Корона вирусот ќе го промени начинот на кој го чистиме, стерилизираме и дезинфицираме работното место.
Овој текст е дел од анализата на Steelcase “Navigating what’s next: Post-COVID Workplace”
Пандемијата со COVID-19 нé смени на повеќе начини – еден од најефикасните е нашата дефиниција за чистота. Средствата за дезинфекција на раце, сапун за раце и марамици за дезинфекција – беше тешко, но не и невозможно, да се најдат во продажба. Повеќе не се грижиме само за нечистотијата која можеме да ја видиме; туку се штитиме од високо заразен вирус, како и од сите невидливи бактерии кои одсекогаш сме се обидувале да ги исчистиме. Тоа е физичка грижа која со себе носи значајно ментално и емоционално оптеретување. Како организациите размислуваат на кој начин да ги вратат луѓето во канцеларија, начините на кои се чисти, дезинфицира и стерилизира, не само што мораат да се променат, туку мора да бидат и транспарентни. Првиот чекор е поедноставување на сложеноста околу значењето на чистата канцеларија.
Едно добро, во ова зло, е тоа што се отвара простор за нов дијалог помеѓу производителите и менаџерите на објектите. Информациите за тоа како безбедно да се исчистат материјалите кои се користат во различните категории на мебел, секогаш се наоѓаат во пропратните брошури и прирачници. Овие детални информации честопати се занемаруваат, се додека не ни притребаат.
Експертите во Steelcase, за површински материјали, предложуваат, исто како што ги читаме етикетите на облеката пред перење, треба да се проверуваат и насоките за чистење на ткаенините и површините на работното место и да се користат методите кои може да предизвикаат најмала штета. Сега, кога најважно е да се контролира инфекцијата, тие информации и понатака ги има на производите, но сега се повеќе прилагодени на корисниците и се фокусираат на корисни разговори помеѓу експертите за материјали и луѓето кои се грижат за работните места ширум светот.
Како што се појавуваат нови значајни откритија поврзани со вирусот, ќе продолжиме да ги споделуваме знаењата за тоа како може да се спречи ширењето на вирусот. Но, после нешто повеќе од еден век користење на интерните лаборатории за строго тестирање на нашите производи, можеме да го споделиме своето знаење и да помогнеме во дефинирање на некои најчесто користени (и злоупотребени) поими.
Чистење, стерилизирање и дезинфекција, не е ист процес
Чистење
Ги отстранува бактериите и нечистотиите од површините или предметите. Може да се чисти со сапун (или детергент) и вода за физички да се отстранат бактериите од површините. Оваа постапка не ги уништува сите бактерии, но се намалува нивниот број и ризикот од инфекции.
Стерилизација
Според стандардите и барањата на јавното здравство, стерилизацијата го намалува бројот на бактерии на површините или предметите на безбедно ниво. Оваа постапка се однесува на чистење или дезинфекција на површините или предметите, со што би се намалил ризикот од ширење на инфекции.
Дезинфекција
Се однесува на користење хемикалии за отстранување на бактери од површините. Оваа постапка не подразбира неопходно чистење на валканите површини и отстранување на бактериите, но ризикот од ширење на инфекции може дополнително да се намали со првичното чистење, а потоа да се отстранат бактериите од површините.
Голем избор на опции
Освен размислување за тоа како да се исчистат постоечките производи, организациите размислуваат и за различните видови материјали кои треба да ги додадат во иднина. Добрата вест е дека канцелариите немора да се ограничуваат на само неколку опции кои може да изгледаат многу “болнички”, само затоа што треба да се исчистат и дезинфицираат со средства кои содржат избелувач.
“Купувачите и дизајнерите се грижат, дека за да се овозможи поголем избор на материјали кои може да се исчистат со дезинфициенти, може да се отиде во преголема крајност и дека опкружувањето ќе се менува и ќе поприми впечаток на стерилно”, вели Kari Miller, управителка на одделот за површински материјали во Steelcase. “Но тоа немора да биде случај. Сега постои широк избор на опции од Steelcase, Designtex и други партнери – стотици опции и текстил, тврди и меки површини и други материјали кои ќе можат да бидат чистени и дезинфицирани без влијание на површините”.
Материјалите секогаш биле строго тестирани на чистење, но не секогаш биле тестирани на дезинфекција. Корона вирусот го забрза тестирањето на начините на кои материјалите и производите реагираат на средствата за дезинфекција. Лабораторискиот тест во Steelcase веќе е во тек, така што експертите за материјали можат да научат и да споделат повеќе информации за тоа што е компатибилно, а што не.
“Моментално постои чувство на итност околу знаењето за материјалите, како и работење на можните решенија за дезинфекција и чистење”, вели Melissa Hart директорка за површински материјали во Steelcase. “Со Designtex и нашата партнерска мрежа работиме на пратење, преглед и проценка на решенијата и нивното влијание на нашиот асортиман на материјали. Се обврзуваме да го споделиме наученото, колку што е можно побрзо.
Тука пронајдете ги веднаш достапните ресурси за чистење и дезинфекција на Steelcase производите, како и најчесто поставуваните прашања.
Извор: Steelcase.com