Откријте го новото решение кое на подвижните тимови им овозможува контрола над сопствените работни простории. “Ова е сосема поинаков начин на планирање на просторот. Најчесто планирате, па го местите просторот и така останува. Меѓутоа, со помош на Steelcase Flex колекцијата вие се одлучувате за флексибилност. На вработените им даваме делови и им покажуваме како можат да ги постават, но нема погрешен начин на конфигурирање”, вели Jamie Pell, дизајнер во Steelcase.

ПРЕГЛЕД НА ДИЗАЈНОТ

“Креативните тимови најчесто работат на компјутери и користат многу физички помагала. Тие изработуваат документи и слики и им треба многу простор за истите да ги покажат”, вели Pell.

Комбинацијата на аналогни и дигитални дисплеи на членовите на тимот ќе им го олесни прикажувањето и представувањето на проектите на кои работат. Steelcase Flex Board Cart количките овозможуваат таблата да се преместува низ канцеларијата, а нејзината ѕидна шина и полица поддржуваат истовремено повеќе визуелни прикази. Покрај тоа, Microsoft Surface Hub 2S и Steelcase Roam мобилните полици ги прават дигиталните содржини уште по достапни.

Членовите на тимот можат да седат или стојат околу тенките Steelcase бироа од Flex колекцијата, имајќи доволно место за лаптоп и за утринско кафе.

ТИМСКО РАЗМИСЛУВАЊЕ

Акустичните граници и белите табли создаваат идеални простории во кои идеите слободно циркулираат во текот на креативното тимско размислување. Самостоечките тенки бироа ги држат активно вклучени сите учесници во разговорот.

“Ако добро го осмислите дизајнот на просторијата, ќе вклучите повеќе мали зони за размислување и делење на идеи. Steelcase Flex Acoustic Boundary мобилните панели ќе ви овозможат да го поделите поголемиот простор на помали специјализирани зони”, вели Anne Sprague, дизајнерка во Steelcase.

Интегрираните држачи можат по потреба да држат табли и самостоечки паноа во одредена позиција, што ќе ви овозможи прикажување на содржините и вертикално и хоризонтално. Освен тоа, во Steelcase Flex корпите и чашите може да се чуваат маркети, стикери и спајалици, а тие може да се постават и на бироата.

ДИЗАЈНЕРСКА РАБОТИЛНИЦА

Лесно е да се собере тим за дизајнерска работилница – се што е потребно е да се спојат четири Steelcase Flex самостоечки бироа.

“Овие бироа може да се користат и реконфигурираат на многу начини. Тоа е особено важно за креативни тимови на кои им е потребна активна соработка, како заедничко размислување и делење идеи. Бироата имаат тркалца што го прават нивното поместување многу лесно, но не по цена на стабилноста каква што традиционалните тркалца не дозволуваат – без да ги заклучите”, вели Sprague.

Во ситуација кога се опкружени со самостоечки паноа, членовите на тимот лесно можат да дојдат до сите потребни информации и идеи. Покрај тоа, Steelcase Flex Power Hanger продолжниот кабел го олеснува полнењето на уредите за време на движењето по канцеларијата. Овој кабел може да се закачи на бирото или на полицата, а ќе ви овозможи и уредно да ги соберете каблите, што значи дека нема да мора веќе да ги влечете и отплеткувате под бирото.

ЛИЧЕН ФОКУС

За моментите на фокусирање, Steelcase Flex Free-Standing паноата со магнетни рабови ќе им овозможат на членовите на тимот да се одделат, одбирајќи една од бројните можни конфигурации.

“Овие паноа можеме да ги употребиме на многу начини. Можеме да ги поврземе и така да го поделиме просторот на мали приватни катчиња. Подоцна, кога ќе дојде време за соработка, само се раздвојуваат и може да се користат за приказ на прикачената содржина”, вели Pell.

Тенките самостоечки бироа ни овозможуваат да го одбереме држењето на телото – дали сакаме да седиме или стоиме. Интегрираната подлога за нозе обезбедува удобност и е одлично решение за оставање на личните предмети. Вгаденото напојување со еден кабел има до седум штуко приклучоци, а незнависно од него можете лесно да го поместувате вашето бирото.

Сакате ли да истражувате повеќе начини за работа со Steelcase Flex колекцијата? Контактирајте ги нашите консултанти за работни места.

Извор: Steelcase.com

For a better day @ work!
Пријавете се на
Delightful News
и
дознајте ги најновите канцелариски
трендови и решенија

Билтен зачленување