Паметните уреди ни дозволуваат да работиме насекаде. Cloud-от ги чува нашите информации каде и да одиме. И секако, полисите за мобилна работа дозволуваат се повеќе и повеќе луѓето да избираат каде сакаат да работат. Но, расте тензијата во организациите. Неодамнешно NPR истражување кажува дека вработените се предомислуваат за телеработата. Тие сакаат нивните луѓе да соработуваат, иновираат, да ја градат културата и да го развиваат бизнисот.
Организациите како IBM, Bank of America и Aetna ги прашале своите вработени од надвор да се вратат во канцелариите, според Wall Street Journal. Повеќето организации препознаваат дека иновациите и генијалност се раѓаат од тимска работа. Соработката им дава енергија на луѓето. Со заедничкото работење, вработените доаѓаат до нови и подобри идеи, како да го рационализираат процесот и да го подобрат аутпутот.
Gallup истражувањето од 2017 покажа дека најангажираните вработени трошат 60 до 80 проценти од нивното работно време работејќи надвор од својата канцеларија. Луѓето пријавуваат недостаток од простор за соработка кој помага да бидат креативни, честите прекини поради бучава и не можат да ги пренесат ефективно кретивните идеи на колегите. Луѓето ги напуштаат канцелариите затоа што немаат правилно место за да ја завршат работата. Време е да се редефинира што претставува канцеларијата и да се креираат работни места што ќе ги инспирираат луѓето да работат во нив.
Четири клучни двигатели и нарушувачи кои ги полнат промените во организациите денеска.
Културните промени можат да бидат постепени или нагли. Неколку фактори се додаваат на културната промена, велат многумина сведоци од целиот свет.
Разноликост – организациите често имаат четири или пет генерации кои работат заедно на едно место. Како прилог на тоа, луѓето се конектираат со други од светот повеќе од кога и да било. Луѓето изгледаат, звучат и работат разллично креирајќи богата таписерија од идеи.
Биофилија – Луѓето бараат конекција со природата. Ги привлекуваат места со биофилски дизајн кој гради емотивна, когнитивна и физичка благосостојба. Можеме да ја изразиме природата со поставување на растенија, дрво или други природни елементи, или пак можат да бидат нијансирани со шари на материјали.
Персонализација – Движењето кое има влијание на тоа како луѓето работат и конектираат со средината. Организациите кои рефлектираат уникатен бренд и култура се способни да ги изразат вредностите кои ги одвојуваат од другите.
Цел – Никој не сака да се чувствува како хрчак во тркало. Луѓето бараат повеќе од плата. Тие сакаат да работат работа која има цел и значење.
Ангажираноста на вработените продолжува да биде критичен проблем за организациите.
Steelcase Global Report: Една третина од вработените во 20 од најбитните економии се неангажирани. Втора, една третина се некаде во средина, нути им штетат на нивните компании ниту ги развиваат. Истражувањето покажува дека вработените кои се ангажираат водат кон подобри бизнис резултати.
Global Report, го спроведе, со светската истражувачка фирма Ipsos, првото истражување на тема како работната средина влијае врз ангажираноста на вработените. Се појави јасна шема: Најангажираните работници се истотака најзадоволни со нивното работно место. Како прилог на сето ова, тие имаат повеќе избор и контрола врз како и каде тие ги извршуваат своите обрвски.
Технологијата ја менува менува играта, нарушувајќи многу бизнис модели, додека други ги носи на повисоки степени.
Лаптопите, таблетите и телефоните ни дозволуваат да да се движеме флуидно низ денот. Поголеми, фиксни уреди ни дозволуваат да визуализираме доста информации и да соработуваме со други. Низ денот, треба да ги менаџираме нашите информации и идеи да бидат со нас без разлика на уредот кој го користиме.
Технологијата ќе влијае врз иднината на работата на начини на кои сега започнуваме да ги разбираме. Технологиите можат да бидат вметнати во работното место да им помогнат на луѓето да работат подобро и да им помогнат на оргнизациите да креираат места како што истите ќе сакаат да работат.
Виртуелната реалност, преувеличената реалност и вештачката интелегенција започнуваат да влијаат врз искуството во работата. Има огромна количина на лутина наоколу , што ќе се случи доколку машините се способни да завршуваат повеќе работи кои се типично резервирани за луѓето.
Општо прифатено мислење е дека машините ќе ги превземат рутите, процесите и да има дозволат на луѓето да се занимаваат со позначајна работа. Веќе гледаме промена кон кретивна работа.
Луѓето имаат тенденција да се согласуваат со Brown. 77 проценти велат дека креативноста е основна вештина. Додека, 69 проценти велат дека не го искористуваат својот креативен потенцијал. Во исто време, поголемиот дел од лидерите не чувствуваат дека нивната компанија е креативна, иако потврдуваат дека кретивноста им помага да се натпреваруваат, да прават поголеми приходи и да постигнат поголем удел на пазарот.
За да бидат успешни на пазарот, работниците треба да генерираат нови идеи, да решаваат тешки проблеми и да размислуваат надвор од кутијата. Тие треба да бидат креативни. Скоро, Steelcase и Microsoft претставија колекција на Creative Spaces дизајнирани да го подобрат креативниот процес.
Ниеден простор може да го поддржи начинот на кој луѓето треба да работат денес. Затоа Steelcase дизајнерите препорачуваат екосистем од простории што ќе ги интегрира луѓето, просторот и технологијата за поддршка на индивидуалецот и организацијата. Луѓето може лесно да направат промена од еден тип на работа во друг врз основа на тоа што тие треба да направат. Ние го замагливме начинот на работа и кога работиме. Време е да ги замаглиме аглите на тоа што традиционално за нас е работно место. Простории кои ги мешаат дизјанот и материјалноста без да се компромизира изведбата можат да инспирираат нови начини на размислување и да ја полни креативноста.