Мебел коj поттикнува соработка и конверзација

Овој тренд е навистина популеран во последниве неколку години. Полека, но сигурно преминуваме од кабинети во отворено работно опкружување. Она што е ново , е воведувањето на “капсула ” или агол кој овозможува приватност. Тоа е тенденција која го промовира слободниот простор за работниците кои имаат потреба да бидат во мир и тишина определено време. Тоа е навистина органски микс помеѓу соработката и личниот простор.

Канцелариите на шефовите исто така се погодени од овој тренд. Канцелариите на раководителите беа многу мали , додека некои се големи како конференциски сали. Се верува дека со денешните технологии, раководителите не треба да бидат “врзани” за својата канцеларија за да ги завршат обврските. Овие трендови на дизајниран канцеларискипот мебел, овозможуваат поголема флексибилност и подвижност.

colaboration

Конвертабилни работни станици

Некои компании ги земале заедничките sit to stand маси и ги претвориле во цела sit to stand работна станица. Ова е одлично за новоотворените компании на кои им е потребен канцелариски мебел кој може да се проширува ( зголемува) и да расте заедно со нив.

Исто така, многу компании попрво се определуваат за состаноци на кои се стои, отколку за они на кои се седи. Компаниите ги сакаат на нозе своите вработени еден дел од работниот ден а стоењето во текот на состанокот исто така ја намалува шансата вработените да “отпатуваат”. Уште една предност на стоечките состаноци е тоа што се значително пократки и попродуктивни. Состаноците на кои се стои ќе бидат многу популарно во текот на 2016 година.

Работните места добиваат домашен изглед

Еден интересен тренд кои беше многу популарен е воведување на домашниот мебел во канцелариите. Ова вклучува маси од полно дрво кои изгледаат повеќе како трпезариски маси или осветлување кое изгледа повеќе како домашно отколку како канцелариско.

Се верува дека поинспиративно или поудобно работно место ќе им помогне на вработените да бидат покреативни и помотивирани.

home

Интеграција на технологијата

Многу нови маси доаѓаат подготвени да станат едно со технологијата. Покрај приклучоците, USB порт и портови за полнење, сега на масата се наоѓа и светлото за работа. Ова е направено поради полесно поврзување, така да работниците можат бргу да ги приклучат своите урдеи и да почнат да работат. Идните трендови на дизајнот на канцеларискиот мебел, се особено насочени на технологијата и тоа воопшто не е лоша работа.

tehnologija

For a better day @ work!
Пријавете се на
Delightful News
и
дознајте ги најновите канцелариски
трендови и решенија

Билтен зачленување