Шест стручни совети за најдобро искористување на вашиот канцелариски друштвен простор.

Колаборатини простори или деловите од деловните ентериери наменети за социјализација на вработените, се во срцето на работните простории како и на самите вработени и стануваат се поважни. Овие простории не се повеќе само катче каде се собираат вработените околку некоја маса за да го довршат својот оброк или ужинка на неусогласени парчиња мебел. Со современите просторни решенија може да се користат како модерна кујна, трпезарија, простор за кафе и одмор, за неформални состаноци, како и одвоен простор за кратки обуки, презентации и забава.

Овие простории се идеален начин за охрабрување на друштвена интеракција и слобода на движење кои создаваат динамична и продуктивна работа. Некои од најдобрите идеи доаѓаат надвор од работните места, надвор од салите за состаноци и во опуштени и неформални опкружување каде вработените може да комуницираат поопуштено.

Со овој текст сакаме да ви дадеме шест врвни совети за негово најдобро искористување.

1. Флексибилност

При креирање на колаборативен простор една од најважните работи на кои треба да се посвети внимание е дека тоа мора да биде флексибилен, мултифункционален простор кој лесно може да се адаптира според барањата и потребите на корисниците. Тоа мора да биде средина која ќе ги обедини вработените од сите сектори со цел да се зајакне инклузивната и отворена култура на работното место. 

Ако на вашите вработени им овозможите опуштена, удобна средина, тоа може да ги охрабри на соработка и  да поттикне иновации. Тоа може да им овозможи простор каде што ќе може да одморат пет минути или простор кој ќе биде средиште за креативни деловни решенија. Клучно е да не се ограничува просторот на само една активност.

Steelcase.com

2. Интегрирана технологија

Интегрираната технологија или паметните канцелариски решенија е апсолутен императив за современи колаборативни простори. Можеби изгледа очигледно, но од суштинско значење е да се има добар, моќен wifi. Слабата поврзаност е фрустрирачка, особено во ера кога очекуваме брз пристап. Обезбедете им го на луѓето затоа што го заслужуваат!

Вашиот колаборативен простор треба да биде вмрежен и да има пристап до аудио и визуелна технологија. Тука се работи за најдобро искористување на просторот. Ако имате добро колаборативно окружување без технологија или струја, нема многу да се користи. Да им се даде на луѓето безжичен пристап значи дека тие може многу лесно да ги делат информациите со тимот, но и со клиентите.

Повеќе за паметната технологија на работното место откријте овде.

Artome.com

3. Место

Вашиот колаборативен простор е центарот на вашата заедница, па затоа треба да ги привлекува луѓе да дојдат. Ова нема да се постигне ако имате мала просторија во задниот дел низ лавиринт од бироа. Тоа треба да биде централно место со соодветната површина. Настаните од последните две години дополнително ја зголемија оваа потреба и тоа мора да биде лесно достапно место, со доволно простор за вработените да го посетат и да се чувствуваат подеднакво удобно додека се движат или седат на неформален состанок.

Местото треба да ги има соодветните акустични услови, додека во централниот колаборативен простор може и мора да се слуша вревата. Сè уште е важно да имате акустична атмосфера бидејќи не сакате таа бучава да се пренесува и да ги вознемирува другите кои работат на други локации, за што нудиме акустични решенија и кабини кои се вклопуваат во секој простор и се прилагодуваат на намената.

Framery.com 

4. Вистински канцелариски мебел

Изборот на вистинскиот мебел за колаборативниот простор е императив за да се извлече максимумот од просторот. За да го постигнете вистинското ниво на флексибилност, не може да имате многу големи и тешки столици или да се потпрете премногу на фиксен мебел. Најдобар начин е на тоа да гледате размислиувајќи што е удобно, практично и лесно да се преместува.

Ви препорачуваме да изберете добра комбинација од меки софи, клупи или столчиња. На овој начин ќе се осигурате дека ја имате правилната опција за седење за секое различно сценарио.

Steelcase.com

 

5. Биофиличен дизајн 

Биофилијата опфаќа многу повеќе од само растенија. Таа е во средиштето на начинот на кој луѓето работат. Копнеме за поврзување со природата, така што внесувањето на надворешниот простор во нашите општествени деловни простории може да помогне да се поттикне чувството на смиреност и удобност. Со природно стимулирање на нашите чувства, можеме да уживаме во дополнителните придобивки како зголеменото задоволство, продуктивноста, поврзаноста и креативноста. 

За да го направите ова, добра почетна точка е да имате пристап до природна светлина кога и колку што е можно повеќе. Потоа, додавањето растенијата правилно распоредени само ќе го подобри естетското искуство и ќе помогне да се прочисти воздухот и да се апсорбира звукот. Можете исто така да додадете различни природни материјали и текстури за дополнително да ги подобрите овие придобивки.

Нашиот предлог се специјални подни облоги од колекцијата Interface of Human Nature и биофилни ѕидови од вистински мов.

Interface.com

Delight Office Solutions

 

6. Добро кафе

Добро кафе? Да, добро кафе. Нешто едноставно како обезбедување ресурси за одлично освежување им помага на вашите вработени да почувствуваат дека некој се грижи за нив, тоа е мала работа што прави голема разлика. Ова помага да се олесни разговорот помеѓу луѓето во вашата организација, овозможувајќи подобрена комуникација и соработка … и енергија.

Исто така, помага да се привлечат вработените во канцеларијата, помагајќи им да бидат позадоволни и попродуктивни.

Bolia.com

 

Повеќе начини на кои вашето работно место може да ја подобри благосостојбата на луѓето, пронајдете овде.