
Umami Lounge составот е дизајниран за создавање неформални простории кои ја зголемуваат креативноста.
Во скоро сите проекти за канцелариски дизајн просторот за добра соработка во мали групи е ставен на врвот на листата желби. Лидерите знаат дека креативноста цвета, а идеите доаѓаат сами кога луѓето имаат пристап до вистинско опкружување за разговор и тимска работа.
Традиционалната канцеларија – секој на своето работно биро, состаноци ограничени само во конференциски сали – отстапува место на новите стилови кои поддржуваат современ начин на работа. Денешните простории се попривлечни и пофлексибилни, помалку ограничени и пропишани.
Coalesseни дава пет совети за создавање свестрани простории кои ги групираат луѓето во функционални подрачја:
- Започнете со одлично биро: Многу од малите групи гравитираат околу заедничко биро – кое претставува место за добредојде на кое можат да ги остават своите работи или да ги наслонат рацете. Поради тоа дури и во канцелариите од отворен план одлични простории за соработка честопати се дизајнирани околу некое одлично биро. Тоа може да биде или маса за дневен престој, кафе масичка или конференциска маса, која во секој случај ги зближува луѓето.

Coalesse Potrero415 бироата–достапни со кружни, квадратни, правоаголни и заоблени краеви – можат да се прилагодат во која било големина и на кој било простор и распоред.
- Нека биде место за опуштање: инспирацијата често доаѓа со опуштањето. Кога при такви собири се разменуваат информации или се генерираат нови идеи, удобното опкружување може да ги предводи напред. Функционално опуштените простории ги повикуваат колегите заеднички да ги надополнуваат идеите.
- Понудени опции: изборот на простор се разликува од еден до друг човек и од еден до друг состанок. Затоа дајте им на вработените можност за избор. Обезбедете различни простории за соработка, полежерни, како и поформални. Без оглед на просторот, различните опции се пријател на вработените.

Hosu lounge фотељите од асортиманот наCoalesse – за идеална рамнотежа меѓу формалното и неформалното седење
- Поттикнете спонтаност: со оглед на денешната номадска работна сила и колаборативните работни стилови, на луѓето им требаат простории кои поддржуваат импровизирани и брзи состаноци. За заедничките простории и групните канцеларии одберете столици кои лесно се движат. Вметнете неколку табуретки, барски столици или помошни столчиња во близина за брзо и лесно да се сместите. Или размислете за мебел кој може да се конфигурира. Вработените гравитираат кон сеопфатните и прилагодливи простории.

SW_1 столиците – создадени за редефинирање на концептот за заеднички работен простор
- Ставете и техника во миксот: Групите кои треба заедно да работат, не секогаш го имаат тој луксуз да имаат се во една иста просторија. Кога членовите на тимот работат од различни места, техничките можности им помагаат во тоа. Добро дизајнираните групни простории ги имаат на ум техничките потреби на вработените.
Извор: Coalesse.com