Нашиот безжичен свет покренува интересни прашања за тоа како луѓето работат во модерните канцеларии. Лаптопите, смарт телефоните и таблетите нудат беспрекорна, овозможувајќи на поголем број професионалци да се повлечат на нивните омилени места во кафетериите или дома. Флексибилноста ја поттикна идејата дека работата може да се одвива насекаде.

Но, дали тоа навистина функционира?

Неодамнешната анкета на фирмата Turnstone покажа дека додека 71% од канцелариските работници понекогаш работат на далечина, 72 % од нив го прикажуваат таквиот начин како предизвикувачки. Без разлика дали станува збор за бучна околина, ограничено WiFi, неможноста за печатење на документи или тешкотиите при поврзување со серверите на компанијата, овие проблеми се закануваат да ја попречат продуктивноста и да го намалат ангажирањето на вработените.

Значи, ако постојат вистински пречки кога се работи на далечина, зошто толку многу работници се уште ги избираат своите “омилени места” подалеку од канцеларијата?

Неодамна, истражувањето на Turnstone покажа дека ова е можеби затоа што тие претпочитаат можности кои честопати не им се овозможени на работното место. На пример, при изборот на работната средина 32% од работниците на возраст од 18 до 34 години решаваат да работат во порелаксирани услови, отколку оние кои владеат во традиционалните работни средини. Сепак, ова истражување покажува дека само 25% од експертите имаат такви простори. Од оние среќни работници кои имаат простории за одмор, речиси половината од нив велат дека ги користат за вистинска работа – не само за релаксација или дружење.

Што значи ова за претприемачите кои сакаат да создадат простори за привлекување и задржување на најдобрите работници?

Ова значи дека понудување на можности за избор на опции во канцеларијата е од клучно значење за доброто на вработениот. Покрај истражувањето кое ги поврзува физичката, когнитивната и емоционална благосостојба со ангажираноста на вработените, тие ги поврзуваат ангажманот на вработените со конечните резултати при што не е спорно дека идејата за осмислен работен простор влијае на деловните резултати.

Затоа, Turnstone создаде нови дополнувања на нашата линија на Campfire. Нашата Slim Table маса е дизајнирана да ги зајакне просторите за одмор, додека потпирачот за нозе Footrest ги поддржува нозете и задниот дел на ногата кога се одморате. Slim Table нуди мобилна работна површина која се прилагодува на вас, а не вие да се прилагодувате на вашата работа.

Ако сте подготвени да истражувате со цел да додадете места за релаксација во вашиот деловен простор, ние сме подготвени да ви помогнеме да ја трансформирате вашата канцеларија!

For a better day @ work!
Пријавете се на
Delightful News
и
дознајте ги најновите канцелариски
трендови и решенија

Билтен зачленување