Запознајте се со Steelcase Series 2!
Палета од неколку изведби на работната столица Steelcase Series 2
Пред две години Steelcase ја лансираше работната столица Series 1 со амбициозна цел како никогаш до сега да ги приближи различните перформанси, стил и широк избор.
Најпродаваната столица на Steelcase – Series 1
Водејќи се од глобалниот успех на својата најпродавана канцелариска столица, Steelcase повторно воодушевува и го претставува новиот член на семејството Series – работната столица Series 2.
Steelcase Series 2изведба со прошиен наслон
Steelcase Series 2 користи Air LiveBack технологија која пружа континуирана поддршка на рбетот и освен пластичниот воздушен наслон или ткаенината 3D Microknit во 19 бои, нуди две можности за тапацирање. Распонот на достапни изведби се вклопува во скоро сите околини – од простор за фокус и соработка, до домашните канцеларии и простори кои бараат едноставни решенија.
Приказната позади Air LiveBack технологијата е креирање едноставна комплексност. Креирано е решение кое ги поддржува промените на сите телесни положби и потткнува подобро дишење и циркулација. Со употребата на конвенционални материјали, тоа често тешко може да се постигне, па оттаму се бараа нови начини…
Достапни изведни на грбонаслонот – Steelcase Series 2
“Наша цел беше да создадеме лесно дишење и едноставно чистење, но примарната цел беше да се осигура потпора на рбетот која ќе е флексибилна, а тоа бараше нешто поразлично, бараше иновација. Имавме потреба од облик кој истовремено може да се прошири и хоризонтално и вертикално, од внатре и од надвор, потпирајќи го движењето на рбетот. Облик кој може да биде и голем и мал, и тенот и дебел, без можност да ја изгуби својата функционалност.”
Дизајнерскиот тим Steelcase
Брановидна изведба на воздушниот наслон
Воздушен и транспарентен, брановидниот грбонаслон е доволен да пружи потпора за секој дел од рбетот. При движењето се витка во две димензии како би создал прилагодлив, персонализиран комфор и удобност за секој корисник.
Целата приказна за дизајнот погледнете ја на видеото.
Извор: Steelcase.com