Трите правила кои можат да помогнат во зачувување на културата во тимот – ги претставува Christopher M. Good, креативен директор на фирмата One Workplace.
Деловниот свет на кој ќе му се вратиме после Корона вирусот, ќе се разликува од оној кој неодамна го оставивме позади себе. Организациите кои некогаш инсистираа дека нивните тимови не може успешно да работат на далечина, одеднаш ќе се уверат дека подолените тимови и работата од дома може да бидат ефикасни и продуктивни начини на работа. Спротивно на тоа, организациите кои долго време промовираа работа на далечина, одеднаш ќе сватат дека работата на луѓето надвор од канцеларија доаѓа со драматични нуспојави.
Осаменоста и губењето на поврзаноста, епидемијата на работните месата која станува се повеќе погубна, веројатно ќе ја прошири и загрози културата на поврзаност на тимовите на многу претпријатија. Како дел од секој голем проблем, секогаш постои и шанса за големи можности. Се разбира, со зголемување на осаменоста и губење на поврзаноста или чувството на припадност, би можеле да ги откриеме чекорите кои секоја организачија може да ги направи за негување на корпорациската култура. Исто така, за возврат би можеле да создадеме и значајни работни простории за враќање на нашите тимови.
Моќта на блискоста
Еден од најважните двигатели на поврзаноста е нашето чувство за блискост. Нашата природна човечка тенденција е да развиваме цврсти меѓучовечки односи со луѓето и предметите кои ни се блиски. Блискоста постои во темелите на секој тим, секоја интимна врска, секоја друштвена врска која ја создаваме. Блискоста е причина зашто вашето физичко работно место толку ви значи.
Пред повеќе од 20 години, поддржав еден проект за креирање на работни места на една од најголемите американски банкарски групи, додека преминуваа во флексибилен модел на работа кој го нарекоа “Иднината на работата”. Тоа беше ран обид за агилна работа и работа на далечина, пред тие концепти да станат општо прифатливи. Овој начин на работа на многу начини беше неверојатно успешен. Вработените се изјасниле за 41% зголемување на задолствата на работното место, 10% намалување на изгубеното време за одвлекување на вниманието и 12% зголемено задоволство од времето кое го имале за концентрација.
Оваа статистика прикажала моќна приказна за предностите од давање избор на вработените за нивното работно искуство. Тие бројки, исто така прикриле и интересни нуспојави. Организацијата била позната по својата напорна работна култура. Членовите на тимот брзо развиле смислени и блиски односи со соработниците до кои седеле секој работен ден. Тие заедно присуствувале на детските роденденски забави и организирале заеднички собири за викенд. Ова не е невообичаено искуство на многу работни места.
Кога тимовите поминаа на моделот “Иднината на работата”, се случиле некои промени. Мислењето кое со мене го сподели раководителот на проектот “Иднина на работата”, поврзано е со тоа што, луѓето престанале да седат до истите луѓе секој ден и како последица на тоа дошло до раскинување на односите, а со тоа и престанок на дружењето и недостаток на секојдневна поврзаност. Луѓето престанале да одат на детски забави и организирано дружење за викенд.
Она што секоја организација го искусила е моќта на блискоста. За жал, тие ја искусиле нејзината негативна страна, што се случува кога силното чувство на поврзаност ќе избледе.
ТРИ ПРАВИЛА ЗА БЛИСКОСТ
Блискоста е емоционален одговор. Еднакво ја активираат нашите хормони и нашите намери. Невротрансмитерите произведени во длабочините на нашиот мозок, како што е окситоцин, влијаат на нашето чувство на доверба, емоционално зближување и поврзаност. Овие автоматски одговори може да се случајни или да се под влијание на намерните работи кои ги правиме во текот на работниот ден – и физички и виртуелно.
За да ја искористите моќта на блискоста во својот тим, без разлика дали работите од дома или од канцеларија, размислете за тоа како би можеле да ги воведете овие три правила:
ПРАВИЛО ЗА БЛИЗИНА
“Колку сте со некој поблиски, толку е поголема веројатноста да развиете одредена поврзаност”. Слично на тоа што го доживеале тимовите на проектот “Иднината на работата”, близината на едни со други води до длабока поврзаност. Споделувањето на ист физички простор (или евентуално виртуелен простор) ги зголемува шансите за развој на различни врски и испреплетување на кутурните влијаниа.
ПРАВИЛО НА ФРЕКВЕНЦИЈА
“Колку повеќе се поврзуваме со некој, врската станува поцврста”. Како што се развиваат врските, така се зголемува фреквенцијата на нашата интеракција во нив. Колку повеќе се гледаме, допираме и дружиме толку таа врска е поотпорна.
ПРАВИЛО НА НАКЛОНОСТ
“Колку повеќе случности имате со некого, врската побрзо ќе се развива”. Ова е можеби најпроблематичното правило, бидејќи претставува ризик за несвесна пристрасност. Во нашата природа е да мислиме само за луѓето и предметите кои најмногу не интересираат. Имаме тенденција брзо да развиваме врски со луѓето и идеите кои ни се најблиски и најприродни за разбирање. Додека ги формираме нашите тимови и работни места, треба да внимаваме да создаваме искуства кои промовираат и поддржуваат разновидни искуства за целата организација, истовремено земајќи ги во предвид сите оние кои не сакаат и не не сакаат.
БЛИСКОСТ НА РАБОТА
За да му помогнеме на нашиот тим да се прилагоди на промените во деловниот свет, сега во овој момент, кога е зголемена работата од далечина – како и после враќање на физичкото работно место – разгледајте ги овие чекори за делување кои ќе ви помогнат да ја раздвижите блискоста помеѓу вашиот тим.
ПОЧНЕТЕ ГО ДЕНОТ ЗАЕДНО СО СВОЈОТ ТИМ
Научете ги лекциите од агилните работни модели и започнете го секој ден со брз групен состанок. Ако работите на далечина, одберете видео повик. Направете го овој состанок задолжителен и тогаш кога тоа и не му е потребно на вашиот тим за извршување на работните задачи. Направете го тоа за да ја осигурате поврзаноста на членовите на вашиот тим. Искористете го тој момент за споделување приказни, разговори и одржете ја комуникацијате на ведро и забавно ниво.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ПРИЈАТЕЛСКИТЕ ЛИЦА
Ако вашиот тим користи видео конференциски повик за соработка – инсистирајте сите да го делат својот видео приказ. Гледајќи се едни со други, читајќи го говорот на нашите тела и присетувајќи се на пријателските лица на нашите соработници, не потсетува на тоа дека нашиот тим е формиран од група на луѓе. Луѓе исти како и ние самите – луѓе што ни се важни и на кои им е важно да го делиме нашиот заеднички успех.
СОЗДАДЕТЕ НАКЛОНОСТ НА ТИМОТ
Размислете за наоѓање на начини на кои тимот ќе ги слави своите заеднички афинитети спрема нештата кои не се поврзани со работата. Направете групи во кои ќе прикажете тематски Spotify плејлисти во текот на работа од далечина и делете ја комуникацијата и содржината со повици на Slack каналите. Основајте читателски клубови (или Netflix клубови, во зависност од тоа што преферира вашиот тим). Заедно вежбајте од дома со помош на апликацијата Nike Training Club. Помогнете му на својот тим да одвои време за заеднички интереси.
РАЗМИСЛЕТЕ ЗА ВАШИОТ РАБОТЕН ПРОСТОР
Додека вашите тимови да почнат да се враќаат во канцеларија, размислете за начините како да ја прославите причината за постоењето на канцелариските простории. Тоа повеќе не е работно место на кое само се седи на стол. Нашето работно место сега мора да биде место за поврзување, со цел да се зајакне културата, делењето наклоност и примената на целото работно искуство, што е многу подобро од тоа што поединечните работни столови некогаш ќе бидат.
Глобалното пореметување предизвикано од вирусот COVID – 19 долго ќе се чувствува, бидејќи влијае на животите на нашите пријатели, семејство, соработници, партнери и купувачи. Да се потсетиме дека нашата човечка заедница е отпорна и независна, што ни овозможува да имаме надеж, без разлика на предизвиците низ кои ќе продолжиме да напредуваме и бараме предности за зајакнување на нашите позитивни човечки односи. За оние кои во ова време водат тимови или им помагаат на организациите да преминат на поголема употреба на работа од далечина – важно е да знаете дека зачестените поврзувања се оние кои градат доверба, ги ускладуваат целите и ја негуваат нашата организациска култура. Со промислен пристап врз влијанието на блискоста можеме да се осигураме дека нашата организациска култура ќе остане силна без оглед каде и како ќе работиме.