Жолтата боја носи оптимизам, предизвикувајќи чувство на среќа на сите кои влегуваат во вашиот дом. Таа ја активира меморијата, го стимулира нервниот систем, ја поттикнува комуникацијата и предизвикува креативност.
Внимателен избор на нијансите може да го контролира расположението. Пригушена жолта делува неутрално и смирувачки. Сончево жолтата ја носи топлина на летото во вашиот дом. Бледо жолта може да направи мала соба да изгледа визуелно поголема. Широк спектар на жолти нијанси ви обезбедува флексибилност во дизајнирање на соби со пријатна атмосфера и добри вибрации.
Ходниците и собите без прозорци може да имаат корист од силни, заситени нијанси на жолта боја. Изборот на соодветната нијанса создава илузија на светлина. Крем жолти ѕидови и даваат на просторијата топол сјај, создавајќи чувство на удобност, додека пригушените жолти тонови создаваат смирувачки ефект.
Ако имате соба на северната страна и живеете во клима со многу облачни денови, жолта боја ќе додаде светло за вашиот простор, без да го преоптовари.
“Жолтата боја е незгодна,” тврди дизајнерот на ентериери Jennifer Agus од компанијата Agus Interiors. “Тоа е бојата со која се потенцира, но, навистина мора да се биде многу внимателен во изборот на нијанси. За да бидете сигурни дека не е премногу светла или премногу слаба, поиграјте се прво со тест примероци и набљудувајте ја жолтата боја на ѕидовите на вашиот дом во различни фази на дневна светлина.”
Бледа окер и пригушена златна се одличен избор за оние кои сакаат да остават впечаток на безвременост и пристапност. Земјена жолта се совпаѓа идеално со боја на теракота или лаванда, создавајќи атмосфера за одмор и релаксација. Длабока жолта со сив акцент на просторијата и дава печат на софистицираност. Златно жолта, боја на мед е одлично решение за кујна со многу природно дрво, создавајќи гостољубива атмосфера на просторот.
“Ги сакам кујните обоени во топли нијанси на жолта, за разлика од лимон жолта”, вели дизајнерот на ентериери Denna McLaughlin од City Studios. “Потоплите тонови ве тераат да посакате да бидете во таа соба – затоа што тие создаваат чувство на удобност и добредојде.”