Горди сме што и оваа година сме препознаени како „best-in-class“ претставник според перформансите на програмата @Steelcase Platinum Partner 2022.
Steelcase Platinum Partner Program им доделува признание само на оние претставници кои ги исполниле сите критериуми за доделување на овој статус; вклучувајќи остварување на извонредни деловни резултати и финансиска способност, континуирани заеднички активности на брендовите, како и инвестирање во вработените и задоволството на клиентите! Непрекинато ги унапредуваме работата, процесите и искуството со клиентите, поради тоа Platinum Partner ни носи големо признание и доказ за вистинското партнерство кое го изградивме со Steelcase.
Честитки до сите наши вработени кои заедно успејаа да постигнат извонредни резултати и до сите наши лојални клиенти и партнери за успешната соработка!
Delight Office Solution