Делените простори уште во 2018 ги соборија сите рекорди во трендовите, па добро прашање е зошто Delight ги наведува и во написите за 2019. година. Еве зошто – начинот на кој овие простори се развиваат и на кој ќе продолжат да се развиваат во иднина. Традиционално поделените простори популаризирани од страна на модерните Start-up компании, носат повеќе компании под еден кров. Различните субјекти работат одделно и често немаат никаков меѓусебен контакт. Наспроти ова, во новите делени простории ѕидовите заминуваат во историјата, што им овозможува на компаниите да ги делат просторот, ресурсите, а понекогаш и талентите.

Темелните принципи на дизајнот се сведуваат на поттикнување на соработката, креативноста, флексибилноста и промоцијата на иновативните идеи. Отворените канцелариски простори можат да се пофалат со истите тенденции во подрачјето на дизајнот, кое инаку го поврзуваме со огромните корпорации во Силициумската долина. Идејата за технолошкиот инкубатор заживеа токму во таквото опкружување.

Ако на страна ги ставиме новите идеи и континуираната интеракција, сите карактеристики на делениот безграничен простор се дизајнирани така да ги привлечат припадниците на генерација Y. Делените простори се развија надвор од границите на техничкиот сектор, така што сега се интегрираат во компаниите од сите облици и големини. Ова посебно е точно за компаниите кои ги ценат предностите на делениот простор. Таквите простори нудат иновативни можности, зголемување на креативноста, максимално искористување на ресурсите, како и соработка и флексибилност. Со други зборови, делените простори ја претставуваат економијата на поделбата во нејзиниот најрепрезентативен облик. Во продолжение Delight ви ги претставува карактеристиките на делениот простор и најновите колаборативни решенија на компаниите Steelcase и Microsoft.

Карактеристиките на делените простори вклучуваат:

А) канцеларија од отворен план

Б) динамични и повеќенаменски простори за состаноци

В) простории со достапни технолошки ресурси

Г) неконвенционални, креативни простории

Д) многу стакло

Ѓ) билки и зеленило

Е) мобилни ѕидни прегради

Ж) лесен и подвижен мебел

З) многу простор на работната маса (без поделби)

Ѕ) удобни софи и столици

И) кафетерија

Delight ви ја претставува Steelcase Flex колекцијата. Таа им овозможува на тимовите да создадат простори кои можат да се преуредат во зависност од потребите на вработените, создавајќи опкружувања за тимови и поединци кои треба најдобро да работат. Steelcase Flex создава динамични тимски квартови во просторот на отворените канцеларии, овозможува флексибилност и контрола на вработените да го прилагодат својот простор и соодветно да ги задоволат своите променливи активности. Ова им дава слобода на тимовите почесто да го конфифурираат својот простор за да ги задоволат потребите на своите променливи тимски активности, што го олеснува преминот од „браинсторминг’’ на работилница. Дизајнирана со меѓусебна поврзаност и паметни детали, целата збирка делува како едно и им овозможува на тимовите често да го конфигурираат својот простор за само неколку минути. Flex производите ќе бидат достапни во понудата на Delight на почетокот на лето 2019.

Izvor: https://www.ambius.com/blog/office-design-trends-to-watch-out-for-in-2019/

Autor: Zack Sterkenberg

For a better day @ work!
Пријавете се на
Delightful News
и
дознајте ги најновите канцелариски
трендови и решенија

Билтен зачленување