Многумина сакаат работа од дома, посебно за време на светска здравствена криза предизвикана од Корона вирусот (Covid-19) и сакаат да се преиспитаат патувањата како средство за намалување на јаглеродните емисии. За некои тоа е редовна пракса, но за многумина тоа е нов начин на работа – и претставува нов предизвик ако се обидувате да работите во мал простор додека целото останато семејство е во домот.
Луѓето истовремено ги откриваат предностите и фрустрациите на работата од дома. Поради нашите различности не постои универзален пристап на работа кој може да ги задоволи сите, но можеме да ги земеме заклучоците од добрите работни простории. Ќе постигнете повеќе и ќе се чувствувате подобро кога ќе ги усогласите технологијата, просторот и начинот на работа. Работата од дома не би требало да биде ништо поразлично од тоа.
Следуваат неколку практични совети со кои можете да го унапредите своето работно искуство од удобноста на вашиот дом.
Примамливо е да се биде постојано “вклучен” кога работите од дома. Некои престојот дома го доживуваат отежнато за целосна усредоточеност и продуктивност, затоа препознавањето на границите може да ви помогне да одржите здрава и продуктивна рамнотежа. Имајте на ум дека секој поединец има различни можности зависно од факторите во неговиот живот или секојдневието. Одлучете секојдневно да го организирате денот и настојувајте да се придржувате до тој утврден распоред.
Ако не сте во близина на вашиот компјутер, обезбедете си друг начин на кој ќе комуницирате со вашиот тим. Дајте му до знаење на тимот кога ќе бидете отсутни и кога се враќате, посебно ако работите во различни временски зони.
Смислете начини на кои ќе ги одржувате односите на еднакво ниво додека работите дома. Размислете за креирање на групен чат за интеракција за време на стресни моменти или едноставно за споделување на интересни мемиња.
Немаат сите работна соба дома, затоа утврдете одреден простор кој ќе ви сигнализира дека тој го користите само кога работите. Договорете се со останатите членови на семејството за протоколот и времето на работата, дури и ако работите надвор од работниот простор кој го утврдивте. Ако имате тенденција за потешко фокусирање покрај одредени барања од вашите домашни, најдете визуелна граница која ќе ве оддели од куќните дистракции. Ако немате можност да ги изолирате звуците со затворање врата, слушалките ќе станат ваш најдобар пријател!
Менувајте ја положбата на своето тело. Најдете различни начини и места на кои ќе ја менувате положбата во текот на целиот ден. Седнете, станете, прошетајте – активирањето на телото го активира и мозокот и овозможува нормално функционирање. Мебелот не секогаш е оптимално дизајниран за работа, затоа пробајте да го избегнете неправилното виткање на вратот и наведнување кон бирото.
Ако вие или некој од вашиот тим ненадејно треба да работи од дома, ќе биде потребно време да се воспостави нов ритам и пракса. Работата од дома звучи доволно едноставно, дури е и посакувана, но кога работите сами со денови или недели, можете да се почувствувате изолирано и да имате потешкотии во поврзувањето со тимот. Кога ќе создадете здрава рутина, ефикасно место за работа и ќе користите технологија за работа и одржување на односите, ќе бидете попродуктивни и ќе се чувствувате поуспешно.
Извор: https://www.steelcase.com/eu-en/research/articles/topics/working-from-home/suddenly-working-home/