На секое работно место, крајна цел е здравјето и благосостојбата на вработените. Работната околина во која е развиена свеста за здравјето ги штити најзначајните инвестиции во компанијата и обезбедува најголема продуктивност, ефикасност и иновации.
Бирото Ology прилагодливо по виситна ја поддржува физиологијата и биологијата на вработените и ја зголемува свеста за поздрава работна околина.
Вработените се се повеќе мобилни, делат бироа, постојано соработуваат и се изложени на милиони бактерии од работните површини. Бактериите се таложат на работната површина и 80% од инфекциите може да се пренесат со допир. Бирото Ology е достапно со природна и високо ефикасна антибактериска заштита Bactiblock® вградена во компонентите на бирото. Во исто време, меките рабови на површината значително го намалуваат нездравиот притисок врз зглобовите и заморот во вратот и рамењата.
Оваа издржлива и долготрајна заштита за најчесто допираните области на работната површина ја поддржува благостостојбата на секој корисник на бирото Ology, посебно кај организациите со мобилно користење на работните бироа.
Steelcase ја разви апликацијата Rise, со што на вработените им се овозможува контрола на благосостојбата на работното место. Кога корисниците ќе ја поврзат Rise апликацијата со кое било компатибилно биро, зачуваните поставувања автоматски се применуваат, притоа заштедувајќи време и внимание на корисниците без оглед во која канцеларија или простор работат.
Во прилог на движењето на телото и дневните работни активност, може да се постави потсетник за промена на положбата на телото во текот на работниот ден. Со тоа се поттикнува поздраво, посреќно и попродуктивно работно опкружување.
Извор: https://www.steelcase.com/eu-en/products/desks/ology/