1. Движење

Во денешниот современ свет, нашите прсти вежбаат повеќе отколку кој било друг дел од телото. Толку многу, што може да се помине во седење цел ден со допирање еден уред па друг. Но, дали знаевте дека за време на осумчасовниот работен дена треба да седиме најмногу два часа? Според студијата на Др. Sc. Jack P. Callaghana, беше откриено е дека долгорочна цел на еден вработен треба да биде повеќе време да поминуваат во стоење отколку во седење.

Но, зошто промоцијата на движењето на работното место е толку важна? Па, не само што физичката активност го подобрува нашето држење, туку е и витална состојка за подобрена соработка. Вработените се попродуктивни по прошетките или разговорите со колегите. Овој тип на позитивна интеракција ги надминува негативните чувства на работното место и го подобрува целокупното задоволство. Еден пример е WorkCafe, динамичен простор кој ги поврзува луѓето, нивната работа и самата организација. Таков простор е вклучен во трансформирање на традиционалниот корпоративен простор за социјализација во дестинација за поврзување, соработка, фокус и иновации.

  1. Флексибилен дизајн

Современата работна сила веќе не е статична. Со растот на мобилноста на работниците, флексибилен дизајн е клучен елемент за зголемување на продуктивноста. Еден од најдобрите начини да го вклучите  овој тренд во вашиот канцелариски простор е да изберете флексибилен канцелариски мебел кој е наменет за потребите на вашите вработени и нивната работа. На пример, работни маси кои се претвораат во маси покрај кои се стои, подвижни ѕидови и флексибилни области за соработка. Различни опции за боја и мебел прават продуктивна и инспиративна работна средина.

  1. Здравје

Кога здравјето и добросостојбата на вработените се клучни за дизајнирање канцелариски простор, продуктивноста, среќата и здравјето на вработените сè повеќе се зголемуваат. Покрај промовирањето на поздрав начин на живот со богати хранливи материи и поттикнување на прошетки и разговори, еден од највлијателните фактори е маси со опција за подесување на висина. Со менување на позицијата од седење во стоење и обратно, луѓето имаат повеќе енергија и помалку болки во грбот, што го подобрува нивното држење.

  1. Природа

Поминување на повеќе од осум часа дневно во затворен простор во нас ја елиминира врската со природата. Биофилија, нашиот извор за поврзување со природата, ја зголемува продуктивноста за 15%. Постојат неколку други студии кои покажаа дека растенијата го стимулираат знаењето и го подобруваат нашето целокупно здравје. Нашиот партнер Interface во повеќе колекции на модуларни подни облоги вклучува елементи на биофиличен дизајн за промовирање на благосостојбата и воведувањето на елементите на природата во канцеларискиот простор, истовремено грижејќи се за одржливоста во текот на производниот процес. Интегрирањето на природата на работното место им обезбедува на вработените здрава рамнотежа и атмосфера!

Delight Office Solution

 

For a better day @ work!
Пријавете се на
Delightful News
и
дознајте ги најновите канцелариски
трендови и решенија

Билтен зачленување