна средина ќе може да се види канцелариски мебел со вградени адаптери за напојување и со мултимедијални способности.
Продуктивната благосостојба е еден аспект на дизајн на работното место, кој од неодамна е прифатен од страна на архитектите и дизајнерите. Преку здравјето и благосостојбата на вработените кои се во центарот на вниманието при дизајнот, го гледаме позитивното влијание врз здравјето, среќата и продуктивноста на работното место. Со ова доаѓа до поретка промена на персоналот и намалување на целокупните трошоци за вработените. Предмети како “седи-стој“ маси, области за соработка и приватноста, удобност, температура, осветлување, растенија во просторот, сместување, опции за здрав начин на живот – подоцна да почнува работниот денот или членство во теретана – сите тие ја зголемуваат продуктивната благосостојба на вработените.
Воведувањето на надворешноста во внатрешниот простор на канцеларијата е дизајнерски тренд кој ќе остане актуелен уште долго време и кој се совпаѓа со продуктивната благосостојба. Со тоа што канцелариските работници поминуваат околу осум часа на ден внатре, можеме да ги видиме придобивките од воведувањето на повеќе природни елементи во работното опкружување. Живите ѕидови создадаваат елемент од природата кој помага при прочистување на воздухот, а истовремено е и храна, доколку вклучите растенија кои се берат.
Резиме: Ќе видиме адаптибилна работна средина со опции за различни работни стилови и задачи, како и можности за одмор и релаксација. Природните елементи и различните текстури, со софистицирана примена, ќе создадат убаво дизајниран простор за работа во 2017 година.