Несомнено, сите сме дел од моменталните шпекулации кои влијаат на дизајнот: Како ќе изгледаат работните простории после COVID-19? Што ќе се промени? Што повеќе нема да функционира?
Иако е тешко да се знае колкаво влијание ќе остави корона вирусот, се чини дека по враќањето на работа, луѓето повторно ќе се фокусираат на:
Потребата за физичко растојание бара промена на канцелариските простории во насока за поврзување и соработка меѓу луѓето. Растпкамоетп од 2 метри е доволно, бидејќи луѓето не се премногу оддалечени за да можат да соработуваа. Тие се друштвени, па како вие како дизајнер можете да ја олесните интеракцијата, а истовремено да ја зачувате сигурноста? И како модуларните подови би можеле да играат улога во дизајнерските решенија?
Освен насочување…
Подот може да биде важен алат за пронаоѓање на насоките. Но, тоа може да влијае и на однесувањето. Освен поединечна навигација низ просторот, пронаоѓањето на насоките може да стане пракса наречена „фокус на нас„ која може да ја препознае улогата на поединецот при чување на својата и туѓата сигурност.
Подот е главен елемент на дизајнот кој може да ја обликува нашата перцепција, искуство и однесување. Подниот дизајн го користиме за естетика, обележување и формирање насоки, но сега истиот ќе се истакне и во поглед на сигурноста. И додека размислуваме за социјалните норми, визуелните знаци на подот можат да ни помогнат да останеме поврзани и покрај безбедната оддалеченост.
Поставување на дизајнерски елементи кои создаваат сигурно растојание може да биде буквално, како на левата слика или едноставно може да сугерираат димензионална поделба со помош на детали кои креираат граници, како на десната слика. Сите слики се само сугестивни, бидејќи овие норми може да се променат.
На пример, во ходниците може да се направат едносмерни и двосмерни патеки или да се направи растојание со одвоени елементи по средината. Во отворените простории подот може да прави зони околу мебелот. Флексибилноста на подот овозможува да се направат граници со помош на линии, рабови и бои, и можете да бидете перспективни или суптилни колку сакате.
Модуларните подови имаат предност поради вградените математички елементи кои овозможуваат едноставно мерење. На тврди и меки подни облоги во форма на квадрат или правоаголник, дизајнот станува не само естетски удобен, туку и супер функционален. Модуларниот под можете да го користите за вградување сигнализација која поттикнува функционирање на сигурно растојание.
Брошурата од Interface “Designing for distance” нуди инспирација за создавање граници, зони и насоки низ различните видови простории.
Белешка: Овој текст е напишан во соработка со Sonja Lehner
Извор: https://blog.interface.com/designing-for-distance/