Мерките ги идентификуваат посебните елементи кои обезбедуваат просторите да ја подобрат благосостојбата на луѓето.

 

Merriam – Webster благосостојбата се дефинира како “состојба на среќа, здравје или напредок”. Бидејќи повеќе не се сметаат како мал деловен проблем, новите организации идентификуваат мерливи начини за веродостојно осигурување дека работното место ја подобрува благосостојбата на луѓето.И, како што се шири полето на истражување за да се покаже поврзаноста помеѓу благосостојбата, ангажманот и долната граница, компаниите сакаат да направа подобрување со ваквите ангажмани.

Зашто благосостојба?

Истражувачите од Steelcase ја проучуваат благосостојбата со децении и има многу причини зошто. Просторите што го подобруваат начинот на потсетување, размислување и движење на луѓето, помагаат при привлекување и задржување на вработените, им помагаат на организациите да се однесуваат како добри граѓани во заедницата и се покажа дека ги подобруваат резултатите од работењето и здравјето.

“Кога размислувате за сите работи што се случуваат надвор од работата, на работното место би требало да се чувствувате психички, физички и емоционално поддржани”, вели Dustin Heiler, меѓународен консултант за одржливост во Steelcase .

Неодамна два простора од Steelcase добија признание за исполнување на стандардот за благосостојба. Овие стандарди се додаваат на глобалните показатели  за благосостојба. Тие допринесуваат во подрачјето на истражување од кое и другите може да имаат корист.

ГЛОБАЛНИ СТАНДАРДИ

WorkLifeцентарот на Steelcase во Шангај, службено отворен на 17.01.2019

 

\

Новиот WorkLife центар на Steelcase во Шангај доби LEED Gold и WELL Silver сертификати. LEED постои од доцните 90-ти години и познат е по мерењето на енергетските и влијанијата врз животната средина на зградите. WELL е многу понов – постои од 2014 година, а тоа е состав на сертификати заснован на успешноста кој се фокусира исклучиво на здравјето на жителите преку повеќе од 100 стратегии засновани на истражување. До денес, WELL е усвоен во повеќе од 500 милиони квадратни метри во 58 земји. “WELL започнува втор бран на одржливост, оној кој ја турка одржливоста низ човековото здравје наспроти планетарното здравје”, вели претседателот Rachel Gutter, International WELL Buidling Institute (IWBI). “Преку патот кон усвојување на целото портфолио и насочување на карактеристиките на WELL стандардот со UNSDG ( United Nations Sustainable Development Goals), WELLнуди јасно дефинирани барања за исполнување на здравствените намери и благосостојба, што на компаниите може да им покаже дека ги исполнуваат социјалните, управувачки и еколошки мерила што самите ги дефинираат или може да го користат WELL за дефинирање на мерките кои сакаат да ги следат и да ги постигнат”.

Fitwel, со кој управува Centar for Active Design, креиран е со истражувањето кое го спровеле U.S. Centar for Disease Control and Prevention и General Services Administration. Овој состав на сертификата постои од 2017 година. Fitwel ги мери просторите користејќи опционални точки и ги охрабрува највлијателните критериуми базирани на наука. Новиот IT простор на Steelcase, кој го завзема целиот четврти кат од Global Business Centar во Gran Rapids, во Мичиген, неодамна го доби Fitwel сертификатот.

“За некои, постигнувањето на Fitwel оценка е начин да се покажат и прослават сите здрави влијанија на зградата или заедницата што веќе им се ставаат на располагање на нејзините жители”, вели Zachary Flora, соработник во Center for Active Design. “Во друг случај тоа е начин да се прикажат промените кои се направени со цел подобрување на здравствените влијанија во просторот. Steelcase е ран добитник на Fitwel стратегии за подобрување на здравјето и благосостојбата, засновани на докази.

 

ЕФЕКТИ ОД ВИСТИНСКИОТ СВЕТ

Новиот IT простор создаден за поддршка на агилен начин на работа – луѓе кои поминуваат од еден на друг вид работа.

 

Fitwel стандардите имаат во предвид широк спектар на фактори кои ја земаат во предвид благосостојбата на вработените. Неколку примери од IT простори:

  • Лековита градина или терапевтски пејзаж внатре или надвор
  • Приватна тивка соба
  • Достапни активни работни станици
  • Разновидни позиции кои помагаат да се поттикне движењето и флексибилност во просторот
  • Надворешен поглед од повеќе работни простории
  • Природна дневна светлина дури и во конференциските сали
  • Опуштете се во собите за време на ручекот

 

IT кафулето е намерно дизајнирано да промовира неформална соработка и да им даде на луѓето место да се одморат или да уживаат во ужинка.

Важни се и другите предности во кампусот, како што е станицата за полнење вода, теретаната и пешачки патеки околу кампусот. Centar Steelcase Worklife во Шангај има голем број карактеристики кои придонеле за сертификатот WELL, како што се:

  • Акустични панели во просториите за состаноци и HVAC системи за намалување на вревата
  • Системот за контрола на дневната светлина работи со сензори за да се зголеми енергетската ефикасност на 76% од осветлувањето
  • WorkCafe и просторот за храна и пијалоци нудат само храна и пијалоци со ниско ниво на шеќер со цел промовирање на здрава храна
  • Системот за следење на квалитетот на воздухот јавно го прикажува индексот на квалитет на воздухот во затворените простории
  • Системот за филтрирање на воздухот на таванот ги намалува штетните честички во воздухот.

“Благосостојбата е дел од она за што секојдневно размислуваме. Да се добие сертификат значи да се спроведе она за што зборуваме во пракса” вели Heiler. Тој вели дека секогаш има простор за напредок. Благосостојбата не е дестинација, туку патување.

За да дознаете како благосостојбата ќе влијае на дизајнот на работните места, прочитајте

Благосостојба:Срж на дизајнерските импликации во 2020.

Извор:Steelcase.com

For a better day @ work!
Пријавете се на
Delightful News
и
дознајте ги најновите канцелариски
трендови и решенија

Билтен зачленување