Преминот во канцеларија од отворен план е голема промена која може да влијае на вашиот простор на повеќе начини од што очекувате. Доста вообичаено е луѓето да се одлучат за ваква промена во канцеларискиот дизајн, а предоцна сфаќаат дека некои од најважните работи не ги зеле предвид – како можноста за складирање на личните работи.
Отворените простори носат едноставни предизвици кога во прашање е чувањето на личните работи. Секој вработен носи свои работи во канцеларијата, капут, чанта или други лични предмети, кои ги носат поради персонализирање на своето работно место. Бидејќи во канцелариите од отворен план се е видливо, важно е да се најде начин таквите простори да останат организирани. Проблемот е во тоа што полиците и останатите оддели за складирање најчесто се поставуваат на ѕидовите или преградите, па е голем предизвик да се најде начин на складирање во простор каде нема многу ѕидови. Складирањето во канцеларии од отворен план не е невозможно, но во секој случај бара различен пристап.
Ако се одлучите за канцеларија од отворен план, не значи дека мора засекогаш да се откажете од полиците. Не само што тие се важни како додатен простор за складирање, туку можете да ги искористите и за поделба на просторот на помали делови. Клучното е во пронаоѓањето полици кои изгледаат добро од секој агол. Многу полици се дизајнирани за поставување на ѕидовите, а не за да стојат во средина на просторот.
Freewall2 е одлично решение за организација и обликување на вашиот простор, без да го замешате и архитектот. Тоа е самостоен елемент кој може да послужи како просторна преграда, регал, склад за вашите технички предмети, поврзување на два работни оддела и уште многу. Комбинирањето на полиците заедно со работните столици им овозможува на луѓето да ги чуваат своите лични предмети на дофат, а истовремено и нередот ќе биде под контрола.
Совршеното решение за различни работни средини можете да го погледнете на линкот подолу:
https://www.delightoffice.mk/p/канцелариски-мебел/просторни-решенија/free-wall-2-5/
Извор: https://myturnstone.com/blog/rethinking-personal-storage-in-the-open-office/
Автор Turnstone.com