Во светот после корона вирусот емоционалната благосостојба ќе стане многу позначајна од порано.
Без оглед како ќе изгледаат нашите изградени простори во иднина, има потреба да посветиме повеќе внимание како тие ќе влијаат на нашето расположение. Во смисла на биофилниот дизајн и психологија на околината,се поголем е бројот на истражувана како дизајнот на нашето опкружување може да влијае на нашиот вкупен квалитет на зивотот.
Бидејки поголемиот дел од животот го поминуваме во затворен простор, можеме ли да го користиме ова истражуване за да ја поддржиме емоционалната благосостојба?
Криви облици поттикнуваат интрига на природни чувства и подржуваат добросостојба. Фотографија: Perkins + Will (Interface.com)
Што претставува емоционалната благосостојба и како за неа да дизајнираме?
Емоционалната благосостојба може да се дефинира како доживување на чести позитивни емоции, расположение и способност за достигнување на сопствено дефинирани цели. Доживувањето здрави чувства на емоционална благосостојба е поврзано со севкупното подобрување на квалитетот на животот, почеста среќа и дури подобрување на квалитетот на учењето. Со оглед на тоа што 90% од својот живот го поминуваме во затворен простор, важно е да се истражи емоционалната предност која можеме да ја добиеме со дизајнот на нашиот секојдневен простор.
Многу фактори треба да се земат во вид како: сопствени, организациски и културни преференции. Составите како WELL, FitWEL и “the Living Building Challenge” неуморно работат со делотворни пристапи кои подржуваат различна сеопфатна полза. Покрај тоа истражувањата на благосостојбата почесто укажуваат на поттикнување на запомнување, моментални случувања, и благодарни искуства како клучни елементи за поттикнување на емоционалната состојба.
Уклучување на биофилниот дизајн и поврзаноста со природата редовно во тие пристапи се препознава како клучна стратегија на која се потпира емоционалната добросостојба. За подобро да го разбереме биофилниот дизајн како може да влијае на нашата емоционална добросостојба, да погледнеме што се случува ако не живееме во сегашниот момент.
Автопилотот може да биде штетен по нашето здравје
„Се сеќавам на моментот кога др. Малдрена Шапин, една од моите професорки на факултет ја подели идејата да донесеме околу 50.000 одлуки секој пат кога ке влеземе низ врата!
Нашето оддление беше шокирано, но кога критички размислувавме за тоа, изјавата добро се резонира. Едноставниот чин поминување низ врата би можел да уклучи многу прашања и одлуки. Дали е тоа сигурно? Дали сум сигурна? Дали ова е врата? Каде се наоѓа бравата? Што треба да направам за да ја отворам вратата? Треба ли да влезам со лева или со десна нога? Што мислам дека се наоѓа од другата страна на вратата?, итн. Сето тоа се случува во тој момент. „Бонние Цасамассима‘
Да мораме свесно да ги донесуваме овие одлуки најверојатно цел ден би биле екстремно преблокирани. Во нашиот високо стимулиран свет, нашите тела преминуваат во состојба на преживување, не доведуваат во автоматска или автопилотска состојба која при изведување на акциите кои ги знаеме и работиме е се почесто. Според последните студии, скоро половина од својот живот го поминуваме во автопилот. На тоа додадете го дополнителниот стрес на одлуки кои ги донесе глобалната пандемија, а ние потенцијалното ментално и физичко здравје го доведуваме во опасност, а за тоа не сме ни свесни.
Спротивно на тоа, да се биде свесно присутен се поврзува со позитивни учиноци како зголемени невролошки активности, намален стрес, и зголемена среќа. Како почесто можеме да излеземе од аутопилот и почесто да дојдеме во состојба на моментална присутност.
Дневна светлина, природни материјали и великодушен отворен простор создаваат мирно опкружување, истовремено ја поттикнуваат дистанцата на инклузивен начин. Фотографија: © Cameron Campbell/Integrated Studio (Interface.com)
Дизајн со биофилија за емоционална добробит
Кога ке го вклопиме биофилниот дизајн во својата просторија, ги ангажираме своите чувства. Ангажирање на нашите чувства не ослободува од состојба на автопилот и не доведува во сегашниот момент.
Биофилниот дизајн има голема корист за ангажирање на нашите чувства и поддржување на емоционалната добросостојба: намалување на кортизол (маркер реакција на стрес во нашето тело), зголемена љубезност, зголемено ангажирање во тек на учењето и поголема општествена поврзаност. Освен подржување на емоционалната добросостојба, се покажало исто така дека позитивно влијае на финансиската благосостојба на организацијата со зголемување на концентрацијата и продуктивноста.
Шејн Тотен, архитект и директор на делот за итражување + образование во Southfaceu, непрофитен лидер со седиште во Атланта кој поддржува одржливи домови, работни места и заедници,
„Кога употребувате принципи на биофилниот дизајн во изградено опкружување, негувате силни чувства на поврзаност, чувство на ред и сигурност. Размислувајќи за Масловлевата хиерархија на потребата, ако не се чувствувате сигурни не можете да тежнеете кон поголема благосостојба. Биофилијата ни овозможува да се цувствуваме сигурно, поддржано и присутно. Со задоволување на оваа потреба можеме полесно да тежнееме кон поголема благосостојба, среќа и достигнувања.
Иако биофилниот дизајн најуспешно се интегрира низ колаборативни пристапи, разгледајте ги поедноставните истражувачки можности кои ќе ви помогнат да почнете да го користите биофилниот дизајн за поддршка на емоционалната добросостојба.
Различните поставки кои вклучуваат поединечни места за седење овозможуваат избор и контрола на просторот, а истовремено потткнуваат визуелна привлечност и дистанцирање.
1. Дизајнирајте низа решенија кои ќе ги поддржат еволутивните потреби на човекот. На пример, во тек на денот на работното место поминуваме низ четири основни начини на работење: фокус, соработка, учење и социјализација. Уклучувањето еко-составни елементи во целиот простор на луѓето им овозможува чувство на избор и контрола. Оваа независност поддржува зголемување на среќата.
– Различните простори кои осигуруваат неопходно дистанцирање можат да опфатат: мали простори за фокусирање, пространи средишни простори за заедница (кои овозможуваат сигурно заедничко дружење) или полу-приватни простори за состаноци сродни на работните оддели. Оваа варијација поттикнува добросостојба поддржувајќи ги нашите различни стилови на работење и се зближува со еко-системот кој се наоѓа во природата.
2. Дизајнот за клиентите и вработените се интегрира низ отворени и затворени простории кои овозможуваат јасна поделба на просторот, што пружа перспектива и чувство на сигурност. Помали затворени простории како што се столиците во кабините и собите за индивидуален фокус со полупроѕирни врати се примери за места кои пружаат сигурност и удобност.
Потткнете привлечно и чувствително искуство
Воведување на регионални физички елементи, кои не поттикнуваат да застанеме, да се исклучиме од автопилотот, и визуелно да го цениме сегашниот момент. Примерите вклучуваат локално дрво; тепих од различна флора; изложени текстури од тула; ѕидни акустични плочи; и природни влакна кои ја одржуваат текстурата.
2. Интегрирајте интригантни примероци како фрактала, кои предизвикуваат состојба на радозналост, мистичност и истражување. Ова може да ни помогне да се вклучиме во сегашниот момент, негувајќи ја емоционалната благосостојба.