Многу време и енергија трошиме правејќи ги нашите домови совршени. Избор на боја, купување на мебел, прикачување на фотографии. Има логика – поголем дел од нашето време поминуваме дома, зарем не?

Многумина од нас поминуваат исто толку, ако не и повеќе време во канцеларија. Па дури и да не е вистина тоа, понекогаш чувствуваме како да е така. Разбирливо е дека среќната работна околина може да ни помогне да работиме подобро. Ако нашите маси се нашиот “дом ” преку ден, зошто да не ги оптимизираме за поголема удобност и продуктивност? Еве неколку неопходни работи кои може да им помогнат на работниците, за подобро да го искористат работниот простор.

Канцелариска маса
Целодневното седење го викаат “смртносна активност”, додека Др. Џејмс Левин го нарекува “седечка болест”. Мислам дека тоа е доволна причина што многу луѓе преминуваат од класичните канцелариски маси на маси на кои може се работи стоејќи. Токму поради тоа и ние ги препорачуваме.

Канцелариска столица
Дури и кога повеќето вработени би поминале на вакви маси (на кои се работи стоејќи), на многумина и понатаму ќе им биде потребна и столица за таа маса. Најдобрите столици се ергономските, а поради тоа ја препорачуваме Steelcase B Free Sit Stand.

25

Пренослив полнач
На крајот од денот заминувате од работа се уште размислувајќи за многу активности како: каде на вечера, во кое време имате состанок итн, но погледнете на вашиот телефон му се испразнила батеријата. Едноставно решете го тоа, така што со себе секогаш ќе имате пренослив полнач.

For a better day @ work!
Пријавете се на
Delightful News
и
дознајте ги најновите канцелариски
трендови и решенија

Билтен зачленување