Бројни научни студии ги докажаа позитивните страни од имањето на повеќе зеленило во вашиот работен простор. Еве ги првите седум бенефиции за вработените – и нивните работодавци

Луѓето имаат вродена желба да бидат поврзани со природата, што научниците ја нарекуваат “биофилија“. За жал, просторите во кои го поминуваат најголемиот дел од денот – работни места – имаат тенденција да бидат лишени од нивната врска со природната средина.

Истражувањата покажаа дека едноставно додавање на некое зеленило, како собни растенија може да има големи позитивни придобивки за вработените и нивните организации. Истото важи и за работниците на далечина или работници кои работат дома. Еве ги седумте причини зошто треба да инвестирате во некои растенија за вашата работна маса или на вашето пошироко работно место.

  1. Тие помагаат да се намали стресот

    Застапниците на психологија на бојата тврдат дека зелената боја има релаксирачки и смирувачки ефект и дека украсувањето на канцеларискиот простор со оваа боја може потенцијално да има сличен ефект како и вклопување на растенијата во вашата работна средина. Зелените елементи може да се внесат во вашиот канцелариски простор и преку употреба на подни облоги со интерфејс инспириран од биофилија, кои исто така содржат материјали со јаглеродно неутрални материјали, повеќе информации достапни во понудата на Delight.

  2. Тие помагаат да се зголеми продуктивноста

    Според резултатите од истражувањето кое во 2014 година го спреоведе Универзитетот во Ексетер, продуктивноста на вработените зе сголемила за 15% откако работните простории во кои немало зеленило да се исполнат со билки. Ставањето на само една билка по метар квадратен ја подобрило меморијата

    “За време на истражувањето било важно дека секој може да го види растението од неговото биро”, изјави Knight за списанието The Guardian. “Ако работите во средина каде што има нешто што ќе ве ангажира психолошки, ќе бидете посреќни и ќе работите подобро”.

  3. Тие помагаат да се намалат стапките на болест и отсуство на вработените

    Кај работниците во чија средина се инкорпорирани природни елементи, забележани се 15% подобри резултати во категоријата на благосостојба и 6% повисока стапка на продуктивност – во споредба со вработените чии канцеларии не ги вклучуваа тие елементи.

    Некои експерти тврдат дека додавањето на растенија на работното место може да го намали ризикот од “синдром на болна зграда”, иако е тешко да се дојде до докази кои ги поддржуваат таквите тврдења.

    Помалку истражувања од еден норвешки универзитет од 1990-тите покажаа дека садење на растенијата во канцеларијата е поврзано со 25% пониска стапка на симптоми на лошо здравје, како што се заморот, проблеми со концентрација, сува кожа и иритација на носот и очите.

  4. Работни места ги прават поатрактивни во очите на нови кандидати за работа

    Во контекст на глобалните работни средини, дури еден од пет вработени немаат природни елементи во рамките на својот работен простор, а алармантно е дека речиси 50% од работниците немаат природно светло. Сепак, една третина од нас тврдат дека дизајнот на работното место влијае врз одлуката да се приклучи на одредена компанија. Помеѓу овие две теории постои длабок јаз и од неодамна се појавија индикации дека дизајнот може да се смета за клучен фактор во изборот на работа.”

  5. Чист воздух

    Додека на луѓето им треба кислород за да преживеат, растенијата го апсорбираат гасот што не ни е потребен – јаглеродниот диоксид – и во комбинација со вода и светлина произведуваат енергија во процес наречен фотосинтеза.

    Научниците од НАСА во 1980-тите открија дека растенијата се способни да ги отстранат хемикалиите како што се бензен, трихлороетилен и формалдехид од воздухот, со што го прават чист за нас кои се вдишуваат.

    Неодамнешните истражувања спроведени под водство д-р Frasera Torpyja, раководител на Одделот за изстражување на растенијата и квалитетот на животната средина на Технолошкиот универзитет во Сиднеј, покажаа дека растенијата може да го намалат нивото на јаглероден диоксид за околу 10% во климатизирани канцеларии и околу 25% во згради без климатизација.

    “Откривме дека палмите ќе ги уништат сите други соединенија за да добијат јаглерод диоксид”, рече Torpy. “И кога зборуваме за испарливи органски материи, приказната е иста.” Растенија со средна големина (повеќе од 20 см) значително ќе го намали количеството на овие хемикалии во собата.”

  6. Придонесува за намалување на нивото на бучава

    Со впивањето (акумулирање) на звуците (а не изолирање на бучавата), растенијата помагаат да се намалат негативните ефекти на бучавата во канцеларијата. Според анкетата спроведена од Лондонскиот South Bank универзитет во 1995 година, поставувањето поголеми садови со растенија во повеќе места и во аглите на собата ќе ви донесе многу придобивки.

  7. Може да инспирира креативност

    Во извештајот „Human Spaces“ во 2015 година се потврди дека вработените чии канцеларии ги инкорпорираат природните елементи биле 15% покреативни од оние чии канцеларии не содржат такви елементи.

    Според теоријата за фокусирање на вниманието, гледајќи во природа – па дури и само на фотографија со природата – може да го префрли мозокот на поинаков начин на работа и да ги направи вработените порелаксирани и пофокусирани. Delight ви нуди широк спектар на решенија за внесување природни елементи во вашиот работен простор.


Кои се најдобрите растенија за канцелариско опкружување ?

Не сите растенија ќе преживеат во вашата канцеларија – мора да ги земете предвид ограничувањата како што се дневна светлина, наводнување и сл. Со сигурност може да сметате дека ќе успее алое верата или кактусот, фикусот и спатифилум.

Извор: https://www.ciphr.com/advice/plants-in-the-office/

Автор
: Barry Chignell

For a better day @ work!
Пријавете се на
Delightful News
и
дознајте ги најновите канцелариски
трендови и решенија

Билтен зачленување