Јазикот на дизајнот може да поттикне чувство на топлина на работното место – чувство на добредојде, удобност, доверба, прифакање и благосостојба.
На фотографијата е прикажана Colaesse Massaud фотеља, превземено од Steelcase.com
Како ја промовираме топлината на просторот преку дизајнот
Прифаќањето на топлина во дизајнот на работното место ја рефлектира нашата свест за човечката потреба за поврзаност, како со оние околу нас, така и со околината.Тоа го одразува разбирањето дека луѓето сакаат да работат во средина што негува повеќе димензии – физичка, социјална, емоционална и когнитивна.
Основниот начин на кој работниците се поврзуваат со својата канцеларија е преку чувството на физичка и емоционална удобност: Какво чувство предизвикува мебелот? Каков е просторот? Според Џон Хамилтон, глобален директор за дизајн во Coalesse, деталите за дизајнот играат голема улога во удобноста на работното место.
‘’Кога просторот ја зема во предвид физичката удобност на индивидуата со вметнување на детали во дизајнот, што подразбира како индивидуата го доживува предметот – неговата мекост, закривеност, материјалот и начинот на кој ги допира нашите тела – односот што го градиме со тој простор вреди повеќе.’’-вели Хамилтон.
Покрај тоа, начинот на уредување на просторните концепти може да ја подобри емоционалната удобност кај луѓето, што резултира со нови односи, социјални врски и зголемена доверба.
Топлината во дизајнот создава и чувство на добредојде на работното место – квалитет на едноставност што промовира креативност и продуктивна соработка.Топлите привлечни работни места може да поддржат поединци и тимови помагајќи да се чувствуваат свои и како дома – додека се на работа.
На крај, можеме да инспирираме топлина во дизајнот на канцеларијата слушајќи: Што сакаат луѓето? Како се менуваат нивните потреби? Што може да ги олесни новните идни предизвици? После овие прашања, можеме да одговориме со релевантни решенија насочени кон луѓето – дизајн со значителни визуелни детали, прифатливи пропорции и природни интуитивни опции.
Кога бараме топлина во дизајнот го зголемуваме чувството на поврзаност и благосостојба на работното место.
На фотографијата е прикажана Millbrae Iounge мебел и CG_ 1 маса
Топло светло, пријатен амбиент. Зборувајќи со јазикот на топлина и добродојде, овој простор за собирање содржи Millbrae Iounge мебел за седење и CG_ 1 маса.
На фотографијата е прикажан Lagunitas мебел за седење и SW_ 1 фотеља
Поттикнување интеракција. Кога мебелот е распореден со цел да поттикне дружење, просторниот распоред ги промовира односите и ја подобрува работната култура. Овде прикажаниот простор, кој вклучува гарнитура за седење Lagunitas, го илустрира овој принцип.
Внесете топлина во работните простори со производите од Coalesse асортиманот.
Извор: Coalesse.com