Канцеларијата ја забрзува продуктивноста и растот на кариерата. Извор:Steelcase

Кога започна пандемијата бевте продуктивни и ефикасни. Ги влечевте петите (како што велеа нашите баби и дедовци), решително приближувајќи се и принудувајќи се да работите. Но како што поминува времето, се повеќе имате чувство дека се приближувате кон ѕид. Вашата продуктивност веројатно страда, а и вашата кариера би можела да претрпи удар.

Кога ќе ги земете в предвид продуктивноста и својата кариера, знаете дека не се работи само за напорна работа. Односно се работи за тоа да имате намера и да размислувате за некои клучни елементи на својата работа, својот тим и себе со цел да го дадете најдоброто од себе. Освен тоа, иако можеби сакате да работите од својата домашна канцеларија – меѓу останатото, кој несака да носи тренерки, да го избегне патувањето до работа и да работи рамо до рамо со својот домашен влакнест пријател – тоа може да ја намали вашата продуктивност и развојот на вашата кариера.

Постојат начини на кои можете да бидете попродуктивни и стратешки да напредувате во својата кариера – а појавувањето во вашата канцеларија може да биде еден од начините. Кога одлучувате дали сакате да отидете во вашата канцеларија, размислете за природата на работата, својот тим и сопствениот стил – тие ќе ви помогнат да се појавите во канцеларија поради она што е најважно – и да ги поткрепите своите избори базирани на благосостојбата на истражувањето.

Извор: Steelcase.com

ВАШАТА РАБОТА

Сложеноста и притисокот. Новото истражување на универзитетот Мастрихт и универзитетот Еразмо откри: кога луѓето работеле повеќе рутински работи, тековните напори биле задоволителни. Меѓутоа, во ситуациите каде што имало повеќе комплексности, притисок и потреба од брзина, да се биде на самото место е далеку посупериорно. Дел од клучот до продуктивност е истрајноста во работата и свесноста дека на работата која ја извршувате ќе влијае и ситуацијата околку вас. Кога работата е посложена, поинтензивна или бара брзо донесување на одлуки, одберете лично присуство со членовите на својот тим.

ВАШИОТ ТИМ

Вашите колеги. Друга клучна студија во списанитето Лабор Економикс откри позитивно прелевање на ефектите. Студија фокусирана на 656 НБА играчи во текот на четири години откри дека играчите имале силно влијание врз нивниот меѓусебен резултат – зголемување на вкупните резултати во текот на целиот натпревар. Ова е слично на социолошкиот феномен наречен Bandwagon – ефект во кој групната енергија и групната емоција ги инспирираат членовите на тимот – што резултира во зголемена активност. Да се биде заедно со тимот може да ја зголеми вашата продуктивност додека попримате енергија од други, исто така, со вашето присуство и напорна работа, можете и вие позитивно да влијаете на вашите колеги. Сето ова е исто така многу добро за вашата кариера – вашата ефикасност ќе ве направи забележителни.

Разновидност. Можеме да учиме од Дарвин и да ја прифатиме реалноста дека повеќе различности го поттикнуваат развојот на видовите. Истражувањата од Универзитетот во Торонто откриле дека во време кога природните екосистеми имале поголема биолошка разновидност, сите растенија подобро напредувале. Така е и со работните места. За да бидеме најдобри, треба да бидеме поврзани со нови размислувања, различни идеи и со алтернативи на сопственото ехо. Овие врски обично најлесно се воспоставуваат во канцеларија затоа што се овозможуваат спонтани разговори во ходникот и разни дискусии во кафулето.

Извор: Steelcase.com

ВИЕ САМИТЕ

Динамика на работата. Обратете внимание на сопствените преференции, но не претпоставувајте дека тие се статични. Вообичаено премногу се генерализира; “Повеќе сакам да работам сам, затоа барам осаменост за сите задачи”. Или “Сакам луѓе, па колку повеќе сум со другите, тоа подобро”. Всушност, вашата ефикасност и продуктивност ќе бидат испреплетени помеѓу вашите задачи и вашата личност. Прилагодете се на тоа како најдобро работите. За извршување на некои работи, можете навистина подобро да работите сами, а за други, подобро да работите со другите. Но, ова веројатно е комбинација и ќе бидете најпродуктивни – и ќе ги градите вашите стратешки односи – кога ќе обратите внимание на меѓусебната интеракција и во склад со тоа соодветно да ја испланирате вашата работа.

Благосостојба. Ретки се деновите во кои не е објавено истражување за падот на благосостојбата и порастот на депресијата, анксиозноста и менталните проблеми, засновано на социјалната изолација за време на пандемијата. Исто така, студиите покажуваат дека кога луѓето се депресивни, нивната продуктивност опаѓа, а кога нивната депресија поминува, продуктивноста се подобрува. Влегувањето во канцеларија и дружењето со колегите лице в лице, добро е за вашето ментално здравје, а тоа повторно позитивно влијае и на вашата продуктивност.

Социјални односи. Ако сакате да изградите односи кои ќе ви помогнат да се развивате, растете, учите, да ги извршувате задачите и да напредувате во кариерата, најдобро ќе можете ова да го направите лице в лице. Можете и виртуелно да изградите социјални односи, но големи се шансите вашите односи да не бидат така цврсти, а и довербата може да не биде толку голема. Личниот контакт има единствена способност за зацврстување на врските затоа што развиваме поголема блискост со другите, можеме подобро да го читаме говорот на телото и попрецизно да ги толкуваме малите движења. Социјалните односи за возврат може да ви помогнат да бидете попродуктивни затоа што ќе знаете како да работите внатре во структурата.

Ангажман. Истражувањето на здружението за психолошка наука покажа дека ангажманот, задоволството и продуктивноста се поврзани и склони на интеракција. Кога сме повеќе ангажирани сме позадоволни и попродуктивни. Кога сме попродуктивни, најчесто сме повеќе ангажирани и задоволни итн. Ова е уште една причина плус за одење во канцеларија. Полесно е да се собереме и целосно да се ангажираме кога сме присутни во живо. Без проблемите во технологијата или одвелекување на вниманието од домашните, можете да бидете со колегите додека работите на заедничките цели – и во тоа да бидете пропродуктивни.

Фотографијата ја прикажува Massaud Lounge by Coalesse, Извор: Steelcase.com

Работата од дома може да биде прекрасна, но тоа не е лек за сите и можеби ќе можете попродуктивно и подобро да ја развивате својата кариера со одење во канцеларија – барем еден дел од времето. Кога ќе одлучите каде ќе работите, размислете за видот на работата која ќе ја извршувате и дали е сложена или стресна. Исто така, земете ги в предвид своите колеги и енергијата која може да ја дадете и да ја добиете, како и разновидноста на идеите кои може да ви помогнат подобро да размислувате. Конечно, разгледајте ги сопствените работни преференции, благосостојба, социјалните односи и ангажман. Сите овие се корисни гледишта низ кои можете да ја видите својата продуктивност и успех во кариерата – донесувајќи исправни одлуки за тоа каде ќе работите и како можете да имате најголемо влијание.

 

Автор: Tracy Brower

Извор: Forbes.com

 

For a better day @ work!
Пријавете се на
Delightful News
и
дознајте ги најновите канцелариски
трендови и решенија

Билтен зачленување