Без оглед на пристапот во дизајнирањето на ентериерот, преградните ѕидови имаат одговор на сите прашања. Идејата на корисни квадрати, на крајот се однесува на можноста на просторна адаптација и на многу функции кои се поклопуваат во рамките на еден простор. Во време кога мултифункционалноста на просторот станува императив, мобилните прегради се совршено решение за поделба на големите површини во помали независни единици, било да е тоа за канцеларија, хотел, училиште, конгресна сала или во домот.
Со помош на мобилните прегради, три помали соби за состаноци стануваат една голема сала. Конференциска сала за 150 луѓе, лесно може да биде претворена во неколку училници. Покрај неопходната мулти-функционалност, сопственикот на просторот добива брза и чиста инсталација прекрасен дизајн, а архитектите слобода во создавање на креативни решенија.
Најдобрите просторни решенија се оние каде панелите доаѓаат во различни завршетоци и нивната големина и бројот на модулите може да се прилагодат на индивидуалните барања на проектот. Неопходно е да се обезбеди потребната звучна изолација од најмалку 41dB до потребните 53dB. Со оглед дека нив ги држи плафонскиот профил, елеганцијата на преградите е постигната без дупчење на подот и со многу едноставна манипулација. Меѓутоа, ако не се во употреба, модулите се складираат во посебен шкаф со што се постигнува чист дизајн и подобра искористеност на просторот. Покрај тоа, со атрактивна комбинација од стакло, се постигнува дополнителна транспарентна естетика и визуелен комфорт.
“Со градење да се создаде дополнителна естетска компонента”, е нешто што пред 100 години беше теорија на најхрабрите. Денес станува наше секојдневие, вели Младен Младеновиќ од Delight Office solution.
Овие решенија на пазарот ги обезбедува DEKO, европски лидер во производство на преградни ѕидови, за кој овластен дистрибутер е Delight.
Повеќе информации за www.delightoffice.com/mk