Не е тајна дека бојата може да влијае на тоа како се чувствуваме и како ги перцепираме просторите. Со примена на ефективна употреба на психологијата на бои во канцеларискиот дизајн, можеме да создадеме простори кои промовираат различни начини на работа, го намалуваат стресот и им овозможуваат на вработените да се чувствуваат како дома.

Во продолжение ви ги донесуваме најважните совети од целата индустрија за примена на бои во вашата канцеларија.

Вклучување на ефективна психологија на бои

Како што истакнува Форбс, студиите покажаа дека боите не само што го менуваат нашето расположение, туку исто така можат да влијаат на нашето ниво на продуктивност. Изборот на вистинска шема на бои за вашето работно место е од суштинско значење за дизајнирање простори кои поттикнуваат најефикасни начини на работа.

Pantonе-овата боја за 2020 година, Classic Blue, традиционално се доживува како релаксирачка боја, но употребата на различни температури на сината светлина всушност може да влијае на удобноста и енергијата на вработениот. Нијансите на зелена боја ја поттикнуваат будноста и помагаат во борбата против заморот, додека светлите, оптимистички жолти бои традиционално се наоѓаат во креативните работни простори  поради нивниот забележителен инспиративен ефект. Според K2space, клучот за ефективен дизајн е да се осигура дека тимовите за канцелариски дизајн ја разбираат комбинацијата и врската помеѓу големината, наменетата функција и композициските елементи на одреден работен простор. На пример, црвената боја ја поттикнува ефикасноста на работникот, но не треба да се користи на големи отворени простори.

Нека биде еднобојно

Еден од главните дизајнерски трендови кој очекуваме да го видиме оваа година во дизајнот на канцелариите е порастот на монохроматската палета на бои. Dezeen предвидува премин од остриот, скандинавски модерен стил на монохроматски дизајн кон потопла, поразумна динамика што се вклопува во работните места.

Примената на топла палета со слични нијанси е ефикасна алатка за дизајн, особено во помалите канцеларии каде прекумерната боја може да создаде чувство на неорганизираност. Целта на монохроматскиот дизајн треба да биде создавање на хармонична тема што ќе го поврзе просторот со чист, кохезивен изглед.

Ако размислувате да примените монохроматски стил во вашата канцеларија, започнете со избирање на основна боја која  го предствува просторот на кој ќе се примени.

Дефинирајте го просторот со шема на бои

Како што забелешува ArchDaily, бидејќи секоја боја предизвикува различни чувства, искористувањето на овие различни психолошки влијанија може да биде ефикасен начин за “разбивање” на работното место во различни зони. Како што вработените поминуваат се помалку време на своите работни места, а се повеќе време движејќи се низ канцеларијата, работните простории кои ги задоболуваат различните начини на работа се клучни за продуктивност. K2space препорачува усвојување на стратегија која ги раздвојува овие зони со помош на боите. Областите посветени на креативна соработка и социјализација може да користат посветли, поживописни бои за поттикнување на креативноста, додека тивките области за работа и фокусирање треба да имаат повеќе пригушена, релаксирачка палета. Современото работно место е флексибилен и прилагодлив простор, а палетата на бои во канцеларијата треба да го рефлектира тоа. Прочитајте повеќе за монохроматски дизајн, избор на нијанси за палетата на бои во вашата канцеларија и дизајнирање со Pantonе-овата боја на годината на Coalesse блогот.

Извор: Coalesse.com

For a better day @ work!
Пријавете се на
Delightful News
и
дознајте ги најновите канцелариски
трендови и решенија

Билтен зачленување