Во денешно време секој поединец се соочува со најразлични видови барања. Од вработените се очекува да бидат побрзи, попаменти и поиновативни; од студентите се очекува да учествуваат во расправи, додека пак од докторите се очекува да помогнат во опоравувањето и обликувањето на искуствата на пациентите. Во исто време, од архитектите и дизајнетите се очекува да создаваат автентични и инспиративни простории кои ќе ја одржуваат културата на компанијата и негуваат нејзинаат изведба.

PolyVision комбинира рамност, трајност и функционалност на површините за пишување CeramicSteel со архитектонски елементи кои резултираат со производи кои се финкционални и ги задоволуваат визуелните очекувања. Долгиот век на траење, високите перформанси и лесното одржување на a3 CeramicSteel допринесуваат за негова функционалност во секое работно опкружување.

Запознајте ја целата линија производи a3 ™ CeramicSteel.

a3 CeramicSteel Motif ™

Како што расте потребата за соработка, на тимовите им е потребно се повеќе функционални протории за работа. Главниот мотив е колаборативниот систем на ѕидните плочи со високи перформанси кои може да се конфигурираат на безброј начини, за неискористените простори да се претворат во места каде тимовите ќе можат заедно да се изразуваат и да ги делат своите идеји. Постоењето на три стандардни големини овозможува флексибилност на системите на различни места, од традиционални поставки, како што се приватните канцеларии и конференциските сали, до иновативни простории во кафетериите, салоните и ходниците.

a3 CeramicSteel Serif

Со својот тенок облик, чисти рабови и заоблени агли, Serif оддава спој на дизајн, материјалност и функционалност во тесните простории за соработка во корпоративните и образовните опкружувања.

Тенко + непречено

Дизајниран да промовира креативност и да ја олеснува тимската работа, Serif е тенок a3 CeramicSteel панел монтиран на потпорна маса обложена во сатенски хром. Прецизно изрезбаните рабови се запечатени со долготрајен лак, додека пак заоблените агли оддаваат врвен и модерен изглед. Панелите можат да се подобрат со дигитално изработени уметнички дела и богато нагласени рабови во различни бои за да се створи единствена површина за пишување.

a3 CeramicSteel Sans ™

Дизајн без рамки. Неограничена соработка.

Елегантен и тенок, a3 CeramicSteel Sans е без рамки и делува како да лебди на ѕидот. Со прецизна резба, запечатени рабови и едноставна вграденост ги отстранува препреките за неограничена инспирација на работното место.

Софистицирано + функционално

A3 CeramicSteel Sans е модерна плоча со традиционална рамка. Имајќи ја на ум функционалноста, мазната површина како стаклото служи како патоказ за комуникација. Со јасен контраст од бои на бели плочи, a3 CeramicSteel нуди читливост која не може да се најде кај други површини. Исто така тој е магнетски, лесно се чисти и е целосно отпорен на оштетување. Всушност, толку е изржлив што има очекуван животен циклус подолг од 50 години.

a3 CeramicSteel Flow ™

Соработувајте слободно!

Важноста на соработувањето никогаш не била поважна, но на луѓето им се потребни прави алати за реализирање на своите идеји. A3 CeramicSteel Flow е врамен систем за пишување која носи неограничена слобода во пишувањето во секој работен простор.

Размислувајте во вертикала

Без вертикални капаци, овој модуларен систем лесно се инсталира и конфигурира, што ја олеснува интеграцијата во било кое опкружување. Од мали простории со два до три панели до големи подрачја за тренирање со пет или повеќе панели, можноста за поставување на истите еден до друг значи дека нема ограничување на ѕидот.

Мазната стаклена површина служи и како високо функционална платформа за безгранична комуникација и дизајнерска функција која естетски може да ја подобри било која околина. Со јасен контаст на бои на бела плоча, а3 CeramicSteel нуди читкост која не може да се најде кај другите површини. Исто така тој е магнетски, лесно се чисти и е целосно отпорен на оштетување. Всушност, толку е изржлив што има очекуван животен циклус подолг од 50 години.

a3 CeramicSteel Workwall

Подобрена соработка

Со заедничка работа се раѓаат иновации. Современите работници соработуваат повеќе од било кога и имаат потреба од места во кои ќе се чувствуваат поддржано. A3 CeramicSteel Workwall дава сигурност во работниот простор од подот до таванот, со што се отстранува потребата од повеќе плочи.

Неограничена покриеност

A3 CeramicSteel Workwall е серија од вертикално наместени плочи споени на ѕид и порабени со истиснување на алуминиум на надворешните рабови. Како бела плоча од подот до таванот, a3 CeramicSteel Workwall може да се добие по нарачка и може да се пресече по димензии на лице место од страна на сертифицирани локални инсталатери. Од помали простории со две до три панели до големи области со пет или повеќе, нема ограничување на ѕидот и има можност за поставување плочи една до друга.

Autor: Steelcase.com

Izvor: https://www.steelcase.com/eu-en/village/news/collaborative-worktools-modern-workspace/

For a better day @ work!
Пријавете се на
Delightful News
и
дознајте ги најновите канцелариски
трендови и решенија

Билтен зачленување