Бојата, текстурата и ткаенината можат да внесат нов живот во стариот простор. Затоа многу луѓе ги бојат ѕидовите штом ќе купат куќа – тие само сакаат просторoт да ги направaт свој.
Деталите раскажуваат приказни за одреден простор и токму поради деталите на некои места се чувствуваме како дома. Се повеќе и повеќе луѓе копнеат по истото чувство додека се на работа. Топли, хуманистички и природни материјали се комбинираат за да создадат инспиративни простори во кои луѓето сакаат да работат.
“Постои зголемена побарувачка за простори чии што детали ги прават посакувани, а обичните простори без интересни детали и модели се нешто од минатото”, вели Bruce Smith, директор на глобалниот дизајн на компанијата Steelcase
Smith нè потсетува дека придавките како “топло, хуманистичко и природно” будат различни идеи кај различни луѓе. Внимателно размислувајќи за дизајнот на просторот и користејќи слоевити материјали, дизајнерите можат да привлечат повеќе различни типови на луѓе во еден простор. Delight ви носи четири начини како да ги комбинирате материјалите за да го освежите вашиот простор.
Поттикнување на автентичноста
Јазли, нерамни зрнести површини и варијации во боја кои претходно беа гледани како несовршености сега се токму она што сакаме да го видиме на дрвените површини.
Овие сегменти на биофиличен дизајн го поддржуваат природниот, автентичен изглед на работното место, а истражувањата покажаа дека поврзувањето со природата им помага на луѓето да се чувствуваат и да размислуваат подобро.
Залагајте се за персонализација на просторот
Материјалите можат да им помогнат на организациите во промовирањето на индивидуалноста и идентификување на идентитетот на брендот Персонализацијата придонесува за позитивната, когнитивна и емоционална благосостојба на вработените и ги охрабрува да размислуваат поефикасно за деловните задачи.
На пример, софистицираните бои може да создадат автентична атмосфера. Новиот асортиман на компанијата Steelcase наречена Lux Coatings вклучува завршни слоеви направени од природни материјали. На пример, моделот наречен Obsidian потсетува на вулканско стакло.
Внимавајте на одржливоста на материјалот
Нека вашиот простор има цел – со комбинирање на материјалот, направи го светот подобро место, а не само вашата канцеларија. Два нови дизајнирани елементи создадени од компанијата Steelcase беа создадени од материјали кои во минатото завршија во контејнерите за ѓубре.
Колекцијата New Black за ткаенина е направена од 100 проценти рециклиран материјал и ни носи пет екстремно убави модели. Волната ќе донесе допир на топлина и удобност во просторот, а сепак е одржлив текстил. Дабовите и оревите ламели се украсени со остатоци од дрвени делови кои претходно не ги исполнуваат високите стандарди на униформираното совршенство. Сега несовршеноста се почитува, а дизајнерите се стремат да ги истакнат овие уникатни дрвени карактеристики.
Не ја игнорирајте емоционалната благосостојба на вработените
“Најуспешните организации го фокусираат своето внимание врз придобивките од вработените како средство за стекнување емоционална, финансиска и конкурентна предност”, вели Tom Rath, истражувач, автор и режисер, кој ја проучува улогата на човековото однесување во бизнисот, здравјето и благосостојбата.
Респектабилните лидери можат да ја подобрат емоционалната благосостојба на вработениот преку создавање на работно место каде вработените можат да бидат онакви како што се, каде што тие сметаат дека нивната околина е доверлива и автентична и каде што тие сметаат дека нивната работа има цел. Дизајн кој е фокусиран на човек кој вклучува топли и удобни простори може да им помогне во тој напор. Во Delight можете да најдете широк спектар на различни ткаенини и широка палета на бои кои можат да го надополнат вашиот простор и да помогнат при уредување на работниот простор, а исто така да се води сметка за издржливоста на материјалот, што ќе ги освежи умовите на вашите вработени!
Delight Office Solution