Мускулно-скелетните болести (МСД) се низа пореметувања предизивкани од повторувачки активности, а тоа влијае на коските,крвните садови,мускулите и тетивите. Многу чинители всушност придонесуваат за развој на мускулно-скелетните болести, а еден од главните чинители е токму на работното место. Начинот на кој е уредено вашето работно место може да ви предизвика здравствени проблеми.
Неколку мускулно-скелетни болести и нивни причинители:
Истражувањата покажуваат дека седењето на столиците што не го поддржуваат правилно вашиот грб, всушност го принудува вашиот мускулен систем да ја поддржи вашата структура, што доведува до издигнување на вашиот ‘рбет од нејзината природна форма. Поголемиот дел од работниците го трошат своето време на обврските на своите работни места,а во просек редовниот работен ден трае околу 9 часа. Можете само да ги замислите ефектите и штетите предизвикани на вашиот мускулен систем со текот на времето.
Мускулно-скелетни нарушувања се предизвикани од долготрајна непријатна положба и недостаток на поддршка на телото. Замената на редовни канцелариски работни станици со ергономски канцелариски мебел е корисно во избегнувањето на повредите на мускулите, нервите и тетивите на работното место.
Опсег на вложувања во ергономски мебел
Треба добро да се размисли за секој мал детал за избор на вашиот ергономски канцелариски мебел. На пример, висината на вашата маса, вашето држење додека седите, флексибилноста на движењето околу вашето работно место за да се обезбеди што е можно повеќе минимален напор на вратот, грбот и рамената.
Бидејќи поминувате многу време седејќи, треба да се осигурате дека седечката положба не е напорна за вашиот ‘рбет и ги поддржува мускулите и тетивите. Правилната положба на телото треба да вклучува и распределба на тежината на колковите за да се ослободи непотребниот притисок, коските и зглобовите треба да бидат правилно порамнети и не треба да се притисне позицијата на главата и рамото за да се минимизира болката во вратот. Вашата столица треба да биде прилагодлива на висината и да има главонсалон, раконаслон и потпирач за грбот.
Вашето ергономско работно биро треба да ви овозможи лесно движење. Да се биде во можност да ја прилагодите вашата работна маса е од клучно значење за да се минимизира непријатноста во вашите раце и раменици. Добро дизајнирано биро треба да понуди добра поддршка и удобност. Осигурајте се најчесто користените предмети да ги чувате во непосредна близина и да ја прилагодите вашата работна маса на вашата најпосакувана удобност. Нов тренд, исто така, претставуваат и прилагодливите стоечки бироа за да се намалат ефектите, при што седењето во подолги временски периоди може да ги има врз мускулниот систем.
Екраните на компјутерите исто така треба да бидат прилагодливи за да обезбедат хоризонтална линија на видот и да го приспособат периферниот вид / окото кој придонесува за помали тензии во мускулите на вратот и грбот.
Причини зошто да вложите во ергономски мебел
Ергономскиот мебел е неверојатна инвестиција во здраво и среќно работно место, кое ќе гарантира поголема продуктивност и ефикасност, зголемен фокус и помалку замор на вашиот персонал, помалку повреди на работа и помалку искористени слободни денови. Најважната придобивка е успешен тим кој обезбедува квалитетни резултати за вашиот бизнис.
Ова исто така, ќе го зголеми моралот на вработените и ќе има позитивно влијание врз културата на вашата компанија. Комуницирајте со вашите вработени во насока на тоа дека компанијата се занимава со нивното здравје и инвестира во нивната безбедност и благосостојба.
Здравствените ризици на работното место не треба да се игнорираат. Здравствените ризици во канцеларијата каде што сеуште го користат редовниот мебел се очигледни, инвестирањето во ергономски канцелариски мебел не е само корисно за вашите вработени, туку и за вашиот бизнис како целина.