Канцелариите од отворен тип или попoзнати како “open space”, се динамични и без приватност, но корисни бидејќи вработените создаваат подобри односи и работат во тим.

Оргиналната идеја на отворената канцеларија е замислена уште во 1950 од страна на тимот во Хамбург, кој мислел дека со тоa ќе се олесни комуникацијата помеѓу вработените.

Денес околу 70 % од сите работни простории го прифатија овој тренд и поради тоа претпоставуваме дека функционира. Но, некои резултати покажуваат поинаку. Ќе ги анализираме проблемите и предностите – дали отворениот простор функционира и зошто некои вработени сепак се кријат зад прегради.

Предности на отворените канцеларии

Концепт кој ги руши зидовите во денешниот работен простор: Отворените канцеларии би требало да го подобрат работниот процес и комуникацијата. Звучи разумно? Можеби и не.

Еден извадок навестува дека модерните компании го прифатиле овој концепт, а како предност ја посочуваат подобрата комуникација, соработка и брзина на работа и дека од таа причина предлагаат да се срушат бариерите и зидовите. Исто така истакнуваат дека лидерите на агенциите забележале позитивни предности и зголемена продуктивност како резултат на ова.

Но, што се случува со приватноста и со доверливиот телефонски разговор и слично?

Недостатоци на ваквиот концепт

  1. Кај вработените не постои продуктивност и задоволство, благодарение на недостатокот на приватност.
  2. Немаат простор кој е наменет само за нив
  3. Не се покажуваат и не се признаваат различни начини на работа
  4. Се форсира креативноста, бидејќи сите очи се вперени во вас,но дали тоа е добро решение?

open-office-space

Вработените се пожалиле дека се премногу отворени и изложени, во комбинација со премногу бучава и не се доволно сконцентрирани. Секој има свој ритам. Луѓето доаѓаат на работа во различно време, прават пауза во различно време, сакаат да се движат во различно време и најпродуктивни се во различно време од денот. Работа на менаџментот е да го прилагоди сето тоа и да создаде простор каде сите тие конфликти ќе се надминат.

Изгледа сите побрзаа да ги срушат сите зидови на работните места, но сега сакаат да направат враќање на зидовите. Се обидуваат преку дизајнот да создадат модерно опремени канцеларии,односно да ја постигнат златната средина, без враќање на сите зидови. Од таа причина креиран е нов концепт.

На пример, еден Microsoft тим се одлучи за затворени и приватни канцеларии, а кога треба да соработуваат, едноставно се состануваат во ходник каде имаат заеднички разговори. Кога ќе завршат, само се враќаат назад во својата приватност.

Од друга страна, наместо вработените да се состануваат по ходниците, постои нов канцелариски концепт, кој комбинира комфорен простор каде вработените можат да седат заедно и да соработуваат. Овој концепт е избалансиран со приватни телефонски простории и затворении простории за состаноци. Изгледа дека навистина, некои зидови се неизбежни во модерните канцеларии.

office-thecoolhunter_net

Зошто концептот на отворени канцеларии ќе опстане?

Покрај сите порасти и падови, трендот на отворен канцелариски простор, се чини дека е присутен во еден или друг концепт.

Оние кои моментално работат во отворени канцеларии научиле дека не е секогаш лесно, сигурно или пријатно да се работи во open space и дека секој бара работен простор, каде ќе биде мирно и каде што може да размислува или каде што не ги слуша колегите од спротива кои телефонираат и сл.

Исто така, понекогаш е потребно луѓето да се состануваат и да работат заедно, за полесно и побрзо да дојдат до решение и да ја завршат задачата, а за тоа секако е потребен заеднички простор. Соработката е неопходна во работењето, бидејќи повеќе луѓе значи повеќе вештини и начини на размислување.

Да, овој тренд најверојатно ќе остане присутен засекогаш, но сепак неколку прегради се навистина неопходни.

For a better day @ work!
Пријавете се на
Delightful News
и
дознајте ги најновите канцелариски
трендови и решенија

Билтен зачленување