Скоро 3/4 од американските канцеларии се дизајнирани во согласност со отворениот концепт.
Работодавачите сакаат отворени канцеларии бидејќи на тој начин штедат пари – може да се натрупаат многу повеќе луѓе во простории без ѕидови – но вработените воглаво не ги сакаат. Во литературата се разгледува студија по студија која ги квантифицира штетите на отворените планови врз моралот, здравјето и продуктивноста. Хаос, одвратности, мириси и болести кои брзо се шират во просторот без прегради.
Hot-desking-пракса на непостоење сопствени бира и во врска со тоа вработените мора да ги остават своите лаптопи каде што ке пронајдат слободно место-ги има сите карактристики на мотел кој се плаќа од саат.Сепак кога зборуваме за oхрабрување на вработените од сите позиции за интеракција лице во лице,отворените канцеларии се подобра опција од било која друга.„Ако просторот е дизајниран како што треба, тоа придонесува за равноправност и понатамошна шанса на луѓето константно да се дружат“, вели kaže Elizabeth Von Lehe директор на концептуалниот дизајн и стратегија во студијата за дизајн Icrave.
Ова посебно им помага на жените,луѓето со друга боја на кожа и други групи на работници кои можеби немаат еднаков пристап на моќ како и нивните бели,машки колеги. „Она што го работите“ вели Liz York службеничка за одржување во Центарот за контролирање болести и превенција, „е да им дадете шанса да слушнат како надредените личности се носат со проблемите и одговараат на прашања.Никој не оди на часови за тоа, туку прифаќаат како тоа се работи од луѓето околу себе.
Причината поради која отворените канцеларии се толку критикувани ’вели Von Lehe, не е толку поврзан со концептот кои стои позади нив,туку со спроведувањето на концептот во дело.„Сликите кои луѓето ги одбираат за посакувани канцеларии,прикажуваат простори со многу светлина, со нежно обоени материјали“ вели Von Lehe. Но таму не го гледате квалитетот на звукот, ни планот за неговото патување.Таа предлага комбинација од затворени простори-телефонски говорници,сали за конференции,скалилата (ако канцеларијата ви се протега на неколку катови) да се надополнуваат со меѓусебно делење на бирата и просторот без прегради. York се согласува: „Не може целосно да ги отфрлите помошните приватни простори“ вели „Никој не сака да разговара со својот доктор пред полна соба со луѓе“.
Исто така задолжително мора да се воведе соба за доење.„Оваа просторија треба да биде звучно изолирана.Исто така треба да има сопствен извор на греење за да им биде доволно топло на жените кои се соблекуваат таму’ вели York која напишала водич за оптимален дизајн за соба за доење.„Мора да има квалитетна врата која не може да се отклучи“.Карактеристиките кои идеалниот простор го прават функционален речиси се невидливи, вели Von Lehe. Исто така, забележала дека клучните компоненти на добро осмислениот ентериер,како што се квалитетот на воздухот, светлината, температурата и целокупната удобност, всушност,се неприметливи освен ако нешто не е во ред со нив.Што се однесува до ѕидовите,во добро организирана отворена канцеларија тие не се отстранети,туку се поместени. Исто како што е важно да се срушат бариерите, толку е важно, некои да се остават таму каде што се.- Atossa Abrahamian
.
Atossa Abrahamian