Работните места стануваат сè пофлексибилни во однос на работното време, кодексот на облекување и работните придобивки, што значи дека слободното време треба да се користи поефикасно. Во овој контекст е канцелариска кујна, која може и треба да стане многу повеќе од мијалник, чајник и микробранова која има потреба да се исчисти од прашина.

Навистина, многу индустрии инвестираат во канцелариски кујни како начин да ја зголемат продуктивноста, да ги задржат работниците среќни и да проектираат флексибилна и релаксирана слика за брендот. Овој пост ќе оди на некој начин кон објаснување како канцелариите можат поефикасно да се грижат за нивната флексибилна работна сила, со тоа што одново ќе ја дизајнираат канцелариската кујна – на функционален начин што ги одразува потребите на модерниот работник.

Не заборавајте на кујнскиот „триаголник“

Кујнскиот триаголник е основен камен темелник на дизајнот на кујната. Без да се придржувате кон ова едноставно правило, вашата нова кујна наскоро ќе стане хаос, што е најдобро да се избегне, особено во фреквентна канцеларија.

Триаголникот е токму она што звучи – трикратна зона на продуктивност со фрижидер, шпорет и мијалник на секој крај. Важно е овие три витални области да се во непосредна близина. Канцеларискиот кујнски простор треба да биде прилагоден за повеќе членови на тимот што припремаат различни видови на храна во исто време – така, правилото на кујнскиот триаголник е апсолутно неопходно.

Дозволете им на вработените креативност во кујната

Скромниот оброк од микробранова печка е, на многу начини, симбол на фрустрирачката работна култура и рутински ручек. Отстранувањето на микробранови и замена со плоча за готвење или шпорет е стратегија што работните места можат да ја усвојат за да ја направат канцеларијата попријатна и да поттикнат повеќе креативност во кујната.

Тимските оброци би можеле да бидат далеку поевтини ако компанијата купи состојки за да се направи јадењето – и самото готвење може да биде како корисна вежба за градење на тимот. Ова може да биде малку неефикасно ако се прави секој ден, но размислете за заштедите што може да се направат на божиќниот оброк во канцеларија доколку членовите на тимот го припремаат сами!

Алтернативно, персоналот може да се согласи за различен оброк еден ден во неделата, што ќе му овозможи на секој член да се обиде во готвење за целиот тим. Ова би можело да има катастрофални или брилијантни резултати – но сигурно ќе биде нешто преку што колегите ќе се поврзат.

Не заборавајте: Бидете свесни за безбедноста!

Здравјето и безбедноста се најважни на работното место – и треба да се разгледуваат постојано во текот на целиот процес на градење канцелариската кујна. Лоцирајте ја кујната во близина на излез во случај на опасност –  ова исто така ќе биде корисно при проценката на ризикот на објектот.

Покрај тоа, не заборавајте да ги ставите приклучоците подалеку од извори на вода, но на локации кои ќе им бидат корисни на работниците кои ја подготвуваат храната. Ако инсталирате чешма за топла вода, уверете се дека има предупредувачки знаци.

Размислете за ефикасноста

Овозможувањето на креативното изразување не треба да доаѓа по цена на намалена ефикасност – некаде мора да повлечете линија. Правење на сопствени тестенини нека не ве загрижува, поголемиот дел од вработените едноставно ќе ги загреат остатоци од претходниот ден и ќе сакаат да поминат многу пократок дел од паузата за ручек на готвење.

Размислете за купување на неколку микробранови, така што нема да има редица. Исто така внимавајте сите да бидат чисти, бидејќи во спротвно на сите ќе им пречи неисчистената микробранова. Истото важи и за тостерите за брзо подготвување на појадок или закуска. Воедно подобро е да се стави чешма со топла вода отколку сад за топлење на водата.

Ваквите ефективни заштеди ќе ги задоволат вашите вработени, особено оние кои сакаат да работат за време на ручек и да избегнуваат готвење, бидејќи тоа само создава дополнителен стрес.

Направете го просторот друштвен

Премногу често, на канцелариската кујна се гледа како на простор за да се загреат вчерашните остатоци и да се вклучат во мал разговор со колегите. Ова не мора да биде случај, бидејќи некои од најсовремените компании ја гледаат канцелариската кујна како простор за мрежно поврзување и опуштање во текот на работниот ден.

Додавањето на удобни седење и обични масички за кафе заедно со кујнскиот мебел ќе ги поттикне работниците да трошат повеќе време во кујната и да ги решаваат  проблеми со своите колеги и членови на тимот, да се поврзуваат – или само да разговараат за секојдневни теми. Ако не ви пречи да бидете обвинети дека сте клише, пинг-понг маса или фудбалска маса би можеле да бидат популарни додатоци во кујната.

Ова ќе биде особено корисно за вработените кои имаат дежурства за време на кои немале контакт со колегите, бидејќи нема ништо полошо од тоа да се заглавени во непријатна канцеларија со неинспиративна кујна додека повеќето луѓе уживаат во слободното време.

Најважен совет: Задолжително набавете ормар за складирање на храна

Овој проблем е уште посериозен ако вашата канцеларија е во деловен парк далеку од продавницата. Ормари за чување храна се решение кое ќе биде многу популарно кај вашите вработени. Леб, ориз, тестенини и случно можат да стојат покрај чајот и кафето,нешто што има во најмногу канцелариски кујни. Ова не само што ќе ви помогне да избегнете непријатни ситуации за време на ручекот, туку исто така ќе стимулирате здрава култура на исхрана меѓу работниците.

Обновете ја истрошената естетика

Две канцелариски кујни не треба да изгледаат исто, но сепак треба да задржат чист, професионален изглед. Може да го постигнете овој баланс ефикасно со инвестирање во привлечни кујнски плочки – размислете за геометриски марокански дизајн или шах во остри бои – само колку да додадете доза на креативност во просторијата.

Цветните ѕидови и подови можат да вметнат енергија и освежување во вашата канцелариска кујна – корисно е ако имате работници што работат долги смени во текот на кои имаат потреба од малку освежување. Меѓутоа, функционалноста мора да остане клучна, бидејќи тоа во крајна линија ја уредува ефикасноста на работното место и работната среќа – па ако имате можност за екстра микробранови – купете ги, подобро тоа отколку да го обновите декорот.

Вклопете ја кујната во работниот простор

Канцеларии од отворен план кои поттикнуваат креативна соработка треба да се организирани околу кујната. Секако важно е да се разграничи во кој случај ваков отворен план е прикладен а во кој не.

Ако вашата канцеларија е ориентирана кон клиентот, вашата кујна треба да биде ставена подалеку од места каде што работниците и клиентите се состануваат. Така ќе бидете сигурно дека  клиентот кој доцни или дошол во погрешно време, нема да го попречи вашиот вработен на заслужената пауза.

На крајот на краиштата, вашата канцелариска кујна треба точно да ги одразуваат потребите на вашето работно место. Ако ги земете предвид горенаведените размислувања во текот на секоја фаза од процесот, ќе завршите со канцелариска кујна која ќе биде популарна кај вработените и привлечна за клиентите и посетителите.

Извор: https://www.sec-online.co.uk/article/functional-office-kitchen-design

Aвтор: Tiles Direct

For a better day @ work!
Пријавете се на
Delightful News
и
дознајте ги најновите канцелариски
трендови и решенија

Билтен зачленување