Одлуката за изнајмување на деловен простор е една од првите значајни одлуки со која што секој растечки бизнис ќе се сретне порано или подоцна. Не само што е значајна одлука во смисла на трошоци, туку и просторот кој што ќе го изберате е критичен фактор во одржувањето на деловната култура, способноста на вашата компанија да вработува и задржува талентирани работници, како и да се грижи за тоа колку вашиот бизнис тим е задоволен.
Како и со други работи во животот, важно е да се најде рамнотежа. Не е неопходно да се потроши половина од приходот на кирија, но исто така и не е добро да се преселите во безживотно место. Ќе мора да одлучите кои се минималните критериуми потребни на вашиот тим за да ја врши својата работата, а тој минимален стандард ќе биде прифатен од страна на вашите вработени.
Ви зборувам како некој што поминал речиси десет години помагајќи им на компании да најдат соодветни деловни простории, и проучувајќи ги основачите на компаниите: ништо не е изгубено! Постојат многу начини на кои можете да го убедите вашиот тим дека ви треба нов деловен простор.
Вклучете ги членовите на вашиот тим во истражувањето. Нив ќе им се допадне тоа што сакате да го слушнете нивното мислење. Проучете како членовите на вашиот тим сакаат да работат: стоејќи, седејќи, на вреќа за седење или можеби на кауч. Исто така, дознајте кога сакаат највеќе да работат: рано наутро или доцна во вечерните часови.
Преиспитајте што е важно за нив и соберете колку што е можно повеќе податоци, кои што ќе ги вклучите во вашето потрага.
Нека ви помогнат да изберете мебел. Една активност која што ми се чинеше многу корисна беше да му дадам на секој член од тимот 100 долари и да ги однесам во IKEА. Со овие пари нема да можат да купат нешто големо, но довербата и моќта што ќе им ја дадете во таа прилика е непроценлива и ќе ги зближи членовите на вашиот тим. Можеби ќе потрошите малку повеќе, кога на овој трошок ќе ги додадете и другите трошоци, но долгорочно тоа ќе се исплати.
Потрошете еден ден (или една недела) на заедничко уредување на вашата нова канцеларија. Пред да продолжи со работа, компанијата Braintree, им овозможила на сите вработени сами да го наместат својот мебел и да ги постават своите компјутери. Дали е тоа необично? Се разбира! Сепак, вработените биле воодушевени. “Таквите работи го прават животот пошармантен”, изјавил Брајан Џонсон, основачот на компанијата. Добропознатите маси-врати кои што ги користи компанијата Amazon претставуваат уште еден добар пример.
Украсете го просторот заедно. Зошто да не избeрате еден ѕид внатре во канцеларијата, да набавите бои и маркери и да им дозволите на членовите на тимот да го украсат? Членовите на вашиот тим ќе ви бидат благодарни што сте им овозможиле еден ден за подобро меѓусебно да се запознаат, додека работат на заеднички проект.
Поставете прашања. Набавете мала табла и на неа секојдневно пишувајте најразлични прашања. Со вистински прашања ќе добиете интересни одговори што ќе им помогнат на членовите на тимот да најдат работи кои што им се заеднички и да изградат искрени односи во новиот простор.
Дозволете му на секој член од вашиот тим да го персонализира својот простор. Кога ги прашавме испитаниците кој е нивниот омилен дел од канцеларијата, многумина одговорија дека тоа е нивното биро. Ова е нивниот “дом надвор од дома” и тие сакаат да го прилагодат на себе. На пример, Google му овозможува на секој тим да го декорира своето работно опкружување, што им дава на членовите на тимот доза на креативност.
Обезбедете простор за непланирана соработка меѓу вработените. Од случајно среќавање на вработените едни со други па се до непланирани состаноци, целта е да се создадат простори каде што луѓето ќе можат да се состануваат. Како расте вашата компанија, иновациите и соработката стануваат сè поважни, но се покомплицирани. Во компанијата ValueClick, во која што соработката е клучна за успехот, десетици заеднички простори се намерно создадени за тоа да се овозможи.
Имајте на ум дека не се врти се околу просторот. На крајот на краиштата, не е просторот тој што ја создава вашата деловна култура, туку вашите вработени. Иако просторот е физичка манифестација на таа култура, неговата најважна улога е да му помогне на вашиот тим. Добро создаден простор е оној простор кој што ја одразува вашата култруа и во кои што членовите на вашиот тим сакаат да доаѓаат и да ги развиваат своите меѓусебни односи.