Како просторот + технологијата + луѓето можат да помогнат да ги решат проблемите на 21 век

„Идеите се валута на новата економија.”

Цитатот доаѓа од Richard Florida, економист и општествен научник кој е автор на The Rise of the Creative Class… пред 15 години во 2002.

Florida расправа дека креативната работа не е ексклузивна само за уметнички стремежи туку е фокус на собирање нови идеи и решавање комплексни проблеми. Тој продолжува со тоа дека креативноста е основна вештина која треба луѓето да ја развијат и за градовите и бизнисите да ја негуваат ако сакаат да напредуваат во времето што доаѓа. Тоа беше една идеја која требаше време да се создаде импулс.

Креативното размислување, поим кој се користи за исти креативни стратегии кои дизајнерите ги применуваат во решавање на проблеми, привлекуваше се повеќе внимание. Креативната работа иницираше се повеќе дискусии – и делото на Florida предизвика дебата – бизнис лидерите не губеа време на креативниот оутпут на нивната организација. Тие беа фокусирани на ефикасноста и работа на глобално ниво.

Да премотаме до денес, креативноста е идеја која со времето се докажала, на повеќе фронтови. Градови низ целиот свет негуваат супер средини за креативна работа, како што кажа и Florida. Луѓето кои живееја низ стисокот на трошоци низ повеќе рецесии бараат подлабоко значење и цел од нивната работа, и растегнувањето на нивните мускули ќе помогне за подобро утре. Во меѓувреме, неодамна дипломираните студенти не се задоволни со седење во беж кабини и со рутинска работа, само колку да добијат плата, предизвикувајќи ги вработувачите да ги реорганизираат нивните стратегии за да привлечат нови таленти.

Во исто време, новите технологии станаа толку експоненцијални што се воведоа во „The Fourth Industrial Revolution,” според Klaus Schwab, основач на World Economic Forum. „Ние стоиме на работ на револуцијата на технологијата кој што од корен ќе го смени начинот на живот, работа и како се поврзуваме едни со други,” тој тврди. „По големина, цел и комплексност, трансформацијата ќе биде нешто што досега човештвото го нема искусено.” Соочени со овие видови на напредок – кои што нудат можности како и цврста конкуренција и нарушени пазари – бизнисите сфатија дека не можат да кратат трошоци на пат кон нивниот успех. Тие треба да ја рефокусираат иновацијата. И овој поттик за иновација, во растечки комплексни услови, ја предизвикува макро промената кон креативната работа.

„Креативноста не е линеарен процес. Ниту пак процес што може да се предвиди. Има ритам на различни активности и има потреба од конвергентно и различно размислување.”

James Ludwig, потпретседател, Global Design, Steelcase

Да се разбере креативноста

Во многу организации, креативноста не се крчка спонтано. Повеќето вработувачи велат дека нивните организации не се доволно креативни и повеќето вработени велат дека не го постигнуваат својот потенцијал на креативност на своето работно место, според Adobe’s State of Create истражувањето од 2016. Како контра-аргумент на популарниот мит, креaтивноста не е „Еурека!” момент кој што се случува помеѓу вистински брилијатни луѓе. Креативната работа е процес во кој сите можат да учествуваат, ако условите се вистински. Steelcase и Microsoft ги здружија силите во осмислување на решенија за предизвиците кои организациите и луѓето се соочуваат кога се трудат да започнат креативна работа. За да се разбере улогата на просторот и технологијата во оваа работа, неопходно е да се започне со увид во тоа како креативноста се случува.

„Креативноста не е линеарен процес. Ниту пак процес што може да се предвиди, според James Ludwig, потпретседател, Global Design, Steelcase. Има ритам на различни активности и има потреба од конвергентно и различно размислување, заедно во мали или поголеми групи, и самостојна работа.”

Линеарна работа: Зададени задачи прогресивно завршени

Креативна работа: Луѓе и идеи се разменуваат, конвергираат и репродуцираат.

„Креативноста е инклузивен процес во кој се раѓа нешто ново,” вели Ralf Groene, генерален менаџер на Microsoft Devices. „Бидејќи креативноста станува централно значење за нашата работа, важноста за тоа каде работиме е реафирмирана. Интернетот и мобилните технологии можеби не оддалечуваат од канцелариите, но нашата потреба да се занимаваме со креативна работа не повлекува назад.”

Сепак, и покрај желбата да бидеме покреативни на работа, поголемиот дел од луѓето не веруваат дека користат целиот свој креативен потенцијал. Решението е во пронаоѓање на вистинскиот баланс на ковергентното и дивергентното размислување, и поседувањето на вистинскиот избор на простории и технологии кои ќе ги поддржат сите овие различни нивоа на креативна работа. Во неодамнешно истражување на Steelcase и Microsoft, луѓето ги наведоа работите кои би им помогнале во нивната креативност, да имаат повеќе време за размислување и време како би биле сами без вознемирувања.

„Поддршката за луѓето значи да се обезбеди можност за движење помеѓу индивидуалното и колаборативното време, ритам помеѓу заедничкото решавање на проблем, а потоа самите да работиме со идеите кои се развиле при дискусијата,” вели Donna Flynn, потпреседател на WorkSpace Futures во Steelcase.

Колаборативната страна на креативната работа не е без предизвици, и покрај инвестициите кои организациите ги прават во ова поле. Поголемиот дел од лидерите чуствуваат дека тие ги обезбедуваат вистинските колаборативни работни простории, но само 25% од анкетираните во Steelcase/Microsoft истражувањето се задоволни со своите колаборативни работни места и се оценети како добри за креативна работа.

„Дојдовме до заклучок дека има голема вредност во заедничкото работење на луѓето,” забележува Groene. „ Повеќе не одиме на работа затоа што таму се документите, телефонот и компјутер, или пак дека тоа е единственото место каде што вашиот лап-топ се конектира со коорпоративната мрежа. Сега одиме на работа затоа што таму соработуваме, ги делиме и ги градиме сопствените идеи. Со ова се дава поддршка на различни мислења, комуникација и креирање на супер релеватна задача. ”

Креативноста е основа за решавање на проблеми. Тоа значи дека е тешко, повторливо и неуредно – и често небулозно истражување на непознатото. Исто така значи дека креативната работа е со интензивно побарување – физичко, сознајно и емотивно. Не може само едно решение да е доволно за широката палета на потребите на луѓето.

„Почнавме да гледаме движење од традиционалните коорпоративни канцеларии кон работни места кои повеќе креативни средини- повеќе простории, секој дизајниран за поддршка на луѓето и технологиите кои што можат да ја олеснат нивната работа.”

James Ludwig, потпреседател, Global Design, Steelcase

Создавање на услови за креативност на работното место

Steelcase и Microsoft соработуваат во истражувањето како работното место може да поттикне успешна креативна работа. Забрзувањето на креативноста, тие велат, започнува со разбирање на однесувањето и типовите на креативната работа, а потоа да се замисли како просторијата и технологијата може да помогне.

„Станува збор за интерсекција на дигиталното и физичкото – имајќи го вистинското место и вистинската технологија во вистинското време ” – вели Ludwig. „ Затоа почнавме да гледаме движење од традиционалните коорпоративни канцеларии кон работни места кои повеќе креативни средини – повеќе простории, секој дизајниран за поддршка на луѓето и технологиите кои што можат да ја олеснат нивната работа.”

„Традиционално, технологијата не секогаш била користена при раните фази во креативниот процес,” вели Groene. Само тоа може да ги доведе луѓето во неповолна положба. Ќе ни дојде идеја. Речиси секогаш е некомплетна и ја запишуваме, наоѓаме табла за пишување и ги повикуваме колегите. Компјутерите најчесто ги користиме во подоцните фази. Но технологијата може да ги засили нашите идеи низ целиот процес. Содржината можеме да ја носиме со нас каде што сакаме да работиме. Секогаш ќе биде таму, безбедна и брза, ” тој објаснува.

Екосистемот на креативниот простор

За да помогнат на организациите да ја забрзаат промената кон креативната работа, Steelcase и Microsoft го ко-развија Creative Spaces, меѓузависен екосистем на простории и технологии дизајнирани за различни креативни процеси, како меѓузависен индивидуален фокус, развивање идеи во пар, раѓање на решение во група, смислување на идеи, како и слободно време за размислување – допуштање на умот да талка. Тоа се места каде што се создава доверба, инспирираат нови начини на размислување и разгоруваат експерименти. Овој збир на осмислени простории ги зближуваат дизајнот и материјалноста без да го загрозат перформансот на креативна работа.

„Иднината ќе се напојува од идеи” вели Ludwig. „Како креираме, се идентификуваме, негуваме и ги правиме идеите видливи – така се креира вредноста. Нашите простории и технологии треба да ни помогнат да решаваме проблеми, не да создаваат одбивност или пречка. Кога спојот на просторот и технологијата вистински ја подржуваат работата на луѓето и вистински ја подржуваат нивната благосостојба – тогаш ние го отстрануваме влечењето на нивните искуства. Тие можат да се сконцентрираат на идеите наместо што не функционира за нив. И како резултат, ќе има повеќе проток на идеи кои ќе поминуваат низ организацијата.”

Екосистемот на креативните простории

Луѓе + место + технологија

За да помогнат на организациите да ја забрзаат промената кон креативната работа, Steelcase и Microsoft го ко-развија Creative Spaces, меѓузависен екосистем на простории и технологии дизајнирани за различни креативни процеси.

Прочитај повеќе

For a better day @ work!
Пријавете се на
Delightful News
и
дознајте ги најновите канцелариски
трендови и решенија

Билтен зачленување