Се повеќе и повеќе компаниите се посветуваат на дизајнирање на дел од своите простории во кафулиња и други неформални места каде што шолјата кафе е повеќе од напиток. Причината е толку едноставна колку што и моќна. Можеме да бидеме во тек со случувањата читајќи на интернет, да учествуваме во дискусии или пак да спроведуваме добар дел од нашиот бизнис без да го напуштиме нашето биро. Но правејќи го тоа ние пропуштаме важни работи кои се нематеријални: квалитети кои ја прават една компанија успешна – лични односи, доверба, тимска работа, како и културата на самата организација – која што се развива лице в лице, тапкање по рамо како потврда за добро завршена работа или пак само разговор заедно со шолја кафе.

„Пијалаците имаат различна улога преку целиот ден. На пример, тие можат да смират, инспирираат или пак да забрзаат. Нашиот ден во просек е обележан од искуството од пијалакот, нудејќи структура и континуитет,” вели Др. Tracy Brower, потпреседател на виталноста во работната средина за MARS DRINKS, оддел кој е 100% фокусиран на работната средина во Mars Incorporated. MARS DRINKS овласти да се направи глобално истражување со 3,800 луѓе, од различни по големина компании и индустрии, за да се воочат факторите кои допринесуваат за успехот на организацијата.

Кафе пауза

Истражувањето дојде до четири столба – соработка, ангажираност, благосостојба и продуктивност. Секако овие столбови се поврзани, и така поврзани тие креираат разнолика и просперитетна средина. „ Откривме дека соработката, ангажираноста и благосостојбата се во корелација со поголема продуктивност. Нивното присуство предизвикува поголема продуктивност. Но, поголемата продуктивност не води кон поголема соработка, ангажираност или благосостојба. Според истражувањето, превисокиот акцент на продуктивноста, до степен на исклучување на соработката, ангажираноста или благосостојбата има негативен ефект на мотивацијата,” вели Др. Brower. Решението е да се обезбедува акцент на сите четири столба и на нивното испреплетеност. Организациите ја примаат оваа пораката и ги менуваат досадните простории за пауза со кафе простории кои инспирираат и барови за освежување кои привлекуваат како и продуктивни места за вработените, клиентите, посетителите и надворешните соработници.

Истражувањето на MARS DRINKS исто така покажува дека на вработените им е важно тие да имаат достапност до кафе и избор од истото. Др. Brower вели дека истражувањето покажува дека 22% од луѓето би ја напуштиле канцеларијата за да дојдат до вкусно кафе ако исто не можат да го најдат во своето работно место. „Помислете само на ефектот врз продуктивноста. Ако луѓето излегуваат, не е само губење на работното време, тоа е пропуштена можност истите да поврзат со своите колеги” искоментира Др. Brower. „Самото искуство на кафе пиењето може да ја придвижи соработката, продуктивноста, благосостојбата и ангажираноста во работата.”

Кафе пауза

Преку своето истражување, MARS DRINKS ги инспирираат луѓето да размислуваат поинаку за својот работен ден – да размислуваат за потенцијалот кој може да го има.

Извор: Mars Drinks

For a better day @ work!
Пријавете се на
Delightful News
и
дознајте ги најновите канцелариски
трендови и решенија

Билтен зачленување