Пет начини како со користење на стратегијата за дизајн, да ги охрабриме вработените да одат на работа.

Дали е можно во подемот на знаењето, каде што комуникациската технологија и овозможува на работната сила да биде потполно мобилна, корпоративните канцеларии да исчезнат?

Некои статистички податоци би кажале дека одговорот е да. Многу Канаѓани сакаат да се збогуваат од своите канцеларии,односно да ги продадат. Истражувањето на една агенција од Канада за 2014 година покажа дека повеќе од 70 % од работниците со полно работно време на возраст од 18 до 29 години ќе бидат позадоволни од своите работни места, доколку би можеле да работат на далечина со помош на cloud software.

Нема никакво сомневање дека технологијата обезбедува целосна мобилност за многу работници, но сепак личната интеракција останува основен извор на иновации во бизнисот базиран на знаење, ja олеснува креативноста и спокојот во работата и го гради чувството на идентитет на вработените во однос на фирмата.

Вистинското прашање е: каков вид канцелариски простор им треба на компаниите во 21-от век?

Современите компании разбираат дека, со оглед на тоа што вработените не мора да доаѓаат на работните места за да ја завршат својата работа, корпоративните канцеларии сега треба да бидат повеќе од место за сместување на вработените, тие треба да бидат дестинација. Канцелариите треба да се трансформираат во средини кои што работниците ги бараат, бидејќи се одлични места за работа.

Еве пет начини како стратегијата за дизајнирање на работното место може да и помогне на корпоративна канцеларија да се трансформира во најпосакувана дестинација за вработените:

1. Максимизирајте ја продуктивноста на работната сила на следната генерација, а сепак инспирирајте ги сите останати.

Сега постојат три генерации во работната сила – секоја со свои уникатни карактеристики. Членовите на „baby boom“, кои се подготвуваат за пензионирање, имаат потреба од работни места кои обезбедуваат ергономски седишта и решаваат проблемите со мобилноста. Помладите генерации нарачени генерација Х, се многу самоуверени и им треба простор да работат самостојно, како и заеднички.

Генерацијата Y (или милениумски) во која се сите родени после 2000-та год. се посебна приказна, пораснала во училишен систем која ја нагласува групната работа. Училниците содржеа заеднички простори без назначено место. Оваа помлада генерација бара заеднички работни простори. Тие сметаат дека традиционалните работни маси ги изолираат.

Па, како може работниот простор да ги задоволи сите овие различни видови работници? Со овозможување на избор.

Да се присетиме на „работното место на иднината„ на Deloitte во Монтреал, каде што има повеќе од 18 различни видови на работни поставувања, почнувајќи од работни маси, до конференциски сали и социјални простори, како што се салоните и канцелариските кафулиња.  90% од просторот е неназначен, а повеќето од половина се прилагодени за соработка. Најсовремената технологија, вклучувајќи Bluetooth и Wi-Fi низ целата канцеларија го олеснува работењето на мобилните уреди. Во оваа атмосфера сите генерации можат да напредуваат.

2. Дизајнерските промени инспирираат промени во однесувањето.

Земете го случајот на компанија каде секоја конференциска сала е реплика на следната – секоја неинспиративна и еднолична. Вработените кои присуствуваат на состаноците во овие конференциски сали често талкаат со нивните умови, поминуваат многу време во проверка на електронската пошта на своите мобилни уреди и генерално покажаа однесување кое сугерираше дека биле исклучени.

Реконструкцијата на просторот обезбеди секоја конференциска сала да има свој уникатен внатрешен дизајн. Некои беа повеќе традиционални со маса и столици; други имале поставени лежерни столици и кадифени теписи; некои беа обоени традиционални со беж боја, додека други беа обоени со светли бои.

Дизајнот прави просториите да се разликуваат едни од други. Различните простории добија различни цели со подобрување на нивниот изглед. Проектот создаде видливо подобрување во ангажманот и интересот на вработените за време на состаноците.

3. Дизајнирајте го просторот за работа врз основа на тоа како се користи.

Повеќето луѓе претпоставуваат дека на секој вработен кој се приклучува во корпоративната канцеларија му треба работно биро. Со други зборови, од компаниите се очекува да имаат еден-на-еден сооднос на работните бироа со вработените.

Но, повеќето истражувања за искористеност на работното место покажуваат дека таквиот сооднос не е потребен. Често масите се празни речиси половина од денот, бидејќи многу вработени поминуваат повеќе од 50 % од работниот ден на состаноци, патувања или надвор од канцеларијата.

Со конвертирање на неискористениот простор кој се губи на бироата во повеќе ангажирачки формати – соби за разговори, кафулиња, социјални салони и тивки работни области – организациите можат да создадат средини дизајнирани да поттикнуваат соработка и креативна работа.

4. Креирајте простор каде што вработените можат заедно да прославуваат.

За да се создадат позитивни корпоративни културни организации, потребни се места во нивните канцеларии каде што може да се соберат сите нивни вработени. Ова е застрашувачка мисла за компаниите со стотици или дури и илјадници вработени. Сепак, решението не мора да биде голем аудиториум во театарски стил.

Wragge & Co. LLP во Бирмингем, Велика Британија, пронајде креативно решение да се донесе нивниот персонал од 700 лица заедно за состаноци низ целата компанија. Фирмата инсталирала ТВ монитори зад подвижните панели на секој кат од седиштето на Wragge. Со овие монитори, компанијата може да работи со сите свои вработени.

5. Оставете добар впечаток.

Работната канцеларија е продолжување на брендот на компанијата и корпоративната култура – го покажува она за што се залага организацијата. Размислете за разликата помеѓу типичните адвокатски канцеларии, кои најверојатно биле дизајнирани да покажат стабилност и сериозност и канцелариите на рекламната агенција, кои најверојатно се дизајнирани да покажат креативност и имагинација. Овие разлики, се разбира, не се погрешни. Секој пат кога клиентот или потенцијалните вработени ги посетуваат корпоративните канцеларии, тие заминуваат со впечаток за компанијата врз основа на канцеларискиот простор.

Со вистинската стратегија за дизајн на работното место, корпоративната канцеларија станува дестинација што ја бараат работниците. Резултатот е работно опкружување кое го поттикнува ангажманот, соработката и продуктивноста, ја зголемува довербата кај клиентите и на крајот станува конкурентна предност.

For a better day @ work!
Пријавете се на
Delightful News
и
дознајте ги најновите канцелариски
трендови и решенија

Билтен зачленување