Секој ден, компаниите ги поттикнуваат нивните вработени да бидат покреативни. Но, што тоа значи во една канцеларија ?

“Продуктивноста на работното место не е пристигнување од точка А до точка Б на најбрз можен начин, туку завршување на работата на најефикасен можен начин притоа одржувајчќи го нивото на среќа и благосостојна“ – кажа Jamie Fertsch директор и ко-основач на XDesk. американска компанија која создава индивидуални, ергономски клупи од еколошки материјали.

Во процесот на дизајнирање на брендирани маси, Fertsch открила колкаво влијание има индивидуалниот простор на нивната работа. “Вашиот индивидуален  работен простор е еден од неочекуваните фактори кои влијаат на продуктивноста”, рече таа. “Без оглед дали пребарувате низ вашите фиоки за да лоцирате важен документ или имате премногу дремболии, чистото и едноставно уредено биро е клучот за вашиот успех”.

Се прашувате како да создадете креативна работна средина ? Fertsch ги сподели нејзините совети за созадвање на работен простор што ја поддржува продуктивноста  и фокусираноста на прво место.

Создадете можности за движење

“Најдобар начин да останам фокусирана за време на долгиот работен ден е потврдата кога ќе го достигнам плафонот на продуктивноста и ќе користам чести и кратки паузи, со цел да добијам нова перспектива на она што го работам“ рече Fertsch.

Истражувањата се потврдуваат; Многубројните научни трудови покажуваат дека кратките паузи  во текот на работното време ја подобруваат продуктивноста, при што така движејќи се за време на истите, може да се намали стресот и да се подобри здравјето.

Компанијата Fertsch прави бироа за седење кои ги поттикнуваат менувачките позиции и слободното движење низ целиот работен ден. Но, можете да создадете и други можности за движење во вашиот работен простор. На пример, ставањето на машината за копирање или телефонот од спротивната страна од просторијата на компјутерот или поставувањето централен ладилник за вода кој создава причини вработените да стојат и да се движат.

“Продуктивноста директно не е поврзана со времето потсветено на задачите”, истакнал Fertsch. “ Според тоа, важно е да бидете сигурни дека се надградувате и надополнувате одвреме – навреме”.

Засадете растение.

Понекогаш неочекувани промени имаат голем ефект на продуктивноста, рекол Fertsch, како на пример одгледувањето на растение на вашето работно биро или во вашата канцеларија. “ Би сакала мојот простор да го направам да изгледа повесел”.

Fertsch изјавила дека засадените растенија не се традиционален метод за креирање на продуктивна работна средина, но тоа не значи дека нивното влијание е имагинарно. Во 2014 година, истражувачки тим во Обединетото Кралство утврдил дека одгледувањето на растенија во канцеларијата ја зголемува продуктивноста за 15 проценти, заедно со зголемување на работното задоволство и со тоа како посветените вработени се чувствуваат на работа.

Користете ги додатоците од технологијата во домот.

Паметните телефони, таблетите и другите додатоците од технологијата можат да ви помогнат да бидете организирани и ефикасни. Но, исто така тие можат да ви го потрошат залудно времето. Истражувањата откриле дека паметните телефони негативно влијаат на  дневната продуктивност. Анкетата на персоналот на фирмата OfficeTeam открила дека во просек, вработените во канцеларијата трошат близу пет часа неделно користејќи ги нивните мобилни уреди за нешта кои не се поврзани со работата. Тоа е повеќе од половина работен ден.

За Fertsch, најдобриот начин за да се избегне залудно потрошеното време е да се користат додатоците од технологијата во домот и да се остават во него. “ Овие денови, толку многу екрани се повеќе ни го одвлекуваат вниманието, па затоа креирајте “дом” за вашите паметни телефони, паметни часовници, и други потенцијални оттргнувачки додатоци, препорачува Fertsch. “ Чувајте ги нив на одредено место додека работите за да не бидете маргинализирани од постојаните известувања.”

Испразнете ги фиоките и користете ги за вашиот телефон и за другите технолошки додатоци. Ако тие се надвор од вашиот поглед, нема да бидете доведени во искушение да ги проверувате во текот на денот.

Одржувајте чисто.

Општо позната мудрост вели дека неуредно биро е знак на креативен ум. Но, Fertsch открива дека одржувањето на чисто биро е клучно за да се биде продуктивен.

“ Секој ден посветете неколку минути за да го средите работниот простор” препорачува таа. “ Тоа можете да го направите така што ќе ги отстраните непотребните предмети и ќе поставите ваш одреден систем на организација, па нема да бидете под влијание на вознемирувања и прекини.

Неуредни работни средини со голема веројатност ќе креираат повеќе проблеми отколку идеи. Според истражувањето на Brother International Corporation, вработените во канцеларија посветуваат еквивалентно по 38 часа – приближно цела работна недела – барајќи изгубени  или преместени предмети секоја година. Цената за таа неорганизираност е близу до 89 милијарди долари годишно.

Во прилог, чистењето и организирањето  на нејзиниот работен простор, Fertsch поставува нејзина “то-до” листа со цел да не троши  залудно време на почетокот од работниот ден. На крајот од денот, таа седнува и запишува што треба да заврши наредниот ден. ”Ова ми помага да имам преглед што сум постигнала во денот и како би можела да одам напред кон подобро завршена работа утре.”

Персонализирајте го вашиот простор умерено.

Персонализирањето на вашиот простор може да ја зголеми емоционалната конекција со вашата работа, но одржувањето на организираноста на работниот простор значи и ограничување на нередот. За да го постигнете вистинскиот баланс, Fertsch препорачува лимитирање на личните предмети на оние кои се особено значајни или корисни.

“Додека предметите што не ги користите честопати не треба да заземаат вредно место на бирото, јас сепак сакам да го прилагодам мојот простор кон мојата визуелна страна “, рече Fertsch. Во прилог на зајакнување на продуктивноста, таа држи личен десктоп календар, кој и помага да остане на вистинскиот пат низ работната недела.

Таа исто така препорачува да се одберат предмети кои ве инспирираат за да бидете продуктивни. ” Сакам да чувам врамена фотографија од моите деца на моето биро”, рече Fertsch. “ Toa се тие кои ме одржуваат да бидам мотивирана низ денот”.

Без разлика дали имате десетици вработени или сами работите од дома, поставувањето ефикасен, личен работен простор е една од најдобрите работи што можете да ги направите за вашата продуктивност и ментална благосостојба. “Секогаш ќе има објективни цели поставени на работното место”, додаде Fertsch. “Но, продуктивноста исто така може да биде лична, поради што е важно да се поттикне канцелариска култура каде вработените ќе сакаат да го дадат својот 100 процентен придонес во секое време”.

Katharine Paljug

For a better day @ work!
Пријавете се на
Delightful News
и
дознајте ги најновите канцелариски
трендови и решенија

Билтен зачленување