Имаше голема дебата и збунетост  за  предностите и недостатоците на стаклените канцелариски прегради.

Додека некои менаџери веруваат дека тие можат само да постигнат највисока ефикасност со оградување на нивните тимови за да ги избегнат нарушувањата и одвлекувањето помеѓу себе, други сметаат дека жив и интерактивен амбиент е клучен за максимална продуктивност.

Без разлика, канцелариските стаклени прегради обезбеди неоспорни придобивки. Подолу се наведени тие  предностите:

Зголемена продуктивност

Инсталирањето на стаклени прегради во канцелариите ја зголемува продуктивноста кај вработените. Знаејќи дека тие може да бидат под постојан надзор, вработените ја извршуваат работа на повнимателен начин.

Покрај тоа што ја оневозможуваат мрзеливост во канцеларијата, стаклените прегради ја поттикнуваат одговорноста на вработените, што придонесува за подобрување на нивото на продуктивност.

Инсталирањето на стаклени канцелариски прегради,помага да се намали бучавата во канцеларијата, бидејќи тие се до одреден степен звучно изолирани,што значително го намалува бројот на попречувања и ја подобрува продуктивноста.

Флексибилност

Најголемата економичност при поставување на стаклените преграде лежи во нивната флексибилност.

Додека менувањето на изгледот на просторијата со традиционалните ѕидови е досадно и скапо, стаклените прегради лесно се расклопуваат и се движат онаму каде што одговараат. Ова е голема предност ако сакате да додадете нешто ново во вашата канцеларија или едноставно  ви треба повеќе простор.

Демонтирањето на стаклените прегради  не  само што е лесно, туку и не бара дополнителни трошоци. Како резултат на тоа, од време на време, можете да го промените изгледот на вашата канцеларија, во зависност од вашите тековни потреби и околности.

Едноставно одржување

Иако можеби не изгледа  така, стаклените прегради лесно се чистат и одржуваат. Се што ви треба е средство за чистење сталко  и готови сте за миг.

Можете да ги чистите и обработените стаклените прегради на ист начин, но препорачуваме микрофибер крпа.

Ефикасност

Поставување на стаклени прегради може значително да ја намали потребата за електрично осветлување, особено во текот на денот. Намалена зависност од вештачко осветлување, што честопати е скапо, драстично го намалува количеството на потрошена енергија и штеди пари.

Покрај финансиските придобивки, минималната потрошувачка на енергија има позитивно влијание врз животната средина. На тој начин, стаклените прегради придонесуваат за енергетската ефикасност на компанијата.

Подобрено осветлување

Кога зборуваме за работните простории, недостатокот на природниот светлина е еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат работниците, особено затоа што тоа често влијае на уморот и недостатокот на енергија кај вработените.

Сепак, она што можете да направите за да го подобрите здравјето и моралот на вработените е да го прилагодите постоечкиот простор со внесување на најголемо можно количество на природна светлина во него.

Поставувањето на стаклена преграда е еден од најдобрите начини да го постигнете тоа.

Приватност

Спротивно на популарното верување, поставувањето на стаклените прегради не мора да ја загрозува приватноста. Многу луѓе се неодлучни кога станува збор за поставување стаклени прегради бидејќи не сакаат да им ја одземат приватност на вработените.

Со користење на декоративно пескарено стакло, добивате отворен план со еднаква количина природна светлина како и со други видови стакло, но не ја загрозувате приватноста на вашите вработени.

Естетска вредност

Со зголемената глобална конкуренција, освојувањето на нови клиенти станува сè потешко. Како такво, да се биде ефикасен и претставителен е од клучно значење за една компанија да импресионира нови клиенти.

Не можеме да негираме дека стаклените прегради придонесуваат за елегантен и убав изглед на канцеларијата.

Со неколку достапни декоративни техники, можете да постигнете уникатен, стилски изглед преку стаклените прегради кои ќе го надополнат секој деловен простор.

Издржливост

Покрај тоа што е најфлексибилниот тип на преграда, соодветната дебелина на стаклото за вашата преграда, ја прави издржлива и подготвена за секојдневна употреба. Стаклените прегради може да траат многу долго ако се користат и одржуваат правилно.

Иако може да ви е тешко да одлучите кој тип стакло треба да го инсталирате на работното место, бидејќи моментално постојат различни видови на канцелариски прегради, чувството и изгледот што го сакате, како и постојниот декор на вашиот деловен простор се некои од фактори кои ќе ви помогнат.
Поради сè поголем број на опции за дизајнирање на стаклени прегради, нивната популарност е поголема.

https://www.glassonweb.com/article/benefits-installing-glass-office-partitions

For a better day @ work!
Пријавете се на
Delightful News
и
дознајте ги најновите канцелариски
трендови и решенија

Билтен зачленување