Утро е, сеуште сте во постела а веќе со раката посегнувате по мобилниот телефон и сонливи поминувате преку непрочитаните меилови… Веќе имате околу 10-тина, а сеуште нема ни 8 часот. Во ред, си мислите ќе постигнам се. Во автомобил ќе одговорам на неколку од нив, а подоцна ќе ги завршам останатите, кога ке можам помеѓу неколкуте состаноци.
Наскоро , ете сте пред компанијата, седнувате на брзо кафе со колегата во кафуле како би се договориле околу денешниот распоред и важниот состанок кој ќе биде по ручек. И пред да порачате, го прашувате келнерот – кој ви е кодот за WiFi, а низ мислите ви поминува – среќа што денес се е online, па заедно со колегата можете во кафуле да ја завршите важната презентација.
Помалку неудобната столица ве потсетува на тоа колку е променет начинот на работа…
Ви звучи познато ?
Веруваме декаој секој од Вас барем еднаш се нашол во ваква ситуација.
– Факт е дека начинот на работа е променет од темел и денес се одвива насекаде – во кафуле, кревет, автомобил, преддворјето на хотелите… – горчлива тема последниве години – како би требало да изгледа современиот работен простор кои ги исполнува сите потреби на своите вработени.
Компанијата Delight својата репутација ја изгради свесна за тие тектонски промени. Во своето CV имаме повеќе од 700 клиенти на кои сме им помогнале да го усогласат навидум спротивставеното.
Од глобално корпорации, до мали домашни почетници, луѓе кои денес од канцеларијата очекуваат нешто сосема поинаку отколку пред 10 –тина години. Очекуваат добра и поттикнувачка атмосфера и оттргнување од приватните проблеми. Го очекуваат кафулето во кое толку добро се чувствуваат, но и удобноста на сопствениот дом во кој најдраго престојуваат.
Сето тоа вклопено во работен контекст, во опкружување во кое технологијата е присутна, дури тогаш станува најдобро место за работа. Дури и подобро од кафуле бидејќи ви овозможува повеќе приватност, но е подобро од дома бидејќи присутноста на колегите е незаменлива – ваквото разбирање на канцеларијата во која го поминувате најголемиот дел од времето бара комплексен пристап.
Токму затоа Delight внимателно ги бира своите партнери, кои се од редот на светските водечки компании во својата област: Steelcase, Interface, Deko, Fornasarig… чии производи веќе години наназад во Србија и регионот ги уредува канцелариите на компании како што се Unilever, Microsoft, Beiersdorf, Hewlett Packard, Heineken, …
Со вимателно планирање на просторот на клиентот се постигнува тоа да нивните канцеларии станат токму такви места. Архитектура, стаклени и преградни ѕидови, подни облоги,канцелариски мебел и технологија; елементи во сложувалката која тимот на Delight секогаш однова ја составува, зeмајќи ги во предвид потребите на луѓето кои го користат просторот, што често пати не е лесно бидејќи клиентите имаат ограничен буџет, ограничен број квадратни метри, сакаат да ги исфрлат или подобро искористат ходниците, како и секој дел од работниот простор.
Односот “вложено – добиено” се повеќе е застапено како потреба. Решенијата кој Delight секогаш ги препорачува се: овозможете им на вработените сами да го одберат местото и начинот на кој ќе го завршат она што е предвидено за денес.
Ако сакаат со кафе, тогаш со кафе. Креативноста и мотивацијата се најбитни и ако тие две работи се на соодветното ниво успехот нема да недостасува.
И секако вклучете ги вработените во процесот на планирање, бидејќи тоа ќе ви се врати таку каде што е најпотребно: на резултатот на крајот од годината, во канцеларијата која сега има бифе,кафуле и комфорот како дома.
ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ