Кога размислувате за брендирањето и идентитетот на вашата фирма, типични рамки во кои ви се движи размислувањето се Pantone нијансите, лого на фирмата, интернет страните, визит картиците и генералните маркетинг стратегии. Идентитетот на вашиот бренд кружи околу иновативниот графички дизајн, профилот на друштвените мрежи и досетливите и креативни огласи, зарем не?
Погрешно!
Овие фактори секако дека се важни во целокупниот процес на создавање на добар производ кој ќе се истакне меѓу другите на пазарот. Меѓутоа, Delight ќе ве запознае со драматичниот ефект на канцелариските решенија низ дизајнот на работното место и канцеларискиот мебел, кои влијаат на перцепцијата на вашиот бренд од страна на клиентите, но и вработените.
Опремување на канцеларијата и дизајн на ентериерот: неопеени херои на брендирањето
Исто како што вработениот кој сте го пратиле на конференција важи за главен претставник на вашата компанија, канцеларискиот дизајн и работниот простор имаат моќ да изкажат илјада зборови за етиката на вашиот бренд и идентитет. Работната околина е лицето на вашата фирма, така што е многу важно истата да им одговара на вашите вработени, посетители, клиенти и партнери, за да би се реализирал посакуваниот маркетиншки ефект. Истото важи и кога се работи за финансиска институција која се обидува да се отргне од стереотипот на досадни, неинспиративни фирми или кога се работи за креативна агенција која сака да поттикне соработка и да се пофали со најнова технологија, дизајнот на работниот простор во овој случај игра многу клучна улога.
Под поимот „дизајн на работниот простор и промери поврзани за работното место„ мислиме на:
Стратешко просторно планирање и нацрт на канцеларијата
Структурата на работниот простор за која сте се одлучиле при опремувањето на канцеларијата треба да биде директен резултат на вашиот бренд и неговиот идентитет. Компанијата која се залага за прогресивност, креативност и тимска работа најдобро ќе може да ги одржи тие ставови со помош на отворениот канцелариски дизајн. Од друга страна, за компанија која се занимава со бројни комплицирани процеси и доверливи податоци, најдобро би било да искористи акустични решенија против бучава, прегради за поделба на просторот и приватни канцеларии одделени со врати.
Детали за акустични решенија за максимална ефикасност на работата во отворениот тип на канцеларии можете да погледнете на следниот линк: https://www.delightoffice.mk/акустичност-во-канцеларија/
Еколошки состав на многубројните работни простори
Работната околина е тесно поврзана со нацртот на работното место, и истата поттикнува разновидни начини на работа. Доколку сакате вашиот бренд да се развива прогресивно и како место каде работната сила е мотивирана и продуктивна, тогаш морате да им понудите избор и ниво на контрола врз тоа како, кога и каде ќе се работи. Искомбинирајте се’, од простор за тимска работа и простор за дружење, до простор за опуштање и приватност, со што би создале позитивна слика за вашиот бренд и за инспиративна работна околина.
Како изгледот на вашата канцеларија влијае на вашите вработени? Прочитајте повеќе на следниот линк: https://www.delightoffice.mk/како-изгледот-на-вашата-канцеларија-м/
Нагласување на клучните работи и завршните детали
Кога сте ги разрешиле нацртот, конфигурацијата на работниот простор и самите елементи, време е да размислите за неопходните завршни детали. Разновидните работни објекти, стратешкото бирање на мебелот и технологијата го сочинуваат темелот на идентитетот на вашиот бренд, но боите, ткаенините, посебните додатоци и експериментирањето со трендовите даваат посебна слика за вашиот работен простор.
Како?
Бои:
Боите на компанијата се основа на брендирањето, но тие не мора да се појавуваат само на интеренет страниците, маркетиг материјалот и профилите на социјалните мрежи. Боите на компанијата би требало да бидат вклучени во физичкиот дизајн на работниот простор поради конзистентноста и за вашиот бренд да стане моментално препознатлив за вработените, како и за клиентите.
Ткаенини и завршни детали:
Со толку широк спектар на достапни изработки на ѕидови, ткаенини, подни облоги и градежен материјал, ова е одлична прилика да се заиграте со сликата за вашиот бренд која ја презентирате во работното опкружување. Delight предложува избор на меки ткаенини и топли бои кои можат да им овозможат на вашите вработени да се чувствуваат како дома, преку редефинираниот дизајн на канцеларијата. За возврат, ова ќе поттикне општа благосостојба и добро ментално здравје. Изборот на ѕидови од цигли, бетонски подови и метално осветлување ќе делува попривлечно за младите вработени, а вам ќе ви помогне да ги задржите најдобрите кадри.
Извор: https://penkethgroup.com/knowledge-centre/office-design-can-communicate-brand/
Aвтор: Blogs, Knowledge Centre