При дизајнирањето на работен простор за денешните вработени, најдобри резултати ќе постигнете ако се фокусирате на нивните потреби, и работното место го претворите во инспиративна и удобна средина, која ќе ги стимулира вашите вработени.

Одвојте еден момент и опишете што ќе ви дојде на памет кога размислувате на модерна работна просторија. Веројатно во глава веќе имате слики од тенок, вграден мебел и минималистички украси. А сега, наместо да размислувате за просторијата, насочете ги своите мисли кон модерниот маж и модерната жена. Тој или таа најверојатно брзаат на следниот состанок, припремајќи ги говорите што треба да ги одржат, одговарајќи на СМС пораки и притоа разговарајќи со некој од колегите – се во свое време. Запрашајте се: Дали сликата на модерна просторија која ја замисливте ги задоволува потребите на модерните вработени?

FRAMERY 20150209 Phone booths, Helsinki

При дизајнирање на просторот за денешните вработени, најдобри резултати ќе постигнете ако се фокусирате на нивните потреби и работното место го претворите во удобна околина која ќе ги стимулира вашите вработени. Мобилните технолигии се чинат како добар начин за работниците да бидат активни и во движење. Меѓутоа, тие не се доволни. Потребата за соработка, тимска работа или пак за концентрација на одреден индивидуален проект, се само некои од причините зошто вработените се враќаат во своите канцеларии. Изгледот на работниот простор доби голема важност, а тоа поттикна ренесанса во подрачјето на дизајн на работниот простор.

Како што вработените се повеќе се враќаат во канцелариите, застарените работни простори нема да можат да ги задоволат нивните потреби. Новите работни простории треба да бидат комбинација од модерен изглед и автентични вработени. Во убави простории се исплати да се вложува само доколку се и продуктивни.

Delight Office Solution ви нуди решенија за целокупната потреба на работниците, и во овој прилог ќе ви предложиме 6 начини за модернизирање на работниот простор. Како вработените ќе се чувствуваат во просторот е подеднакво важно како и нивното физичко здравје, вклучувајќи ја и способноста за решавање проблеми. Застапувајќи ја комплетната добросостојба на вработениот (физичка и психичка), ви даваме 6 предлози за модернизација на работниот простор.

  1. Слободно искреирајте го вашиот простор

Како и природниот здрав екосистем кој се одликува со разноликост, и вашата канцеларија мора да се состои од различни простории соодветни за извршување на различни задачи. Нека вашите вработени сами одберат од каде ќе работат, независно од тоа на која позиција се. Големи состаноци, разговори во мали групи и сигурна приватност во моментите на индивидуална работа се потреби на модерните вработени. Delight Office Solution го предложува новиот модел Framery 2Q кој ја удвојува вашата ефикасност при среќавање и размена на идеји во групи од 4-6 личности, користејќи звучна изолација која спречува создавање на бучава во работниор простор. Внатрешноста на Framery телефонската кабина можете да ја уредите по своја желба и притоа да создадете сопствена пријатна атмосфера за работа. Техничката станица ви овозможува фиксна компонента со 3 приклучоци и 2 двојни USB полначи со можност за бирање  на наслонот или бела плоча. Доста атрактивниот и футуристички дизајн истовремено представува практично и модерно решение за секој канцелариски простор.

  1. Поттикнете движење и работа во различни положби на телото

Овозможете им на работниците да работат во онаа положба која најмногу им одговара – лежејќи, стоејќи, седејќи, одејќи итн. Нашиот прв предлог за прилагодување на различните телесни градби на секој вработен е автоматско-прилагодливата работна маса на бирото Ology. Покрај прилагодливата висина на работната површина, Ology бирото содржи и додатна поддршка за корисниците наспрема потребата од технологија, приватност и соработка.

Модернизирајте ја вашата канцеларија на стратешки начин со прилагодливите бироа:

https://www.delightoffice.mk/p/канцелариски-мебел/канцелариски-бироа/ology-5/

  1. Нека природата ви биде пример

Иако и тоа е важно, не е доволно само да ставите билки во вашиот работен простор – избирајте разноликост наместо едноличност. Вклучете ги природно сложените материјали како и многубројните различни облици, примероци и текстури. Со изборот на модуларните подни облоги Interface можете дирекно да влијаете на подобрувањето на секојдневието на луѓето кои го користат тој простор. Како би создале биофилно опкружување изберете ги Interface подните облоги со чија имплементација истовремено ќе влијаете за заштита на околината со помош на изборот на материјали и процеси кои го намалуваат штетното влијание на еколошкиот систем.

Природно поврзете ги природата и просторот: https://www.delightoffice.mk/подни-облоги/

  1. Мислете на работниот перформанс

Најинспиративните простори треба да им помогнат на луѓето да остварат значаен напредок во својата работа. Во вашиот простор вклопете технологија која на вработените ќе им ја олесни соработката, ќе поттикне придвижување и ќе им овозможи да се фокусираат. Помогнете им на вработените да си го најдат своето омилено место во канцеларијата за ефективно да ја вршат својата работа, и да и дадат на организацијата повратна информација за тоа кои простори навистина функционираат. За зголемување на работниот перформанс Delight Office Solution ви го предложува Media:Skape, дизајнирано решение за поврзување и соработка со помош на интегриран пристап кон технологијата.

Отвори. Спои. Подели: https://www.delightoffice.mk/p/канцелариски-мебел/конференциски-бироа/media-scape-5/

  1. Овозможете им приватност на вработените

Урамнотежете ја желбата за отвореност со потребата за индивидуалната изолираност. Создајте простории кои поддржуваат фокусирана работа како и опоравување од истата. Steelcase Officebricks големата сала за состаноци ви овозможува пристап за состаноци еден на еден, видео конференции, опуштање и други активности кои бараат изолација без напуштање на работниот простор.

  1. Промовирајте го личниот простор

Создајте простори кои се прилагодени на организацијата, како и на поединецот. Самоизразувањето и автентичноста нека ви бидат приоритет, а не совршенство. Модернизацијата на работниот простор не мора да биде ни застрашувачки, ниту пак голем потфат. Ако добросостојбата на вработените ја ставите на прво место, вашата канцеларија може да биде на чело на ренесансните дизајни на канцелариски простори и да се издигне во место на кое сите сакаат да бидат.

Извор: https://www.steelcase.com/eu-en/research/articles/topics/collaboration/6-workplace-updates-for-the-office-renaissance/

Автор: Rebecca Charbauski

For a better day @ work!
Пријавете се на
Delightful News
и
дознајте ги најновите канцелариски
трендови и решенија

Билтен зачленување