Светот се движи во правец на новото нормално и агилното работно место е поважно од било кога.

Извор: Steelcase.com

Концептот на агилното работно место е меѓу нас веќе неколку години, и се повеќе организации тежнеат кон тоа на вработените да им пружат повеќе флексибилност во канцелариското опкружување. Додека организациите се спремаат за враќање на вработените во канцелариите во фазата „ново нормално„, агилните работни места се поважни од било кога. „Агилниот концепт на работа е пракса која креира флексибилно и продуктивно опкружување пружајќи им на вработените различни постави који можат многу брзо и едноставно да се менуваат и да ги поддржат работните активности.„

Новото нормално и агилната работна пракса

Неодамна објавениот извештај на ХГА насловен „Друштвена поврзаност и иднина на работното место – увид од анкетата „Работи од дома 2020„ има за цел да го преиспита дизајнот на работното место низ призмата на новите искуства, мотивацијата и однесувањето на луѓето.

Извештајот предложува 5 темелни увиди кои можат да помогнат во обликувањето на приказната за еволуцијата на работното место:

-Авторство

-Квалитет

-Заедница

-Членство

-Еластичност

За да разбереме зошто агилното работно место ќе биде клучно за следната нормала, овде ќе се осврнеме на три основни вида на ХГА.

Прв темелен увид е Авторството.

Извештајот тврди дека „луѓето ценат конторла над сопствениот работен ден и вербата во тоа. Загубата на оваа автономија е една од главните грижи при враќањето во канцеларија„.

Некои луѓе велат дека дома се чувствуваат попродуктивно, тоа е поради намалената дистракција, флексибилноста на работното време и околина во која тие работат. Како резултат од тоа, ХГА верува дека луѓето кои се враќаат во канцеларија очекуваат поголем избор на места и можности за работа.

Влезете во агилното работно место

Агилното работно место само по себе им овозможува на луѓето повеќе можности. Тоа поддржува различни видови работни позиции и обврски кои треба да се завршат секој ден; земајќи во обзир дека некои работни обврски бараат одредени поставки.

Како што вработените се враќаат во канцеларија, важно ќе им биде да имаат избор. Организациите ќе имаат корист бидејќи и понатака ќе имаат поголема продуктивност, како и поголем ангажман, соработка и среќа во канцеларија.

Агилното работно место вклучува:

-Заеднички простории

-Тивки и приватни работни простории

-Простории за пауза и lounge зона

-Touchdown подрачја

-Ресурси

Извор: Steelcase.com

Надвор од изборот на работно места

Иако главната предност на агилното работно место е охрабрување на вработениот да си го задржи своето авторство во својот работен ден, постојат и додатни погодности.

Другиот темелен увид кој ХГА го претстави е: квалитетот.

Работата од дома им овозможи на луѓето да прават висококвалитетни паузи. Контролата врз оваа можност е поважна од било кога. Агилните работни места вклучуваат одмори и дневни простории кои на вработените ќе им овозможат да пратат поквалитетни паузи и на работа.

Извештајот откри дека луѓето уживаат во паузите дома, бидејќи тие паузи вклучуваат повеќе од само една шолја кафе, муабет со колегата и проверка на друштвените мрежи„. Ако работното место на луѓето им нуди различни опкружувања, вклучувајќи места за опуштање, благосостојбата на вработените ќе се подобри.

Освен тоа, извештајот откри дека некои луѓе често чувствуваат грижа на совест или се осудуваат бидејќи прават паузи на работа. Создавање на работно опкружување кое поттикнува прекинување во работата за пауза, на организациите може да им помогне при намалување на стресот, тешкотиите и тензиите, а истовремено да ја зголеми довербата меѓу колегите.

Извор: Steelcase.com

Да ја погледнеме и третиот увид; заедницата.

„Луѓето го ценат фокусот и конторлата врз работата од дома, но нивната примарна мотивација за враќање во канцеларија е заедницата.

Резултатите од ХГА добро се вклопуваат со оние кои ги истакнаа некои други скорешни истражувања. На луѓето им недостасува соработката, а тоа е една од главните причини зошто некои вработени сакаат да се вратат во канцеларија.

Улогата на канцеларијата се менува. Тоа веќе не е само место за работа, тоа е место за значајни врски, состаноци и непланирани средби. Опкружувањето на работното место мора да ја поддржува оваа нова улога.

Агилното работно место може да се прилагоди на тоа. Може да помогне при создавање места за поврзување, а истовремено и динамично место за работа.

Како што се повеќе организации се свртуваат кон хибридниот модел кој вклучува работа на далечина и самостојна работа, пружање место кое може да ги охрабри вработените да почувствуваат дека имаат се под контрола ќе биде клучен фактор за деловен успех.

 

 

Овој текст оригинално е објавен од Allwork.

Извор: Workdesign.com

For a better day @ work!
Пријавете се на
Delightful News
и
дознајте ги најновите канцелариски
трендови и решенија

Билтен зачленување