Не е тајна дека оригиналноста е приоритет. Откако сфативме дека треба да ги прифатиме сопствените несовршености поради кои можеме да се истакнеме од масата, единствените и специфични детали ја победија едноличноста. Оваа промена на перспективата влијае на сите аспекти во нашиот живот, вклучувајќи го и работното место.
“Луѓето бараат автентичност. За разлика од трендовите кои ги движи технологијата, воочивме пораст на свеста за околината и се поголема популарност за рециклирање на луксузните предмети” – вели Џули Јонехара, дизајнерка за површински материјали во компанијата Steelcase.
Комбинирајќи ги потребата за автентичност и постојана посветеност на одржливоста на материјалите, компанијата Steelcase откри начин на кој на купувачите може да им понуди единствени парчиња кои се убави, безвременски и еколошки прифатливи. Парчињата неискористена ткаенина се собираат и се прешиваат во нови текстилни производи. Парчињата дрво, кои порано никој не ги вреднуваше, бидејќи најчесто се нерамномерно пресечени, сега се најактуални ѕвезди меѓу единствените парчиња.
Кожата го доби своето место.
Природната кожа е најдобриот проповедач кога зборуваме за древниот процес кој на луѓето им даде изворен и одржлив материјал.
Фабриката за производство на кожа со седиште во Вирџинија, која во 1993. година ја основал Donald Graeme Moore, е најновиот партнер на компанијата Steelcase. Повеќе од 85 години оваа компанија има мисија да ги обогати и осигура производите за своите клиенти, купувачи и за заедницата.
“Веруваме во добар избор, а не во чести промени. Најодржана пракса во светот е користење на материјали кои во текот на времето стануваат се подобри, наместо да се трошат. Кожата е еден од тие материјали.” – вели Calfee.
За компанијата Moore & Giles партнерството со компанијата Steelcase има голема смисла, бидејќи и двете компании веруваат во одржувањето односи за создавање и одржување на господарски, еколошки и социјални услови кои им овозможуваат на луѓето и заедниците да го остварат својот полн потенцијал.
“Воочивме пораст на свеста за начинот на кој еден производ се лансира на пазарот, од каде доаѓа и како е создаден. Нашата природна кожа е силен доказ дека постои огромна желба за автентични производи, бидејќи на нив се гледа вистиснки вложен труд.” – вели Calfee.
Стопостотната кожа добиена од маслинов лист, која ја произведува фабриката Moore & Giles, сега е достапна и во понудата на компанијата Steelcase под името Terra. Се произведува во Шпанија со посебен „wet-green„ процес, во различни живописни бои, со што пружа поглед во светот на одржливата кожа. Оваа еколошки прифатена метода се базира на користење на отпаднати лисја од маслина, а наликува на припремање чај.
После изложеноста на сонце, кожата се суши на отворено, а процесот завршува со додавање на природно масло. Така произведената кожа има природна убавина и ги прикажува сите својствени карактеристики.
Со преку 110 вработени, главно во Линчбург, тимот работи во истиот претприемачки и автентичен дух во кој се и основани.
“Кога еднаш ќе ја видите, почувствувате и помирисате нашата кожа, нема да сакате да прифатите ништо помалку од тоа – велу Calfee. А тимот на компанијата Moore & Giles го претвора одењето на работа во вистинско весело патување.”
Разгледајте ја галеријата слики за да дознаете повеќе за другите одржливи површински материјали на компанијата Steelcase: https://www.steelcase.com/eu-en/finishes/
Извор: https://www.steelcase.com/eu-en/research/articles/topics/finishes/attainable-sustainable-leather/
автор: Steelcase.com