Исто како што 11 септември засекогаш го смени патувањето, така и корона вирусот засекогаш ја смени работата. После девет месеци заклучивме дека поединечно можеме да работиме и да бидеме попродуктивни, но еве и неколку прашања: дали организацијата е толку продуктивна и иновативна колку што би требало да биде? Одговорот е се почесто негативен. Иако индивидуалните задачи не страдаат, социјалната врска што ја поттикнува креативноста за соработка и иновативни мисли, опаѓа. Поголемиот број на компании го сменија својот врвен приоритет, од продуктивност кон безбедност на вработените, но време е од издржливост да се помине на отпорност.

Бидејќи,  и понатаму останува работењето од дома, фирмите мораат да смислам како да ја задржат конкурентската предност и тогаш кога нивните вработени се на различни места. Потребни ќе бидат посветени, ускладени напори кои ќе бидат од суштинско значење за компаниите да останат витални.

Еве како ние, како стратези и дизајнери на работните места, ја гледаме иднината:

  1. Хибридниот модел на работа ќе поттикне повторно откривање на работните места.

Работата на далечина ја смени играта и тој дух никогаш нема да се врати. Се проценува дека во иднина 50% од вработените секоја недела ќе работат од дома, а кога ќе дојдат во канцеларија, сите ќе бидат во интеракција со колегите кои работат од дома. Со други зборови, хибридниот модел на работа ќе стане норма.

Хибридниот модел на работа влијае на секој аспект од работењето: на работното место, на управувањето со работната сила, културата на фирмата и уште многу други работи. Како дизајнери истражуваме решенија знаејќи дека секоја работа е единствена;одговорите од лабораториите за животни науки ќе се разликуваат од одговорите на адвокадските друштва, медиумските фирми или финансиските институции. Сепак, постојат некои универзални движења во дизајнот на работните места за кои знаеме дека ќе се случат:

Едноставно прилагодување на работниот простор со Flexпросторнирешенија

Флексибилност: Промената е новото нормално, така што ништо во канцеларијата не смее да биде трајно или фиксно.

Пренамена на работните места во отворен простор: Ги замислуваме тие простори како група на “квартови” или флексибилни простории со подвижен мебел кој корисникот лесно може да го конфигурира, каде што тимовите можат да бидат заедно, но местата не се никому доделени. Во секое “соседство” ќе биде достапна колекција на алатки за различни активности.

Преглед на салите за состаноци со хибридна технологија: Салите за состаноци ќе се користат за големи групи кои соработуваат со соработниците на далечина.

  1. Повеќе не е мандат, работното место мора да стане магнет.

Организациите го учат она што го ценат низ тоа што го изгубиле: оние креативни соработки кои се извор на иновација и кои целосно можат да се разгорат само со непосредна близина. Бидејќи канцеларијата повеќе не е мандат, таа мора да стане магнет – место во кое вработените навистина сакаат да бидат, место за друштвена поврзаност и одлична технологија, место во кое чувствуваат припадност и место каде најдобро можат да ја завршат својата работа.

Флексибилен работен простор со подвижен мебел од Steelcase Flexколекцијата

  1. Процесот на заедничко создавање е новиот чекор на управување со промените

Кога вработените одеа во канцеларија пред пандемијата, имаа свои столици и ги знаеа правилата. Во иднина канцеларијата ќе биде поинаков свет, најверојатно свет кој работи во смени и без доделени или заеднички места. Луѓето се загрижени: Каде седам? Каде се моите колеги? Како ќе работам? За да се совладаат тие стравови, водењето мора да биде насочено кон искуството на вработените.

Elkus Manfredi разработи “чекор-по-чекор” методологија на ангажираност која ја нарекуваме заедничко создавање со цел да се решат сложени предизвици како овој. Тоа не е магија – станува збор за слушање и вклучување. Процесот ги ангажира сите во фирмата, од тимот за достава до извршниот директор, така што дизајнерите не погодуваат што им треба на корисниците, туку се консултираат со нив. Секој вработен е креативен соработник. Прашуваме: “Што ви е потребно за да ја сработите својата работа? Кои се вашите пречки?” Внимателно слушаме и анализираме, така пред да започнеме со скицирање, знаеме кои се вистинските предизвици и можности.

Сетоа тоа е само погодување доколку не прашаме.

Зашто ја користиме оваа постапка? Не само што дава резултати за најефикасните дизајнерски решенија, туку и навистина им овозможува на вработените контрола над нивната судбина. Тоа што се чувствуваат слушнати им овозможува да се ангажираат и да се вложат. Вработените може да се вратат на работното мосто со чувство за сопственост, знаејќи каде е нивното место и како удобно да го користат просторот затоа што имале улога во неговото креирање.

Преглед на асортиманот на  Steelcase Flex

Ако компаниите научија нешто од пандемијата, тоа е дека се може да се смени за неколку недели. Ова не е последната криза со која ќе се соочиме; организациие треба да вградуваат промени во својата ДНК.

Извор: Fastcompany.com

For a better day @ work!
Пријавете се на
Delightful News
и
дознајте ги најновите канцелариски
трендови и решенија

Билтен зачленување